Докажано е дека некои жени можат да доживеат оргазам за време на сексуалниот однос, додека други имаат потреба од стимулација на клиторисот, а клучот за тоа е во структурата на вагината и растојанието на клиторисот од отворот на уринарниот тракт.
Секој има различна теорија за сексот, особено кога станува збор за женскиот оргазам. Едни мислат дека важна е должината на машкиот полов орган, други истакнуваат дека пресудно во врска со тоа е возбуденоста на самата жена.
Како и сè друго во животот, и сексот не е секогаш совршен – се случуваат незгоди, партнерите не можат да се усогласат, имаат различни очекувања од чинот… Но, токму поради ова најважни се искреноста и отвореноста помеѓу партнерите.