Не можеме да стигнеме до дома, а не па до Европска Унија, вака се жалат жителите од скопско Количани и околните села, каде иронично велат, може да стигнете само со тенк или хеликоптер. Со протест и блокади денеска побараа итна санација.
Стотина граѓани денеска протестираа за да се укаже на неопходната потреба за санирање на 40 години неодржуваниот пат кој води од с. Горно Количани преку с. Алдинци до Солунска глава и истиот го користат голем број на граѓани - сите жители на ...