Идентификуван и приведен е уште еден осомничен кој учествувал во финансирањето на терористичкиот напад во „Крокус“, чие апсење ќе бара Истражниот комитет. Ова за ТАСС го соопшти прес-службата на Истражниот комитет на Руската Федерација.
Поднесена е жалба за апсењето на еден од осомничените за нападот на „Крокус“ во Москва во петокот каде загинаа 143 луѓе, а над 300 се повредени. Басманскиот суд во Москва ја прими жалбата на одбраната за апсењето на Аминчон Исломов.
Басманскиот суд во Москва ја прими жалбата на одбраната за апсењето на Аминчон Исломов, обвинет во кривичната постапка за терористичкиот напад во „Крокус сити хол“, соопшти денеска судот. Судот доби жалба на одлуката на Исломов од 25 март 2024 ...
Басманскиот суд во Москва им одреди притвор на вкупно осум обвинети во случајот со терористичкиот напад на концертната сала „Крокус“, за кои истрагата тврди дека се директни извршители на нападот и им се заканува доживотен затвор.
Уапсени се уште тројца осомничени во врска со терористичкиот напад во петокот во Москва, во кој загинаа 137 лица. Браќата Аминчон и Диловар Исломов и нивниот татко Исроил Исломов денеска се појавиле пред судот во Басмани како обвинети за помагање и ...