И челниците на најтрофејниот клуб во Италија сакаат да се продолжи првенството. Јувентус е клубот кој направи неверојатна доминација во италијанската Серија А. Гигантот од Торино последните осум години се радува на шампионската титула во ...
Италијанската Серија А како и останатите првенства во Европа (освен во Белорусија) се прекинати поради пандемијата со коронавирусот. Фудбал во Италија се стопираше во 26. коло, на 12 кола пред крајот.
Дури и во ситуација кога земјата се соочува со повеќе од 100.000 заболени од коронавирусот, но и тендеција за дополнителен раст на бројката, Италија и натаму е загрижена за националната светост – Серија А.
Нема потешко место да креирате успех во Италија од вечниот Рим. Иако се работи за центар на Европа, антички град, преполн со живот и историја, Рим во фудбалска смисла секогаш бил во втор план на северот.