Со редовно вежбање ќе ја отстраните и најмалата шанса за болки во грбот, освен ако тие не се причинети од повреда. Но, доколку веќе ги чувствувате, тогаш овие неколку вежби и истегнувања ќе ви помогнат да ја отстраните напорната болка во грбот.
Болките во грбот се честа појава, а посебно се неспецифични болките во долниот дел од грбот. Овие болки се појавуваат како последица на стрес, недостаток на вежбање, напнатост на мускулите или психолошки проблеми.
Кога имаме болки во коските и зглобовите, или пак кичмата, сите сакаме да легнеме и да одмориме, но тоа е најголемата грешка, советуваат лекарите низ светот. Лежењето само ја отежнува состојбата и ја зголемува болката.