Јавното претпријатие „Водовод“ од Охрид на 23 март годинава склучила договор за Јавна набвака на услуги од агенцијата за привремени вработуавња во висина од 5.000.000 денари без ДДВ. Работата ја добива Приватната агенција за вработување ...
Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид на својот фејсбук профил објави документ во кој се гледа дека ЈП „Водовод“ од Охрид склучил договор со Приватна агенција за вработување ПАВ „АКСИОС-ВАРДАР“ од Гостивар во вредност од 5.000.000,00 денари.
Сашо Донев од ВМРО-ДПМНЕ во свој статус на Фејсбук пишува дека Јавното претпријатие ЈП ВОДОВОД Охрид со над 250 вработени во услови на економска криза и намален обем на работа, троши нови 5 милиони денари за привремени вработувања.