Пеп Гвардиола ова лето би можел да добие засилување од тимот на Мурињо. Ривалството помеѓу двата големи тренери датира уште од времето во Шпанија кога Португалецот и Каталонецот играа еден против друг во „Ел Класико“.
Англиските медиуми јавуваат дека Манчестер Сити се интересира во своите редови да донесе фудбалер на Тотенхем. „Сан“ пренесува дека Пеп Гвардиола му фрлил око на фудбалерот од средниот ред на клубот од Северен Лондн, Хари Винкс.