Фудбалерите на Кит Го ремизираа без голови на вториот пријателски натпревар за време на летните подготовки за новата сезона во Втората лига - Исток. Кит Го денеска на дуелот во Пехчево одигра 0-0 со екипата на Осогово.
Кратовски Силекс славеше против српскиот Трајал Крушевац на пријателскиот натпревар кој се одигра во Пехчево. Кратовци славеа со 1-0 против Трајал со голот на Саше Дуков уште во 4. минута од средбата, а на асистенција на Серафимовски.