Скопје, 23 септември 2020 () – Прекин во водоснабдувањето ќе имаат денеска корисниците на улица Перо Наков и дел од улицата 519. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопштуваат дека прекинот на вода е поради промена на шибер од ф 100мм.
Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска, поради промена на шибер на улицата „Перо Наков“ број 112, прекинато водоснабдување ке има дел од оваа улица и дел од улица „519“.