Стружани на референдумот во јануари годинава се изјаснија дека сакаат и понатаму да живеат во сегашните граници на општината и дека за нив е неприфатлив предлогот за припојување со уште 5 соседни општини, со што би се сменила и етничката карта на Струга во корист на Албанците.
Најава СТРУГА - Советничката група на коалицијата на СДСМ и ЛДП во Советот на Општина Струга едногласно го отфрлаат предлогот за спојување на постојната Општина Струга со општините Велешта, Вевчани, Делогожда, Лабуништа и Луково, што е тема на преговорите со ДУИ.
Шокирани од упорноста на високите кругови на своите партии во игнорирањето на ставот на граѓаните, изразен во референдумот од јануари годинава, кога стружани се изјаснија за опстанок на општината во своите граници, денеска со оштра реакција се јавија советниците на СДСМ и ЛДП во струшкиот Совет.