НЕЗАДОВОЛСТВО ВО ЏЕПЧИШТЕ Регионалниот пат Тетово -Јажинце вчера беше прооден по целата должина, откако во средата, незадоволни од новата територијална организација, жители на општината Џепчиште направија четиричасовна блокада на патот Останувајќи на ставот дека треба да имаат општина, жителите ...
По донесувањето на новиот Закон за територијална организација ТЕТОВО - По донесувањето на новиот Закон за територијална организација, вчера во Џепчиште беше забележлив гневот, разочараноста и незадоволството кај луѓето. Повеќемина соговорници сметаа дека се изманипулирани и измамени.
ЛОКАЛНОТО АЛБАНСКО НАСЕЛЕНИЕ ГО БЛОКИРА ПАТОТ ТЕТОВО-ЈАЖИНЦЕ Жителите од Џепчиште, главно Албанци, се бунат против предлогот нивната општина да се спои со Тетово, а и Камењане одбива да се спои со Боговиње Регионалниот пат Тетово - граничен премин Јажинце кон Косово, вчера беше блокиран од 8 до 12 ...
БЛОКИРАН ПАТОТ ТЕТОВО-ЈАЖИНЦЕ Жителите од општината Џепчиште вчера од 8 до 12 часот го блокираа патниот правец Тетово-Јажинце, со цел да го искажат својот револт од укинувањето на оваа општина и нејзино припојување кон општината Тетово.
Блокада и на регионалниот пат Тетово - Јажинце ТЕТОВО - Регионалниот пат Тетово-Јажинце кај Џепчиште вчера беше блокиран од 8 до 12 часот. На коловозот во непосредна близина на зградата на локалната самоуправа, покрај жители од населбите Џепчиште, Порој и Ѓермо, беа поставени трактори со приколки ...
Жителите на општина Џепчиште, утрово околу 8 часот го блокираа регионалниот пат Тетово – Јажинце. Нивниот револт е резултат на владиниот предлог закон, со кој се укинува општината и се припојува кон Тетово. Според нив таа ги исполнува сите критериуми поставени од Владата за новата територијална ...