Петнаесет лица, од кои 10-мина наводни муслимански бунтовници, беа убиени ноќеска во индискиот дел од покраината Кашмир, каде со приближувањето на втората фаза од регионалните избори закажани за во вторник, растат насилствата.
Индија ШРИНАГАР - Индискиот главен изборен комесар и високи официјални лица вчера се упатија кон Кашмир, поради стравување за дополнително насилство во наредните кругови гласање за државно собрание, изјавија претставници. Повеќе од 460 лица беа убиени од 2 август, кога Индија соопшти дека ќе одржи ...
Индија бара потврда на власта СРИНАГАР - Гласачите во Џаму и Кашмир вчера почнаа со гласањето за избирање ново државно собрание, во услови кога сепаратистичките муслимански герилци се закануваат со ново насилство на изборите, кои Индија сака да ги прикаже како потврда на својата власт.
Првата фаза на регионалните избори со висок ризик почна изутрината во индискиот дел на Кашмир, каде по објавувањето на одржувањето на изборите на втори август досега се убиени 24 политички активисти кои учествуваат во изборниот процес.