ПРЕДЛОГ Министерството за внатрешни работи наскоро ќе излезе со предлог во кој најзначајната измена е во намалување на времетраењето на непрекинатиот престој на територијата на државата од 15 на 10 години како услов за добивање македонско државјанство.
Пратеникот Исмет Рамадани предлага да се скуси рокот за добивање државјанство од 15 на пет години престој КАТИЦА ЧАНГОВА За добивање македонско државјанство во иднина ќе се чека 5 или 10 години, наместо 15 години колку што е постојниот законски цензус.