Немирен ден, полн со инциденти и многу забелешки околу регуларноста на изборите. Вака помина гласањето во шестата ИЕ. За среќа нема сериозно повредени, а институциите ќе имаат полна рака работа за да ги расветлат денешните инциденти.
Демократската унија за интеграција бара прегласување во Тетово и во Сарај, изјави лидерот на партијата Али Ахмети вечерва на прес конференција во седиштето на партијата. „Ние изјавуваме дека резултатите во шестата изборна единица и во општина Сарај се неприфатливи за нас и бараме повторно да се ...
Демократската партија на Албанците води убедливо во сите изборни места, изјави вечерва портпаролот на партијата Адриатик Имери. Според него, ДПА води пред ДУИ со 4:1 во Тетово, 2:1 во Гостивар, 3:1 во Сарај. Имери истакна дека тие во повеќе наврати агитирале до своето членство да не се ...
Демократската партија на Албанците (ДПА) во сите изборни единици убедливо води, изјави вечерва на прес-конференција портпаролот на партијата Адриатик Имери. Тетово, 1 јуни (МИА) - Демократската партија на Албанците (ДПА) во сите изборни единици убедливо води, изјави вечерва на прес-конференција ...
ДУИ не ги признава изборните резултатитe и бара прегласување во општините Тетово, Боговиње, Желино, Брвеница, Јегуновце, Теарце и Сарај. Ова на денешната прес-конференција го истакна шефот на изборниот штаб на партијата Изет Меџити.
Резултатите во шестата изборна единица и Сарај се неприфатливи поради насилството кое се случи, изјави вечерва лидерот на ДУИ Али Ахмети. Тетово, 1 јуни (МИА) - Резултатите во шестата изборна единица и Сарај се неприфатливи поради насилството кое се случи, изјави вечерва лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Тирана Иднината на Албанија и Косово е во ЕУ и НАТО, изјави денеска косовскиот премиер Хашим Тачи за време на денешната посета на Албанија, јави дописникот на Макфакс. На средбата со албанските власти, Тачи се заблагодари за помошта што Албанија ја дава на Косово.
Скопје ДУИ денеска најави кривична пријава за лидерот на ривалската ДПА Мендух Тачи и ги повика надлежните институции да објаснат кој стои зад изборното насилство, во кое имаше убиен и ранети. „Поднесувајќи кривична пријава против Тачи, сакаме да се откријат и да сносат одговорност сите кои го ...
Скопје Причина за неприсуството на новоизбраните пратеници од ДПА на конститутивната седница на Собранието е непризнавањето на изборните резултати од страна на оваа партија. „Демократската партија на Албанците (ДПА) не ги признава изборните резултати“, изјави попладнево за телевизијата Сител, Имер ...
Тетово Демократската партија на Албанците(ДПА) води убедливо во сите изборни места, изјави вечерва портпаролот на партијата Адриатик Имери. Според него, ДПА води пред ривалската Демократска унија за интеграција(ДУИ) со 4:1 во Тетово, 2:1 во Гостивар, 3:1 во Сарај...
Тетово Демократската унија за интеграција (ДУИ) бара прегласување во Тетово и во Сарај, изјави лидерот на партијата Али Ахмети вечерва на прес конференција во седиштето на партијата. Тој ја повика државата да размисли што ќе преземе по големите нерегуларности со гласањето во Тетово и Сарај, за што ...
Во Тетово завчера, за време и по одржувањето на предизборниот митинг на ДУИ, низ целиот град одекнуваа рафални истрели од огнено оружје. Полицијата вчера соопшти дека се регистрирани повеќе инциденти со кои е прекршен јавниот ред и мир.
Ние сме ваши луѓе, во нашата мала соба ја имаме униформата на нашите соборци од ОНА, униформа покриена со крв на загинатите во Косово и овде во Македонија. Тоа е големата разлика меѓу нас и тие што сакаат да владеат со Албанците без легитимитет, затоа што тие во нивните соби ги имаат бундите на ...
Во Европа и НАТО како победници. Тоа е нашата крајна цел. Ние Албанците сме подготвени да придонесеме за мир и сигурност во овој регион. Не сакам да се повтори минатото, рече лидерот на ДУИ на завршниот митинг на скопскиот плоштад.
Нема да штедам ништо, ниту здравјето, ниту мојот живот и имам морално право од вас да барам поддршка, бидејќи сум уверен дека ќе успеам да ги финализирам проблемите од албанското прашање. Вака вечерва во Тетово го финализираше својот говор лидерот на ДПА Мендух Тачи.
Ескалираа серијата инциденти по одржувањето на митингот во Тетово. Различни извори со различни информации за синоќешните случувања. Се започнало попладнето кога жители на Ново Село биле попречени да присуствуваат на митингот на ДУИ од активисти на ДПА.
На само два дена пред изборите, ескалираа инцидентите во тетовскиот регион, а насилниците повторно посилни од законот. Истрели, закани со оружје кон граѓани и полиција, тепачки, грабежи, вербални пресметки. Зад десетина пресметки, кои денеска ги објави полицијата, министерката за внатрешни работи ...
Во Гостивар ќе биде преродбата на ДПА. Тука нема комунисти, тука нема левица. Гостивар секогаш бил про НАТО и про САД. Со овие зборови вчера пред присутните на митингот на ДПА во Гостивар се обрати лидерот на оваа партија Мендух Тачи. Ова е историски момент за Албанците во регионот, потенцираше тој.
ЛИДЕРОТ НА ДПА ЗА БИ-БИ-СИ Лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи најави повлекување од политичката сцена по изборите, за да им отстапи простор на новите лица. "Јас, и доколку победам на изборите, мислам да се симнам од политичките скали", изјави Тачи во интервјуто за ...
КУМАНОВО – „Македонија опстојува на добри меѓуетнички односи. Но, грешката е направена во 2006 година, кога таа основа е разнишана од темел, со одлуката да не се почитува гласот на мнозинството Албанци. Тоа се покажа како многу ризично за стабилноста на државата.
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на завчерашниот митинг во новата спортска сала „Борис Трајковски“ побара граѓаните на 1 јуни гласот да го дадат за партијата што нуди НАТО и европерспектива. „Македонија нема друга алтернатива освен да стане дел од НАТО.
Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, најави повлекување од политичката сцена по изборите, за да им отстапи простор на новите лица. „Јас и доколку победам на изборите, мислам да се симнам од политичките скали“, рече Тачи во интервјуто за Би-Би-Си сервисот на албански јазик, ...
Тачи најмногу зборува за НАТО и ЕУ, додека Ахмети промовира и економска програма Светлана Унковска Членство во НАТО и во ЕУ, реформски процеси, признавање на независноста на Косово, вработувања на Албанците, ова се главно поентите од обраќањата во предизборните кампањи на лидерите на ДУИ и на ДПА, ...
И ако победам на изборите ќе се повлечам од политиката, најави лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во интервјуто за Би-би-си, додавајќи дека треба да им отстапи место на младите политичари зашто завршува времето на транзициските политичари.
Од ИФИМЕС укажуваат дека различните облици притисок и закани, вклучително и актуелната кампања на Ахмети и ДУИ, ја доживуваат како обид за напад на Институтот за да се спречи натамошното делување, особено во Македонија Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) реагира на ...
ДУИ не е партија, затоа што таа никогаш не била опозиција. Со вашиот глас на 1 јуни, ќе им помогнеме и тие да станат вистинска политичка партија. Ова на митингот на ДПА во Скопје го изјави Арбен Џафери, почесниот претседател на ДПА. Тој е задоволен со кадровскиот потенцијал на неговата партија.
ДУИ денеска на прес-конференција потсетија на годишнината од Мајскиот договор, кој како што посочија, бил поздравен од меѓународниот фактор како чекор во правец на деблокирање на институциите и како почеток на политичкиот и меѓуетничкиот дијалог.
Ако ги изгубам изборите, сигурно како морален чин, треба да се повлечам од врвот на партијата, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети, за Би-Би-Си. Тој се закани дека Македонија ќе ја внесе во длабока политичка криза ако и овој пат не се почитува волјата на гласачите при формирањето на новата влада.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе поднесе оставка на функцијата доколку неговата партија не извојува победа на предвремените парламентарни избори. Во интервју за Би-Би-Си тој вели дека оставката ја сфаќа како морален чин при евентуален неуспех на први јуни.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети најави повлекување од лидерската позиција доколку неговата партија ги загуби претстојните парламентарни избори. „Доколку ги изгубам изборите, како морален чин, треба да се повлечам од лидерското место во партијата“, изјави Ахмети за Би-Би-Си.
АХМЕТИ ЗА „ТОП ЧЕНЕЛ“ Али Ахмети, лидер на ДУИ, директно го обвини лидерот на ДПА, Мендух Тачи, дека организирал атентат врз него. Ахмети го изнел обвинувањето во емисијата „Шќип“ на албанската телевизија „Топ ченел“. На 12 мај во тетовското село Раковец беше пукано од пиштол во возилото на Ахмети, ...
ЦРНИ ПРОГНОЗИ ЗА ДЕНОТ НА ИЗБОРИТЕ Не е исклучено на денот на гласањето на предвремените избори во Македонија да се случат оружени инциденти, прогнозира и предупредува Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии ИФИМЕС во последната анализа за текот на изборите во Македонија.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети во телефонска изјава за албанската телевизија Топ ченел за атентатот врз него директно го обвини лидерот на ДПА Мендух Тачи. „Против мене беше пукано, а познати се лицата што го организираа тоа“, рече Ахмети, додавајќи дека атентатот го организирал Тачи заедно со ...
ДУИ нема стратегиски партнери освен народот и нема да се здружува со никого се' додека не се исполнат обврските од Охридскиот договор. Нам не ни требаат куршуми, туку книги, визија и перспективи што ќе не' водат напред, рече претседателот на ДУИ Али Ахмети во Гостивар.
Мендух Тачи и Рефет Елмази се виновни за неуспешниот обид за атентат врз мене, обвини вчера лидерот на ДУИ Али Ахмети. Тој рече дека сите факти зборуваат оти лидерот на ДПА и заменик-министерот во МВР се виновниците. Ја следев ситуацијата, а од нивните изјави произлегува дека атентатот е изведен ...
Благодарни сме им на меѓународната заедница, САД и на НАТО затоа што ни помогнаа во заокружувањето на историскиот проект од Скендер-бег досега. Косово е независно, Албанија е во НАТО и ние ќе одиме во НАТО, порача претседателот на ДПА Мендух Тачи од митингот во Дебар.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера ги обвини Претседателот на ДПА Мендух Тачи и поранешниот заменик министер за внатрешни работи Рефет Елмази дека стојат зад атентатот врз него во селото Раковец. Ахмети е убеден дека Тачи и Елмази се виновниците за атентатот и смета дека е изведен на професионален ...
Доимплементација на Охридскиот Рамковен договор, ревитализација на тетовскиот Универзитет, отворање на универзитетски центар во Струга и инвестирање на три милиона евра за модернизација на струшките болници за поефикасно здравство.
Сите фактори во државата треба на свој грб да ја понесат одговорноста за големите проекти и конечно да се застане на патот на криминалот, рече претседателот на ДУИ Али Ахмети на синоќешниот митинг во Гостивар. „Сите фактори на државата треба заеднички, на свој грб да ја понесат одговорноста за ...
Веќе девет штаба на ДУИ се демолирани, не се слушаат меѓународните апели Светлана Унковска Попусти се укажувањата, предупредувањата, пораките дека, доколку се продолжи со предизборните инциденти, Македонија ќе биде многу подалеку и од НАТО и од Европската унија.
Тачи и министерската Јанкуловска се организатори на обидот за атентат врз Али Ахмети. Лично лидерот на ДУИ токму нив ги обвинува за пукањето што на 12 месецов се случи во тетовско Раковец. Неколку истрели завршија во автомобилот на Ахмети, но тој не беше повреден.
Никој не е совршен. И ДПА има свои грешки, но сепак нашата партија не дозволува да се гази по гробовите на нашите херои, и тоа само за да се задоволи Бранко или Глигоров, рече на синоќешниот митинг во Куманово, лидерот на ДПА Мендух Тачи. Тој додаде дека на 1 јуни се судрува исток и запад.
ДПА е во власта затоа што Груевски ги одбра. Нема да дозволиме уште еднаш да не се почитува гласот на Албанците во Македонија, порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети од синоќешниот митинг во скопско Арачиново. За 18 месеци ништо од ветеното не беше реализирано од претходната Влада.
Според последната анкета на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС), направена на примерок од 1.998 испитаници, владејачката ВМРО-ДПМНЕ е во водство со 29,9 отсто, потоа следува СДСМ, за кој се изјасниле 21,3 отсто од анкетираните, за ДПА - 14,8 и за ДУИ - 6,4 отсто.
Демократската унија за интеграција вчера на прес-конференција обвини дека дел од специјалните единици на полицијата „Алфи“ се под контрола на ДПА, што, според партијата, се докажува со изјавата на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, за тиранскиот весник „Шќип“.
Албанскиот јазик и албанското знаме се компромисот за името и влезот во НАТО, порача лидерот на ДПА Мендух Тачи на завчерашниот собир на ДПА во Кондово. Тој ги повика граѓаните да ја поддржат ДПА бидејќи само таа партија ќе обезбеди влез во НАТО и во ЕУ. По изборите, Албанците ќе бидат дел и од ЕУ.
Ние ветуваме и остваруваме бидејќи немаме никакви хипотеки за разлика од ДПА, изјави на завчерашниот митинг во Дебар лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој порача дека неговата партија категорично се спротивставува на братоубиствените инциденти во текот на изборната кампања.Никогаш не сме поттикнувале ...
Сторители на тешки кривични дела кои полицијата не ги гони секојдневно се со активисти на ДПА. Со ова обвинување денес излегоа од изборниот штаб на ДУИ. Од партијата на Ахмети бараат полицијата да потврди дали документот кој пред некој ден бил оставен пред седиштето на ДУИ во Тетово е автентичен.