TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Полициските единици биле командувани и од Трајковски

Дневник - 16.06.2007

Заштитениот сведок на Обвинителството вчера на продолжението од судењето на Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски во Хаг рече дека во текот на конфликтот во 2001 година, во многу случаи, полициските единици биле ставани под команда на АРМ.

Припадниците на ОНА се криеле меѓу цивилите

Дневник - 15.06.2007

Заштитениот сведок на Хашкото обвинителство на вчерашното продолжение од судењето беше испрашуван за борбите што ги воделе безбедносните сили со ОНА во околината на Ваксинце и Слупчане. Сведокот, чиј псевдоним е М 056, предводел полициска единица во конфликтот во 2001 година.

Полициски инсајдер ги опишуваше акциите во кумановските села во 2001

Утрински - 15.06.2007

Поранешен припадник на специјалните безбедносни сили под псевдонимот М-56 вчера одговараше на прашањата на Обвинителството на судењето против Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски во Хаг. Првпат од почетокот на судењето, сведокот целосно беше заштитен, односно не можеше да се чуе ниту неговиот глас, ...

Во Љуботен се пукало врз полицајците

Дневник - 14.06.2007

Полицискиот припадник што сведочи со скриен идентитет пред Хашкиот суд, на вчерашното продолжение на судскиот процес изјави дека било пукано кон полицискиот пункт познат како „Кинески ѕид“ од три до четири куќи од Љуботен. - Тврдам дека од куќите се пукаше кон нас со автоматски пушки.

Уште еден полициски сведок против Бошкоски и Тарчуловски

Утрински - 13.06.2007

Претходните седум дена во Хашкиот трибунал сведочеа уште три лица повикани од Обвинителството Заштитениот сведок со псевдоним М-053 вчера во судницата на Хашкиот трибунал сведочеше за полициската акција во Љуботен, на процесот против Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски.

Полицаец сведочеше дека Љубе бил во близина на Љуботен

Дневник - 13.06.2007

Сведокот на Обвинителството со заштитен идентитет на вчерашното продолжение на судскиот процес во Хаг, потврди дека на 13 август 2001 година го видел поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски во близина на Љуботен. Сведокот во 2001 година бил полициски припадник.

Побиено сведочењето на уште еден сведок

Дневник - 12.06.2007

Сведокот на Хашкото обвинителство Веби Бајрами, на вчерашното продолжение на судскиот процес против Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски, изјави дека на 13 август 2001 година бил тепан од полицајци на патот од Љуботен до полициската станица во Мирковци.