TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бучковски и Груевски со различни стратегии за изборите

А1 - 28.01.2006

Бучковски и Груевски ги привршуваат работите за официјалниот старт на предизборната кампања, без разлика дали изборите ќе бидат јули или септември. Се гради стратегијата и се договараат коалициите со кои ќе се излезе пред граѓаните. Настапот на Груевски барем засега е традиционален .

Корупцијата мора да има судски епилог

Вечер Прес - 28.01.2006

Оваа година ќе биде клучна за Македонија. Изборите, однесувањето на политичките субјекти, развојот на настаните во врска со случајот "Ел Масри" и исполнувањето на домашните задачи од ави-то на Европската комисија во голема мера ќе ја одредат натамошната судбина на македонските аспирации за членство ...

Тимовите подготвени, неизвесен само изборниот датум

Утрински - 27.01.2006

Познати носителите на изборните листи на власта и на опозицијата за парламентарните избори? Владејачката коалиција од Првата до Шестата изборна единица ќе ја претставуваат Владо Бучковски, Ристо Пенов, Никола Поповски, Радмила Шекеринска, Илинка Митрева и Оливер Спасовски.

Ги кријат спонзорите како змија нозете

Дневник - 27.01.2006

КАКО СЕ ФИНАНСИРААТ ПАРТИИТЕ И КАМПАЊИТЕ Партиите не сакаат да ги објават имињата на фирмите што ги финансираат нивните кампањи, зашто така ќе се откријат најголемите бизнис-врски во државата, тврдат експертите. Според нив, тука лежи најголемата политичка корупција, бидејќи се вратат милиони дадени ...

Датумот за избори не е приоритет

Дневник - 26.01.2006

СПОРЕД ПРЕМИЕРОТ Премиерот Владо Бучковски вели дека мора да се регулира начинот на финансирање на изборните кампањи. - Таа глава недостасува во изборниот законик. Ако овој проблем го регулираме тука, ќе треба да го прифатиме амандманот на ВМРО-НП за одредување на носителот на субјективитет кај ...

Многу кандидати, малку добитни комбинации

Дневник - 26.01.2006

КАДРОВСКИ ИГРИ ЗА ИЗБОРНИТЕ ЛИСТИ Сашо Кокаланов - Татјана Поповска Само за изборната "единица" двете најголеми партиите СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат сигурен "пик" за носител на изборната листа, за сите други допрва ќе има внатрепартиски, а потоа и меѓукоалициски договарања и преговарања.

Бучковски: Исполнувањето на агендата поважно од датумот на изборите!

Утрински - 26.01.2006

Премиерот вчера одговараше на повеќе новинарски прашања Идеално време е во текот на јули или август да се формира новата влада, кога сите се на одмор, а веќе од 1 септември да почне да работи новиот владин кабинет Жаклина Ѓорѓевиќ ВМРО-Народна Ве обвини дека преговарате со ВМРО-ДПМНЕ околу датумот ...

Гласањето в лето, новата влада во септември

Вечер Прес - 26.01.2006

"Владата има попаметни работи отколку да влегува во шемата на опозицијата и да лицитира со датум за избори", вели премиерот Владо Бучковски. Според него, за да се дојде во фаза за разговори за датум, претходно треба да се завршат работите што Македонија ги презеде како обврска од статусот кандидат ...

Тајна се парите за скапите кампањи

Дневник - 25.01.2006

ПАРТИИТЕ САМО СО ДЕКЛАРАТИВНИ ЗАЛОЖБИ Партиите декларативно се согласуваат дека треба да се донесе законско решение со кое тие треба да објават како ја плаќаат изборната кампања и кои им се донатори, но немаат конкретен предлог и чекаат Владата да го направи тоа.

Правилата се бистрат, изборниот датум во магла

Време - 25.01.2006

ПОМИНА ПРВАТА ВЕРЗИЈА НА ЗАКОНИКОТ На работ на кворумот, но со поддршка и од власта и од опозицијата, вчера во Собранието помина првичната верзија на новиот изборен законик. По речиси една недела расправа, пратениците заклучија дека има потреба од нова изборна регулатива и ја задолжија Владата да ...

Пратениците се за чисти партиски и изборни сметки

Утрински - 25.01.2006

Собранието на Македонија ја изгласа првата фаза од изборното законодавство КАТИЦА ЧАНГОВА Пратениците од власта и од опозицијата се залагаат за чисти партиски и изборни сметки. Тие ќе инсистираат на поцврсти и на посилни законски механизми против какви било злоупотреби и манипулации во изборни цели.

Бучковски и Груевски се пазарат за изборните органи

Дневник - 25.01.2006

ВМРО-НАРОДНА ОБВИНУВА ВМРО-Народна бара премиерот и лидер на СДСМ Владо Бучковски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски да престанат да се пазарат и да бијат битка за поделба на влијанието врз изборните органи, како и да не лицитираат со датумот за изборите.

Изборниот законик ја помина првата фаза

А1 - 24.01.2006

И власта и опозицијата гласаа за законот за избори во првата фаза. За ваквото единство образложението е дека има потреба од него. Но, за крајниот производ кој се очекува да биде донесен на почетокот на март, најавуваат предлози на кои жестоко ќе инсистирале да бидат дел од законот.

Мнозинството судии против учеството во изборните органи

Утрински - 24.01.2006

Додека партиите и натаму го ставаат судството во своите комбинации за изборите Судиите рекле дека не сакаат да му бидат алиби на никого и да бидат обележувани како приврзаници на партии од власта или од опозицијата и оти треба да се спречи нивната натамошна политизација Гордана Дувњак Судиите никој ...

Да се казни нелегалното финансирање на кампањите

Дневник - 24.01.2006

Ерван ФУЕРЕ КАЈ АНТИКОРУПЦИСКАТА Нелегалното финансирање на политичките партии, особено на предизборните кампањи мора да се санкционира и да се спречи. Затоа е важно тоа прецизно да се регулира со изборниот законик, а државните органи, меѓународниот фактор и антикорупциската комисија внимателно да ...

ПРАТЕНИЦИТЕ ГО ИЗГЛАСАА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК. ОВА Е САМО ПРВА ФАЗА.

Канал5 - 24.01.2006

Фуере ја помести политичката расправа за изборниот закон- откако јавно се посомнева во финансирањето на изборните кампањи , денеска сите партии се согласија ова да се регулира во новиот изборен закон - да ги откријат донаторите и да објават од каде се парите за скапите кампањи.

Партискиот консензус е гаранција за фер избори

Вечер Прес - 24.01.2006

Сите досегашни разговори за постигнување консензус за изборното законодавство имаат круцијално значење. Го советувавме премиерот да ги ангажира сите политички партии во постигнувањето политички консензус што ќе биде гаранција за фер и демократски избори, но и гаранција дека изборните резултати ќе ...

Фуере бара транспарентност во работата на партиите

А1 - 23.01.2006

Европретставникот Ерван Фуере бара транспарентност во работата на политичките партии, особено во финансирањето на изборните кампањи. По средбата со Антикорупциската комисија, Фуере ја праќа пораката - и на ова поле Европа очекува највисоки стандарди.

Средба на Фуере и на Антикорупциската комисија

Канал5 - 23.01.2006

Како се финансираат скапите изборни кампањи на партиите? Колку од тие пари се валкани и можни ли се чисти избори, какви што бара Европската унија, со нечисти партиски сметки? За ова денеска кај Антикорупциската комисија се интересирал европретставникот Ерван Фуере.