Претседателот на изборниот штаб на ДПА-ПДП во скопско Моране, Рамадани Емини, се опоравува во Градската болница, откако синоќа бил претепан во селото од, како што тврдат во коалицијата, двајца активисти на ДУИ. Според полицијата, Рамадани се здобил со повреди на главата по куса расправија со ...
Го омекнува ли ДПА ставот за бојкотирање на вториот круг од изборите. Можно е претставници од оваа партија да се појават на средбата кај Бучковски, но со свои условувања. Тие денеска во Чаир ги продолжија уличните демонстрации во знак на протест против нерегуларностите за време на изборите.
Математички операции, предвидувања, официјални поддршки, но и неофицијални дилови. Ваков е амбиентот по првиот круг од локалните избори во Охрид. И двајцата кандидати за градоначалник, што од првичните 8 влегоа во вториот круг, Кирил Трендафилов Нанче, од топ менаџментот на Телеком на ВМРО НП, и ...
Протестите на коалицијата ДПА-ПДП, што бара прегласување на првиот круг од локалните избори во местата каде што гласаше албанскиот електорат, денеска продолжија во Струга. Со пароли во стилот „ДУИ, Албанците сакаат да гласаат“, „Глас освоен со масло, брашно и шеќер го потценува дигнитетот на ...
ПРОТЕСТ НА ДПА-ПДП ВО ГОСТИВАР Коалицијата ДПА-ПДП вчера во Гостивар продолжи со протестите на кои бараат да се поништат изборите во општините каде што гласаа Албанците, зашто смета дека имало масовна кражба на гласови од страна на владејачката ДУИ.
ТАКТИКИ ЗА ВТОРИОТ КРУГ Договори за меѓусебна поддршка на кандидатите за градоначалници од опозициските партии, вклучително и од ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-НП, на локалното ниво, во основа веќе се постигнати, со исклучок на Гази Баба, каде што двете партии влегоа во директен конфликт.
Во Гостивар денеска продолжија протестите на опозицијата ДПА-ПДП. Низ улиците на градот продефилираа над илјада Албанци, заедно со партиските врвови на ДПА и ПДП. И покрај вчерашните претпоставки на Бучковски дека опозицијата во албанскиот електорат ќе ги прекине протестите и нема да ги бојкотира ...
Груевски и Георгиевски ќе ги здружат силите во вториот круг. Тоа нема да го сторат со коалиционен договор на централно ниво, туку со инструкции до локалните комитети сами меѓу себе да ги прават договорите во местата каде како противкандидати се луѓето од владеачките партии.
КАНДИДАТОТ НА „ЗАЕДНО“ ОБВИНУВА Членови на ДУИ и ДПА ги наполниле кутиите на шест избирачки места во Брвеница, по што кандидатите на тие партии влегоа во вториот круг на сметка на кандидатот на коалицијата „За Македонија заедно“, тврдат од изборниот штаб на коалицијата.
ВМРО-ДПМНЕ ВО ВТОРИОТ КРУГ ВМРО-ДПМНЕ ги повика своите членови и симпатизери да гласаат за друг опозициски кандидат во сите општини каде што партијата не влегла во вториот круг. Така партијата на Никола Груевски одговори на ултиматумот на ВМРО-народна дека ако понудената рака за соработка не биде ...
ПРОТЕСТИ НА ДПА И НА ПДП ВО ТЕТОВО Повеќе илјади Албанци од Тетово вчера попладне масовно излегоа на тетовските улици за да бараат поништување на првиот круг од локалните избори. Протестите ги организираа опозициските ДПА и ПДП, кои порачаа дека ќе ги бојкотираат изборите ако Државната изборна ...
Опозицискиот блок се мобилизира пред одржувањето на локалните избори за градоначалник на 27 март Георгиевски уште во почетокот од изборната кампања, а потоа и во неколку наврати и понуди рака за соработка на ВМРО-ДПМНЕ, со единствена цел да ги "столчат" социјалдемократите КАТИЦА ЧАНГОВА Груевски и ...
ПРОТЕСТИ ТЕТОВО - "Почнуваме со Тетово, а ќе продолжиме уште во неколку града. Со овие протести сакаме да дадеме до знаење на јавноста и на меѓународната заедница дека локалните избори во првиот круг поминаа во насилно полнење гласачки кутии во атмосфера на страв, безвластие и несигурност на ...
ОПОЗИЦИЈАТА ОБЕДИНЕТА ВО ВТОРИОТ КРУГ ВМРО-ДПМНЕ вчера ги повика своите гласачи гласот да го дадат за кандидатите за градоначалници од другите опозициски партии и за независните кандидати, секаде каде што партијата нема свои кандидати за вториот круг од локалните избори.
ДПА И ПДП ПРОТЕСТИРАА ВО ТЕТОВО Опозициските албански партии бараат да се поништат изборите во сите општини во кои има албански гласачи и да се казнат фалсификаторите Да се поништат изборите во сите општини каде што гласаа Албанци и да се казнат сите што беа вклучени во фалсификувањето на ...
Вчера попладне, опозиционата коалиција ДПА - ПДП протестираше од Градскиот плоштад низ улиците до зградата на Општина Тетово, каде раководствата на двете партии формираа своевиден жив бедем со изразена симболика дека нема да им дозволат на ДУИ да ја освојат градоначалничката позиција во градот под ...
Со протест низ централните градски улици и пред зградата на локалната самоуправа во Тетово коалицијатата ДПА-ПДП ги започна активностите со кои го изразува својот револт поради, според нив, нерегуларниот прв круг од локалните избори.
Во вториот изборен круг за градоначалник на Охрид ќе се натпреваруваат кандидатот од коалицијата „За Македонија заедно“ Александар Петрески и од ВМРО-Народна Кирил Трендафилов. На денешната прес-конференција, Трендафилов истакна дека на 27 март ја очекува поддршката на здружената опозиција, иако за ...
ВМРО-ДПМНЕ денеска ги повика своите членови во вториот круг од изборите да гласаат за кандидатите на опозиционите партии. Иако Ѓорчев ниту еднаш не ги спомена ВМРО-Народна или ДПА во партијата на Груевски велат дека ќе се поддржат и кандидатите кои се предложени од Георгиевски и Џафери.
ДЕНЕСКА ВО ТЕТОВО Коалицијата ДПА и ПДП бара да се поништат изборните резултати во сите општини во кои имаат свои кандидати за градоначалници и за советници. Во спротивно, двете партии ќе го бојкотираат вториот круг на локалните избори.
Адвокатите на ексминистерот ќе поднесат приговор на обвинението од Трибуналот ТЕТОВО - "Во сите општини во Македонија, каде што има политички партии на Албанците, бараме да се повторат изборите од првиот круг. Ако не биде исполнето ова наше барање, ќе ги бојкотираме локалните избори во вториот ...
ДЕНЕСКА ВО ТЕТОВО Демократската партија на Албанците денеска во Тетово ќе организира масовни протести за поништување на првиот изборен круг на локалните избори. ДПА најавува и бојкот на вториот изборен круг доколку Државната изборна комисија не го поништи гласањето во првиот круг.
Првиот круг во Општина Струга заврши катастрофално за партиите од македонскиот блок Партиите од албанскиот блок добија 20 советнички места, македонските седум, а за градоначалник ќе се борат кандидатите на ДУИ и на ДПА-ПДП Симон Илиевски СТРУГА - Во новата Општина Струга Албанците ја добија ...
Државната изборна комисија прексиноќа ги објави вкупните официјални резултати од изборите за нова локална власт КАТИЦА ЧАНГОВА Во првиот круг од гласањето на локалните избори 2005 се избрани 17 градоначалници од вкупно 84 општини.
ВМРО-ДПМНЕ Нема да има втор круг на гласање за избор на градоначалник на Скопје, изјави вчера Александар Бичиклиски, портпарол на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тој не сакаше да одговори дали тоа значи дека Здружената опозиција ќе повика на бојкот на изборите или тоа ќе произлезе од одлуките на ...
ПРВИОТ КРУГ ЈА МЕНУВА ПОЛИТИЧКАТА КАРТА ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи кандидатот за градоначалник на ВМРО-НП во Охрид, а за возврат да добие поддршка за свој кандидат за таа функција во Битола. Ако падне договор за тие два града, не е исклучено тој да биде применет и во другите четириесетина општини во ...
Кај раководството на ВМРО-ДПМНЕ постои отпор за коалицирање со ВМРО-Народна во вториот круг на гласање во општините каде опозицијата ќе се натпреварува со кандидатите на владеачката коалиција, дознаваме од извори на опозициониот блок партии. "Во ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да коалицираат во вториот круг.
Опозициската коалиција ДПА-ПДП најавува бојкот на изборите во вториот круг. Причина за ваквата одлука, како што велат во коалицијата, бил стравот од повторување на сликата од првиот круг - вооружени лица на ДУИ на изборните места, бројни нерегуларности, полнење на кутиите.
ВО ПОСТИЗБОРНА СТРУГА БЕЗ ИЗНЕНАДУВАЊА Рамиз Мерко од ДУИ и Гарип Каба од коалицијата ДПА-ПДП очекувано ја продолжуваат трката за градоначалник на Струга. Според официјалните резултати на ОИК, од вкупно запишаните 52.663 гласачи на гласање излегле 29.055 или 55,17 проценти.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА Втор круг градоначалнички избори ќе има во Гостивар, Кичево, Кочани, Куманово, Тетово, Брвеница, Врапчиште, Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода и во Центар. За Шуто Оризари се уште не се знае бидејќи гласањето е поништено на две гласачки места, соопшти Државната изборна ...
ИЗБОРИТЕ ГИ ЗБЛИЖИЈА ГРУЕВСКИ И ГЕОРГИЕВСКИ Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и на ВМРО-НП деновиве интензивно, но се уште неформално преговараат за меѓусебна поддршка во втор изборен круг, дознава „Време“ од свои извори. Во партиските штабови засега ниту ги потврдуваат ниту ги демантираат овие ...
Изјава на Ермира Мехмети ТЕТОВО - ДУИ сў уште нема решено дали ќе му даде поддршка на Ристо Пенов во Скопје во вториот круг. Портпаролот Ермира Мехмети пред тетовските новинари рече: "Сў уште немаме став. Претседателството наскоро ќе се определува по ова прашање, но имаме информации дека за ...
Во Дебар излегоа најмал процент избирачи ДЕБАР - Одѕивот на гласачите во Дебар е многу низок, можеби најнизок во државата, иако се очекуваше повеќе дебарчани да излезат да гласаат на локалните избори. Од вкупно 16.854 избирачи излегле само 38,91 отсто.
АКО НЕ БИДАТ ПОНИШТЕНИ ИЗБОРИТЕ Ако не бидат поништени изборите во сите места каде што гласаа Албанците, ние ќе организираме масовни протести за да ја вратиме демократијата во изборниот процес, изјави Арбен Џафери, вчера, на прес-конференција во Тетово.
СИЛВАНА БОНЕВА, ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ИШ НА ВМРО-ДПМНЕ - Колкав, според Вас, е бројот на гласовите на здружената опозиција по првиот круг од локалните избори? - Добивме силна поддршка од граѓаните. Во првиот круг освоивме едно градоначалничко место во Градско, а во 42 општини нашите кандидати за ...
Политичките партии на Албанците денеска констатираа дека на изминатите локални избори во Македонија биле забележани поголем број на нерегуларности. Во владеачката ДУИ сметаат дека неправилностите немаат поголемо влијание на изборните резултати.
Во првиот круг на локалните избори избрани се 16 градоначлници, а според обработените резултати од 71 општина, на гласање излегле 872.681 граѓанин со право на глас, односно 57,96 отсто од електоратот, соопшти вчера портапаролот на ДИК Зоран Таневски.
ДИК не ги соопшти резултатите за Скопје. Првични нецелосни податоци само за 71 од вкупно 84 општини На изборите излегле 872.681 гласач или 57,96 проценти. Најголем одѕив е евидентиран во Општина Демир Капија - 87,11 проценти, додека најнизок во Центар Жупа - 37,72 отсто КАТИЦА ЧАНГОВА Државната ...
Куманово КУМАНОВО - Кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ и коалицијата "За° Зоран Дамјановски-Циц на завчерашните избори во најголемата општина во државава доби 12.231 глас, а кандидатот на коалицијата ПДП-ДПА Шенаси Џељадини 7.057 гласа.
Според коалицијата "За македонија заедно" Костовски освоил 104. 903 гласови што е недоволно за победа во првиот круг Коалиција " За" тврдат дека се победници во првиот круг н а изборите бидејќи осволиле 14 градоначалници во првиот круг наспроти еден на здружената опозиција.
Меѓусебни обвинувања за полнење на гласачките кутии во албанскиот политички блок Интегративците се незадоволни што не победиле уште во првиот круг во Струга, Чаир и Тетово Албанските политички партии и од власта и од опозицијата се делумно задоволни од резултатите остварени по првиот круг од ...
Тетово ТЕТОВО - Карактеристика на изборите во Тетовско е релативно малиот одѕив на електоратот, кој во сите општини е помал од 50 отсто. Според аналитичари, никогаш порано не се памети дека интересирањето за изборите бил олку низок.
СПОРЕД АНАЛИТИКАТА НА СДСМ Според првичните информации од СДСМ, градоначалничките кандидати на коалицијата „Заедно“ во првиот изборен круг освоиле вкупно 279.293 гласа, додека за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и на ВМРО-НП гласале 263.827 избирачи.
Охрид ОХРИД - Резултатите од гласањата на локалните избори за Општина Охрид ја потврдија процената на аналитичарите дека во вториот изборен круг ќе се борат кандидатот на коалицијата "За Македонија заедноои, Александар Петревски, и еден од кандидатите на опозицијата, Кирил Трендафилов-Нанче од ...
БЕРОВО Венко ПаШалиски (СДСМ+) Миле ПаЧемски (ВМРО-ДПМНЕ+) БИТОЛА Златко ВрШковски (СДСМ+) Талески Владимир (ВМРО-ДПМНЕ+) БОГДАНЦИ ПетруШев Ѓорге (СДСМ+) Матх Патрик (ВМРО-ДПМНЕ+) ВАЛАНДОВО Васил Зајков (СДСМ+) НиколЧе Чурлиновски (ВМРО-ДПМНЕ+) ВИНИЦА Марјан Костадинов (СДСМ+) Горан Ангелов ...
Република Македонија спроведе фер, регуларни и демократски избори и коалицијата "За Македонија заедно" освои победа над здружената опозиција, а за градоначалник на Град Скопје ќе има втор круг на гласање, е оценката на заедничкиот изборен штаб на СДСМ и ЛДП.
Претседателот на ВМРО-Народна партија Весна Јаневска вечерва му ја честита победата на Трифун Костовски за градоначалник на град Скопје, која се уште официјално не е потврдена од Државната изборна комисија. Според Јаневска, овие избори укажуваат дека граѓаните на Република Македонија се задоволни ...
Тетово не го доби својот нов градоначалник во првиот круг. Според изборниот штаб на ДУИ, нивниот кандидат Хазби Лика води со 3.000 гласови пред Веби Беџети од ДПА-ПДП. Од спротивниот табор пак коментираат, тесна е победата на Лика, само 650 гласови, и тоа благодарејќи што ДУИ ги украла гласови на ...
Ден по локалните избори, власта излезе со оценка дека е победник по првиот круг од гласањето. Во штабот на коалицијата „За Македонија заедно“ пресметале дека тие освоиле 14 градоначалнички места во првиот круг и водат во 31 од вкупно 42-те општини во кои ќе се натпреваруваат во вториот круг.
Државната изборна комисија од 84 општини плус градот Скопје обработи податоци само од 71 општина. Засега се знае дека во првиот изборен круг избрани се вкупно 16 градоначалници. Коалицијата „За Македонија заедно“ победи во 10 општини, Здружената опозиција во една, ДУИ во 3 и коалицијата ДПА-ПДП во ...
ДУИ генерално е задоволна како се одвивал изборниот процес, но жали што и овој пат имало низа неправилности како полнење кутии забележано во Кондово, Сарај, Бојане, Порој и на улица Цетинска во Тетово, изјави доцна вечерва портпаролот на партијата Ермира Мехмети.
Според првичните резултати што доцна синоќа ги објави Државната изборна комисија, по обработени вкупно 28 општини, во првиот круг од локалните избори, избрани се градоначлници во девет општини - Осломеј, Карбинци, Ресен, Зајас, Боговиње, Дебарца, Вранештица, Демир Хисар и Росоман.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва изрази задоволство од резултатите што ги постигна Здружената опозиција на денешните локални избори. „Денеска завршивме добра работа, пред нас е вториот круг во кој ќе го поразиме СДСМ“, рече Груевски.
ВМРО НП е единствениот и вистински победник на вчерашните локални избори, а граѓаните покажале сенс за тоа која е вистинската опозиција, вели в.д претседателката Весна Јаневска. Од таму се сигурни дека на наредните избори партијата ќе ја добие целосната поддршка на граѓаните.