30 годишниот Армстронг станува само петтиот велосипедист во 99 годишната историја на Тур д'Франс, што успеал да оствари вака импресивен дострел, по Жак Анкетил, Еди Меркс, Бернар Ино и Мигуел Индураин, легендите кои се петкратни шампиони на оваа професионална трка.
Американецот Ленс Армстронг ја зголеми на речиси недостижни 7 минути и 17 секунди предноста над најголемиот конкурент Шпанецот Хосеба Белоки на врвот во генералниот пласман. Пред утрешната последна етапа на престижната велосипедска трка, Армстронг победи во хронометарската трка со времето на ...