РАСПРАВА ЗА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК ВМРО-ДПМНЕ смета дека постои таен договор меѓу СДСМ и ВМРО-НП за одложување на изборите, откако завчера беше прифатен амандманот на изборниот законик - претседателот на ДИК да се избира со двотретинско мнозинство.
По прифаќањето на амандманот на ВМРО-Народна, ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотира седницата Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ вчера ја бојкотираа собраниската седница посветена на финалната верзија на изборниот законик, лути поради тоа што власта претходниот ден доцна попладнето неочекувано го прифати амандманот на ...
Опозициските партии ја бојкотираа седницата, а ВМРО-НП - кворумот, па седницата беше непродуктивна Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја доведе во прашање поддршката на изборниот законик ако претседателот на Државната изборна комисија не го предлага опозициската партија што на последните ...
Бучковски во Брисел му вети чуда на Шефер, чудото веќе беше испорачано со газењето на компромисот, обвинуваат денеска од ВМРО-ДПМНЕ, револтирани што Владата го прифати амандманот на Народна, ДИК да се избира со двотретинско мнозинство.
Македонското Собрание расправата по амандманите на Предлог-изборниот законик во рамки на 128-та седница ќе ја продолжи по паузата прогласена на барање на ВМРО-НП. Расправата ќе продолжи во 15 часот, бидејќи паузата ќе биде поврзана со редовната попладневна пауза.
ВО ПАРЛАМЕНТОТ Парламентарците и од власта и од опозицијата не се расположени во новиот изборен законик да постои можност на изборните листи во секоја прва тројка задолжително да има по една жена Пратениците мажи, назависно дали се од парламентарното мнозинство или од опозицијата, се ежат од ...
АКО ПРОДОЛЖИ РАСПРАВАТА Минимални се шансите изборите да се одржат во почетокот на јули, ако расправата за изборниот законик продолжи со досегашното темпо. Затоа во СДСМ веќе се размислува дали да се преговара со ВМРО-НП, чии пратеници се револтирани што на овие избори во изборните тела ќе има и ...
За два дена се разгледани само десет амандмани. Ваквото темпо не ветува брзо завршување на расправата ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Парламентот за два дена амандманска расправа разгледа едвај десет амандмани. Доколку дебатата продолжи со такво темпо, речиси се исклучени шансите изборниот законик да биде ...
ДИК разработува детален план за едукација на службениците КАТИЦА ЧАНГОВА За едуцирање на 18.000 државни и јавни службеници колку што ќе бидат вклучени во општинските изборни комисии и во избирачките одбори (тука не се вклучени 12.000 партиски претставници), се потребни 100 професионални инструктори.
Не тераме расправа од инает, и ние сакаме изборите да се одржат што побрзо, но само со европски закон, вели координаторот Жарко Караџоски Ако пратениците од ВМРО-Народна партија продолжат со долгите дискусии за секој амандман на изборниот законик, нема шанси до јули да има избори, пресметаа ...
Дебатата за изборниот законик денеска повеќе се водеше во канцеларии отколку во собраниската сала. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и нивни колеги од опозицијата, со исклучок на ВМРО Народна, не дојдоа на денешното продолжение на седницата.
Пратениците од ВМРО-Народна ја сменија тактиката за одолговлекување на гласањето на изборниот законик. Караниците и дофрлувањата, карактеристични за првиот ден од расправата, вчера се претворија во долги дискусии на сите од пратеничката група, за секој амандман поединечно.
Втор ден од собраниската расправа за изборниот законик, во кој во исто темпо, говорницата главно резервирана за пратениците на Георгиевски. Народна, како што и најави, ќе ги користи сите методи да ја опструира седницата, незадоволни што и тие не зедоа дел од колачот во избирачките одбори.
НАПНАТА РАСПРАВА ЗА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК Во кавгаџиска атмосфера Собранието вчера ја почна расправата за новата изборна регулатива, поради инсистирањата на ВМРО-НП Владата да образложи зошто суштински го сменила законикот со тоа што овозможила во изборните органи да има партиски претставници.
Подготовките за изборите влегоа во својата завршна фаза Колкава е цената на дилот Бучковски- Груевски, прашува ВМРО-Народна Собраниската дебата за финалната верзија на изборниот законик, како што се очекуваше, вчера стартуваше со жесток напад од ВМРО-Народна, чии пратеници не издејствуваа ...
Владата да каже зошто се премисли во избирачките одбори да има и партиски претставници и зошто тоа да важи само за овие избори, побара Оровчанец од ВМРО-НП Долга и напната дебата за изборниот законик навести ВМРО-НП на вчерашниот прв ден од собраниската расправа за новите правила за избори.
ВМРО НАРОДНА не се предомислува – со долги и опширни дискусии ги брани своите амандмани. – Има и нова тактика – пратениците на Георгиевски излегуваа од собраниската сала пред секое гласање, со што го уриваа кворумот за гласање.
Караници, дофрлувања од место, паузи, директни интервенции кај потпретседателот на Собранието. Пратениците од ВМРО-Народна вчера ги користеа сите деловнички и неделовнички можности да го оневозможат нормалниот старт на седницата за предлог-изборниот законик.
Ги сменија улогите. За уставните измени за судството притискаше ВМРО-ДПМНЕ, сега за изборното законодавство Народна, незадоволни од договорот Бучковски-Груевски, нивните партиски претставници да бидат дел од избирачките одбори.
Пред денешната промоција на изборниот законик на пленарна собраниска седница Јордановски најави дека нема да ги ограничува пратеничките говори, потсетувајќи дека парламентот има лошо искуство со лимитирањето на дискусиите Долги дискусии и исцрпувачка амандманска расправа за новите правила, според ...
Не се знае ставот на Владата, откако заменик-министерот за правда Субхи Јакупи го прифати старото решение, една третина од кандидатите да се жени, независно каде ќе бидат на листите Пратеничките и пратениците во Собранието се скараа за прашањето дали во новиот изборен законик точно ќе се регулира ...
Заглави расправата во собранието уште на стартот од дебатата за изборниот законик. Се дискутираше едвај за само неколку амандмани. Со многу паузи, дофрлања и бурни реакции на пратениците од ВМРО Народна. Заглави расправата во собранието уште на стартот од дебатата за изборниот законик.
Збрка околу учеството на жените на избирачките листи. Да се поправи грешката во новиот изборен законик со кој генерално се предлага фиксни места за понежниот пол на изборите: 30%. Жените пратенички овојпат не гледаа политичка и верска припадност, се здружија.
КВОТИТЕ ВНЕСОА КОНФУЗИЈА Власта, соочена со револтот на пратеничките од различни партии, се повлекува од идејата во новиот изборен закон да го остави старото решение за присуство на жените на кандидатските листи со минимум 30 проценти, без да им се гарантира место во добитните комбинации.
Новиот изборен закон го помина експертскиот филтер. В среда започнува пратеничкото чешлање Давитковски: Направија мала отстапка при разгледувањето на текстот, и одлучија да го толерираат учеството на политичките партии во изборните органи, но само за овие избори, како што беше најавено и од Владата ...
Два дена пред почетокот на дебатата за изборниот законик, власта ги пресметува роковите за избори. Дали несогласувањето на ВМРО Народна, поради договорот на Бучковски и Груевски за избирачките одбори, може да ги одолговлечи трите дена расправа, колку што пресмета премиерот дека се потребни пред да ...