Бачилото на Иснифарис Џемаили не било гранатирано, тврдат за А1 поранешни припадници на армијата. Хеликоптерите на АРМ не дејствувале на 27 јуни 2001 година на Шар Планина. Целиот случај е конструиран, велат нашите извори. Таа област била следена со патролирање на хеликоптерите и тоа со мешан ...
АДВОКАТОТ ШЕХТАНСКИ ОБВИНУВА Јавното правобранителство нема ист аршин за овците и за македонските бранители, изјави вчера адвокатот Ванчо Шехтански. Според Шехтански, јавната правобранителка Зоја Лега не ги штитела државните туку личните интереси.
„БАЧИЛО“ СЕ УШТЕ МИСТЕРИЈА Антикорупциската комисија ќе ги изнесе податоците за случајот „Бачило“ откако ќе изврши непосреден увид во него, изјави вчера Михајло Маневски, претседател на Комисијата. - Засега нема ништо да коментираме затоа што се уште не сме го добиле предметот.
Државната комисија за спречување корупција завчера попладне ја побарала целата документација за случајот „Бачило“ за да утврди како е водена постапката по која државата исплати повеќе од 720.000 евра отштета и камати за бачило гранатирано во конфликтот во 2001 година.
Државата има различен аршин. Некои ќарија од конфликтот, други треба да и плаќаат на државата. Адвокатот Шехтански бара одговорност од правобранителката Зоја Лега Станоевска, која успеа да ги укине пресудите за отштета на бранителите, а овците на Џемаили од Камењане не ни стигнаа до Врховниот суд.
ПО НАЈАВАТА ДЕКА ЌЕ ГО ИСПИТА СКАНДАЛОТ Случајот „Бачило“ е мегаскандал и криминал, а главните актери се високите владејачки структури меѓу кои и премиерот Владо Бучковски, изјави Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната прес-конференција.
Сопственикот пријавил и два различни податоци за денот на гранатирањето на бачилото, меѓу кои има „дупка“ од цели шест месеци Првата пријава за штета во случајот „Бачило“ била за 250, а не за 900 овци, тврдат судски извори запознати со процесот.
Велат, каде има чад, има и оган. Уште не видовме што гори во случајот „Бачило“, но, што и да е, чади. Штипе очи. А засегнатите институции, државни и судски, досега огнот го гаснеа со масло. Владата тврди едно, Врховниот суд друго, Јавното правобранителство, пак, има свое објаснување...
Преплатеното бачило на Џемаили под лупа на Антикорупциската комисија. Од судот попладнево ја побараа речиси целата документација - пресуди, изјави, вештачења. Ги интересира по кои критериуми овците на Џемаили од Камењане се проценети на 727.000 евра.
Тие меѓусебно се препукуваат и се обвинуваат, некои од нив најавуваат клучни реформи и жестока борба со криминалот, за на крајот бесшумно да го завршат мандатот, оставајќи зад себе голем број афери, недоречености и нелогичности.
Немаме добиено барање за вештачење од никој суд и таков предмет нема во нашата евиденција, тврдат во агенцијата „Ексинг“ Ниту локалниот ветеринар ниту агенцијата за вештачење наведена во официјалните владини информации за случајот „Бачило“ не вршеле вештачење во судскиот спор во кој државата ...
ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО ПРЕСЕЧЕ За Јавното правобранителство случајот приватизација на „Фершпед“ е завршен, изјави вчера првата правобранителка Зоја Лега Станоевска. Таа тврди дека постапила согласно со законите и дека за сработеното поднела извештај и до антикорупциската комисија.
ЈАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗОЈА ЛЕГА НЕ ЧУВСТВУВА ВИНА ЗА СЛУЧАЈОТ "БАЧИЛО" Во случајот "бачило" за Јавното правобранителство нема политика, а тоа презело се што е потребно да се заштитат државните интереси Јавниот правобранител Зоја Лега Стојановска вчера ги негираше информациите дека во случајот ...
ЗОЈА ЛЕГА-СТАНОЕВСКА ЗА СЛУЧАЈОТ „БАЧИЛО“ Не чувствувам одговорност за случајот „Бачило“, кој доби непотребни политички димензии, изјави вчера Зоја Лега-Станоевска, јавната правобранителка што беше директно прозвана од премиерот Владо Бучковски за овој случај.
По сомневањата за висината на отштетата од 727.000 евра за рекетираното бачило Според правобранителката Зоја Лега - Станоевска, случајот е непотребно исполитизиран, со што е загрозен угледот на институцијата јавен правобранител, но и угледот на семејството што ја добило отштетата.
Не побаравме заштита на законитоста бидејќи не е утврдена повреда на законитоста, изјави правобранителката Зоја Лега-Станоевска Јавниот обвинител Александар Прчевски ќе провери дали заменик-јавниот обвинител Бардук Кука донесол правилна одлука кога одлучил да ја отфрли иницијативата за покренуваае ...
"Доколку Врховниот суд ги има доказите врз основа на кои е утврдена одговорноста на државата и висината на штетата во случајот Бачило, би донел идентична пресуда какои првостепениот суд", смета јавната правобранителка Зоја Лега-Станојевска.
Зоја Лега конечно се појави. Но не објасни зошто државата без проблем му исплатила 727.000 евра на Џемаили од Камењане. Не чувствува одговорност. За Правобранителката, тоа не е огромна сума за едно бачило. Се било чисто во овој случај.
Случајот „Фершпед“ е завршена работа. Судски спор за поништување на приватизација нема да има. Ова е дефинитивната одлука на Јавното правобранителство. Ја соопшти лично Лега. По една година молк пред јавноста, првиот човек на институцијата задолжена да го штити државниот имот изјави дека нема основ ...
Седумстотини илјади евра во случајот „Бачило“ за уништени 929 овци, 31 коњ, 4 ждребиња, над 81.илјада килограми сирење и 2720 канти се исплатени од сметката на Министерството за одбрана по законито водена судска постапка во која се направени три вештачења, соопшти денеска Јавниот правобранител Зоја ...