Полицијата поднела кривична пријава за тешки дела против општата сигурност против скопјанецот Никола П. (34), осомничен дека пукал и ги ранил својата едногодишна ќерка и сестрата на поранешната сопруга, во понеделникот во населбата Капиштец.
ДРАМА ВО СКОПСКИ КАПИШТЕЦ Бранислав Закев Триесет и четиригодишен скопјанец со истрели од пиштол ги ранил својата тригодишна ќерка и нејзината тетка, завчера во нејзиниот стан во скопската населба Капиштец. За среќа, раните не биле фатални по животот на тригодишното девојче и неговата тетка.
Скопјанецот Никола П. (34), осомничен дека пукал и ги ранил својата едногодишна ќерка и сестрата на поранешната сопруга, завчера во населбата Капиштец, бил уапсен вчераутро во близина на Бит-пазар во Скопје, соопшти МВР. Во МВР велат дека се' уште се работи на случајот и дека не се познати мотивите ...
Скопјанец пукал и ги ранил својата тригодишна ќерка и сестрата на поранешната сопруга, револтиран бидејќи го напуштила, вчера во скопската населба Капиштец, соопшти МВР. Ранетите се надвор од животна опасност, а пиштолџијата, неофицијално, поранешен припадник на „лавовите“ избегал.
Семејна драма во скопски Капиштец, татко пукал во својата 1-годишна ќерка и во 30-годишната сестра на неговата сопруга. Девојчето го погодил во вратот, а нејзината тетка во надколеницата. По пукањето веднаш побегнал. Неофицијално, пред крвавиот настан скопјанецот Н.П.