НА ГРОБИШТАТА ВО СЕЛОТО ДОЛНО ЛИСИЧЕ Вчера на гробиштата во скопското село Долно Лисиче со сите почести беше погребан 24-годишниот полицаец Игор Драганов, кој пред два дена беше убиен од заседа на непозната вооружена група кај Танушевци. Тага и неизмерна болка вчера го обвија селото Лисиче.
Безбедносната состојба останува непроменета и нема индикатори за нејзино нарушување, оцени министерката за внатрешни работи Јанкулоска Заседата кај Танушевци, во која еден полицаец загина, а двајца беа повредени, е терористички акт, оценија истражните органи, и со таа формулација ќе биде и ...
Виновниците треба да бидат изведени пред лицето на правдата порача вчера евроамбасадорот Ерван Фуере „Виновниците за инцидентот кај Танушевци во кој еден полицаец го загуби животот, а двајца се ранети треба да бидат изведени пред лицето на правдата“, порача вчера евроамбасадорот Ерван Фуере.
Тешко повредениот полицаец Трајчо Ристов од Пробиштип е ставен на апарати за дишење Загинатиот полицаец Игор Драганов вчера беше погребан со највисоки полициски почести на гробиштата во Долно Лисиче ГОРАН АДАМОВСКИ Со највисоки полициски почести вчера на гробиштата во скопското село Долно Лисиче ...
Местото каде што биле нападнати полицајците е далеку од овде и не знаме зошто велат дека се случило во Танушевци, се жалат жителите Ова го направиле лоши луѓе. Тие сакаат пак да се слушне за Танушевци и сите да мислат дека во Македонија се случува нешто лошо помеѓу Македонците и Албанците.
Парламентот завчера неколку часа вонредно заседаваше до доцните вечерни часови, но дебатата за инцидентот во Танушевски и можните рефлексии врз безбедносната состојба во државата финишираше без конкретен епилог. Собранието со 16 гласа „за“ и 47 „против“ не ги усвои предложените заклучоци - меѓу кои ...
ПО ИНЦИДЕНТОТ КАЈ ТАНУШЕВЦИ МВР се уште трага по напаѓачите на полициската патрола кај Танушевци и нема конкретни информации за нивниот идентитет. Иво Котевски, помошник - министер надлежен за односи со јавноста, вели дека полицијата интензивно работи на откривање на сторителите.
Поворка од над триста пријатели, гости, роднини, колеги полицајци и од политичарите единствено Игор Ивановски Шема и градоначалникот на Кисела Вода Ѓорѓи Арсов, за последен пат го поздравија и испратија покојниот полицаец Драганов Три истрели од свечен полициски вод, посмртен марш и со високи воени ...
Собранието не успеа да усвои заклучоци на вонредната расправа за безбедносната состојба по инцидентот кај Танушевци, во кој загина еден припадник на МВР, а двајца беа ранети. За владејачкото мнозинство повторно не беа прифатливи заклучоците на опозицијата, кои побараа одговорност од министерката за ...
Евроамбасадорот Ерван Фуере вчера во Охрид изајви дека е загрижувачки фактот што полицајци кои ги извршувале своите редовни активности биле нападнати на ваков начин, па дури еден од нив го загубил животот. "Ја слушнав изјавата на министерката за внатрешни работи во Парламентот и од она што го ...
За власта, синоќешната итна седница околу инцидентот во Танушевци и предложените заклучоци се само политички памфлет на опозицијата. За опозицијата, пак, тоа е уште еден безуспешен обид да се освести власта и на безбедносната состојба да гледа пореално.
Европската заедница е загрижена поради последниот инцидент кај месноста Друм и убиството на припадникот на граничната полиција, посебно што ова повторно се случува во чувствителната зона кај Танушевци. Евроамбасадорот Ерван Фуере бара да се пронајдат тие што од заседа стрелаа на полицискиот џип, ...
Со највисоки воени почести, во родното село Долно Лисиче денеска беше погребан Игор Драганов, полицаецот кој загина завчера, кога ја извршуваше работната задача на граничниот премин Кодра Фура. Освен неговото најблиско семејство, на погребната церемонија присуствуваа неговите колеги од МВР и голем ...
За денеска во Собранието е закажана седница за случајот „Танушевци“ Политичките партии бараат одговор од МВР дали станува збор за терористички акт или за криминален инцидент ГОРАН АДАМОВСКИ Здравствената состојба на полицаецот Трајче Ристов (33) од Пробиштип, кој завчера беше тешко повреден во ...
ЗА НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ За само неколку месеци на границата кон Косово се случиле повеќе оружени инциденти, а многубројни се и информациите за присуство на вооружени и униформирани лица. Во мај годинава при полициска акција во две куќи во Танушевци беше откриено нелегално оружје.
МВР ГО НЕМА ИДЕНТИТЕТОТ НА НАПАЃАЧИТЕ КАЈ ТАНУШЕВЦИ Може да се дрвокрадци кои сакале да ги заплашат полицајците, може да се шверцери и криминалци, а може да е и прелеана вооружена група од Косово која бегала од соседните власти, претпоставуваат во МВР.
ДВА ДЕНА ПО ИНЦИДЕНТОТ КАЈ ТАНУШЕВЦИ МВР се уште нема детали за завчерашниот инцидент кај Танушевци, во кој еден полицаец загина, а двајца беа тешко повредени кога непозната група припукала кон полицискиот џип кој потоа со тројцата полицајци се превртел во амбис од педесетина метри.
ВОНРЕДНА СЕДНИЦА ЗА ТАНУШЕВЦИ Опозицијата побара Собранието денеска да одржи вонредна седница на која ќе се расправа за случувањата во Танушевци, по нападот врз патролата на граничната полиција. - Ситуацијата е многу посложена од тоа што МВР поедноставено го прикажува.
Игор Драганов загина нападнат од терористичка банда – наспроти процената на министерката дека напаѓачите најверојатно се шверцери, луѓето од теренот, бројните гранични полицајци кои дојдоа да се простат со Игор на гробиштата во Долно Лисиче се убедени дека нападот го извршиле терористи облечени во ...
"Од министерката Јанкуловска бевме информирани за вчерашниот инцидент, кој резултираше со трагична загуба на еден полицаец во кој беа ранети други двајца", изјави Кристина Наги, портпаролот на еврокомесарот за проширување на ЕУ Оли Рен.
СДСМ вчера побара итна собраниска седница за да се преземат соодветни мерки по инцидентот во Танушевци. Според нив, безбедносната состојба во континуитет е сериозно нарушена бидејќи за помалку од два месеца на иста територија загинаа двајца припадници на МВР, а неколкумина беа ранети.
Танушевци - повод за препукувања во Собранието. Опозицијата ја прозва министерката за внатрешни работи. Бара прецизна информација дали станува збор за криминално дело или тероризам. „МВР, како еден од безбедносните органи на РМ, сите официјални ставови и официјални информации ги доставува до ...
Прво истрага на Владата на Македонија за инцидентот во Танушевци, потоа став на Брисел. Ова е всушност вообичаен коментар на Комисијата, која изразува и жалење и сочувство за жртвите. „Чекаме Владата да ја направи неопходната истрага, да бидат казнети сторителите.
Вчерашниот инцидент што се случи во реонот на Танушевци и во кој загина македонски полицаец, а беа ранети двајца негови колеги, мора целосно да се истражи, побара утринава официјален Брисел. Вчерашниот инцидент што се случи во реонот на Танушевци и во кој загина македонски полицаец, а беа ранети ...
Во нападот на група од Косово повредени се уште двајца полицајци Нападот на полицајците се случил околу 13 часот кај караулата Кодра Фура. По нападот, се превртел службениот џип, кој се движел кон селата Брест и Малино: граничната линија кај Кодра Фура во близината на Танушевци: фото РОЈТЕРС ГОРАН ...
Ја сакаше униформата и за неа загина, низ плач вели Јане Драганов, таткото на убиениот полицаец Игор Драганов - во шок од огромната загуба. Попладнето заедно со неговите најблиски во семејната куќа во Долно Лисиче чекаше неговиот помал син да го донесе телото на Игор од судска медицина од каде ...
Уништениот полициски џип сведочи за жестокиот напад на вооружената група која атакувала врз граничната патрола во реонот на Танушевци, на патот кон Брест. Уништениот полициски џип сведочи за жестокиот напад на вооружената група која атакувала врз граничната патрола во реонот на Танушевци, на патот ...
НАПАДНАТА ГРАНИЧНА ПАТРОЛА КАЈ СКОПСКО ТАНУШЕВЦИ Двајца од полицајците во нападнатиот полициски џип се здобиле со прострелни рани, а третиот полицаец кој, покрај повредите од огненото оружје, се здобил и со повреди од превртувањето на џипот, на пат кон скопските клиники починал.
КАЈ ТАНУШЕВЦИ Тројца полицајци се повредени, од кои еден потешко, вчера во реонот на Танушевци, кај караулата Кодра Фура, во престрелка меѓу полицијата и вооружени групи во Танушевци, јави агенцијата на албански јазик ИНА. Според агенцијата, инцидентот се случил вчера околу 13 часот, во близина на ...
Никој веќе нема дилеми дека вооружени криминални групи се под контрола на ДУИ и употребуваат создавање инциденти со кои Македонија би се оддалечила од ЕУ и НАТО, а би се приближила кон нивната контрола врз државата Еден мртов и двајца ранети припадници на граничната полиција е билансот на ...
Од заседа на патот од караулата Кодра Фура кон Брест, вака е пукано на тројцата полицајци кои околу 13 часот поминувале кај местото Друм, во патрола на северната граница кон Косово. Непозната група со автомати стрелала кон полицајците, џипот се превртел во ендек.
Патот кон Танушевци по нападот на полициската патрола беше блокиран од припадници на МВР. Хеликоптери по престрелката се упатија кон местото каде што падна џипот, ги надлетуваа Танушевци, Гошинце, Малино Маало. Пристапот не беше дозволен кон провалијата каде се уште се наоѓаше полициското возило.
Граничниот полицаец Игор Драганов им подлегнал на повредите уште пред да пристигне на Ургентниот центар и е пренесен на судска медицина. Граничниот полицаец Игор Драганов им подлегнал на повредите уште пред да пристигне на Ургентниот центар и е пренесен на судска медицина.
Еден полицаец загина, а двајца се ранети во нападот врз гранична патрола во реонот на Танушевци. Непозната вооружена група организирала заседа на патот кон селото Брест и го нападнала џипот со кој граничарите оделе во патрола.