Три дена откако судскиот процес за малтретираните мавровски работници беше одложен поради отсуство на обвинетите меѓу кои и пратеникот на ДУИ Хисен Џемаили, од полицијата и натаму се тврди дека Џемаили не е лоциран. Иако неговиот адвокат изјави дека полицијата никогаш не била во неговиот дом во родното Вејце, каде наводно бил и Џемаили, за МВР пратеникот на ДУИ се уште е недостапен.
СДСМ денеска одржа прес-конференција на која обвини дека со вчерашното одложување на судскиот претрес против пратеникот на ДУИ Хисен Џемаили, обвинет за случајот со малтретирање на градежните работници од ГП „Маврово“ поради негово отсуство, „продолжува реализацијата на новиот септемвриски политички договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“.
И второто судско рочиште, закажано за вчера, на процесот „Мавровски работници“ не се одржа. Кривичниот суд го одложи судењето за 19 ноември поради отсуство на најголемиот број обвинети, меѓу кои и пратеникот на ДУИ, Хисен Џемаили. На вчерашното второ рочиште во судницата се појавија само двајца од обвинети, Фадиљ Ферати и Саит Рушити.
Вчерашното одложување на судскиот претрес против пратеникот на ДУИ Хисен Џемаили, е продолжување на реализацијата на септемвриски политички договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“ овинува СДСМ Џемаили е обвинет за случајот со малтретирање на градежните работници од ГП „Маврово“ , а поради негово отсуство вчера повторно беше одложено судењето.
Судот го обвини МВР дека не постапило по неговата наредба да ги најде и доведе на судење обвинетите за воено злосторство врз цив или и оти за најголемиот број обвинети не го ни известил дали се достапни На судското рочиште дојде само обвинетиот Фадил Ферати, а од затворот „Идризово“ беа донесени и Саит Рушити и Хасими Мусли, кои таму издржуваат казни за други дела И покрај најавите дека ќе се ...
Вчерашното одложување на судскиот претрес против пратеникот на ДУИ Хисен Џемаили, е продолжување на реализацијата на септемвриски политички договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“ обвинува СДСМ „Цели 22 дена нема спектакуларна акција од МВР за апсење на пратеникот на ДУИ, само затоа што е дел од Власта, иако му е одреден притвор и по него е распишана потерница.
Опозициската СДСМ реагира на пропаднатиот обид да започне судењето за малтретираните градежни работници поради непојавувањето на пратеникот на ДУИ Хисен Џемаили на судското рочиште и неговото неприведување од полицијата. Од МВР велат дека постапуваат согласно барањето на судот и дека досега полицијата не успеала да го лоцира пратеникот на ДУИ.
"МВР не постапи по наредбата на претседателот на Кривичниот совет на специјалниот Суд за организиран криминал од 16-ти минатиот месец за приведување на обвинетите во случајот 'Малтретирани работници на ГП Маврово'", заклучи вчера судијата Горан Бошевски, претседателот на Кривичниот совет, пред да го одложи по вторпат судскиот процес за овој случај, кој е еден од четирите вратени хашки предмети.
Саво Коцарев адвокат на првообвинетиот Шкодри Идризи изјави дека процесот се одложува бидејќи полицијата не постапила по барањето на Судот, да провери дали се достапни или не обвинетите, за да може Судот да суди во нивно отсуство. Во судската сала беа присутни само обвинетите Саит Рушити и Хавзи Мусли кои беа донесени од затвор каде издржуваат казна за друго кривично дело, а се појави и ...
На денешната прес-конференција Социјал демократскиот сојуз обвини дека со одложувањето на судскиот претрес кој требаше да биде вчера против пратеникот на ДУИ, Хисен Џемаили, обвинет за случајот малтретирање на градежните работници од ГП „Маврово“ поради неговото отсуство, дека продолжувал договоро на септемврискиот политички договор на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ Цели 22 дена нема спектакуларна ...
Ако досега зборувавме дека четирите хашки случаи што беа вратени во Македонија ќе бидат тест за независноста на македонското судство, тогаш се извинуваме. Четирите хашки случаи засега се само тест за работата на Министерството за внатрешни работи. За жал, резултатите се очајни.
Полицијата не спроведе ниту еден од обвинетите за случајот „Малтретирани мавровски работници“ на вчерашниот главен претрес во скопскиот кривичен суд. Вторпат пропадна обидот за одржување на рочиштето за еден од предметите што беа вратени од Хаг.
Јас не бегам од судот зошто сум невин. Ова е монтиран политички процес. Вака првообвинетиот Фадиљ Ферати, денеска од тетовско Желино, го оквалификува судскиот процес за малтретираните градежни работници. Тој и Шкодран Идризи треба да се појават на утрешното рочиште во скопска единица.
Одложено пред да започне судењето за малтретираните работници од ГП „Маврово“. Како и првото рочиште и денеска, процесот веднаш беше одложен, бидејќи и покрај потерниците за сите обвинети, никој не дојде во судот. Од сите 22 обвинети, дојдоа само Саит Рушити и Фазли Мусли, кои веќе беа во затвор, но поради друго дело. Останатите 20 ги немаше.
Во Македонија, по втор пат е одложен почетокот на судскиот процес за првиот од четирите вратени хашки случаи за воени злосторства од 2001-та, случајот за Мавровските работници. Причината е што полицијата не ги притворила обвинетите. Од 23-цата обвинети, во судницата беа присутни само тројца, двајца кои одлежуваат заворски казни за други прекршоци и трето лице, кое во периодот кога е извршено ...
Спроти денешното судење за „Малтретирани градежни работници“, семејството на обвинетиот Шкодран Идризи, инаку внук на поранешниот пратеник на ДПА, Агим Рамадани, вчера побара да се повлече обвинението против него зашто Хашкото обвинителство тоа веќе го сторило во 2002 година. Тоа го побарал и Фадил Ферати, кој со Идризи во 2002 година беше притворен од македонските органи за овој случај.
"Ќе се појавам на судењето во процесот за малтретирањето на мавровските работници за да докажам дека сум невин", рече Фадил Ферати на вчерашната средба со новинарите во Желино. "Ја зедов поканата и ќе одам на суд. Не сум се криел, сум бил во ОНА во 2001 година, но кога се случил настанот, јас се наоѓав во тетовското село Ѓермо. Има очевидци што ќе го потврдат тоа. Ова е монтиран политички процес.
Во отсуство на обвинетите и денеска не се одржа судскиот процес за случајот “мавровски работници“. Од 23 обвинети само еден се пријави во судот, како и другите кои веќе се наоѓаат во притвор. На денешното рочиште поради здравствени причини не се појави ниту пратеникот на ДУИ, Хисен Џемаили.
во 2001 година по втор пат беше одложен бидејќи од дваесете осомничени само тројца од нив се појавија во судницата. Судијата одлучи судењето да го одложи за уште еден месец бидејќи какао што самиот рече за повеќето осомничени полицијата не го известила дали тие и се достапни.
Фадиљ Ферати, првообвинет во случајот со малтретираните градежни работници, тврди дека тоа е монтиран судски процес, во кој тој е невина жртва. Тој и Шкодран Идризи треба да се појават на денешното рочиште во Основниот суд Скопје 1. - Јас ќе се појавам утре на суд. Поканата ја примив и немам намера да бегам од судот. Никогаш не сум ни бегал.
Пропадна уште еден обид за старт на судењето за малтретираните мавровски работници. Процесот е одложен за два месеца затоа што МВР не одговорило на ниту еден налог за приведување. До денеска полицијата не пронајде ниту еден од обвинетите. Пред судот, и покрај јавното ветување дека ќе соработува, не се појави ниту пратеникот на ДУИ, Хисен Џемаили.
Судскиот процес за малтретираните работници на градежната фирма “Маврово“, за време на воениот конфликт во 2001 година, денеска по втор пат беше одложено, поради не присуство на дел од осомничените. Судијата Горан Бошевски, следното го закажа за 19 ноември. На денешниот претрес беа присутни Хасим Муслим, Саид Рушити, кои отслужуваат казна затвор и Фадил Ферати.
ВТОРО ОДЛОЖУВАЊЕ НА СУДЕЊЕТО ЗА МАВРОВСКИТЕ РАБОТНИЦИ ПРАТЕНИКОТ ХИСЕН ЏЕМАИЛИ НЕ СЕ ПОЈАВИ НА РОЧИШТЕТО Експресно одложено и второто рочиште за случајот Мавровски работници. И покрај потерниците за сите обвинети никој не се појави во судот. Судијата Горан Бошевски рече дека полицијата не постапила по барањето на судот за пронаоѓање и приведување на обвинетите и го одложи претресот за еден месец.
Судскиот процес за малтретираните градежни работници на претпријатието „Маврово”, за кој дел од обвинетите се недостапни за полицијата, продолжува денеска За овој процес, кој е еден од четирите вратени хашки предмети за конфликтот од 2001 година во Македонија, е обвинет и пратеникот на владеачката ДУИ, Хисни Џемаили, на кого му беше одземен имунитетот.
Хисен Џемаили, пратеникот од ДУИ обвинет за случајот „Мавровски работници“, денеска најверојатно ќе се појави на главниот претрес, потврди вчера неговиот адвокат Таип Елези. Тој вели дека не знае каде се наоѓа неговиот клиент, за кого има судска наредба за притвор, но дека никогаш ниту бегал ниту пак се криел од полицијата.
Двајца од вкупно 23 обвинети во случајот „Мавровски работници“ пред утрешното судско рочиште, поседуваат документ од Хашкото обвинителство дека нема основ за нивно гонење. Фадил Ферати од тетовското село Желино, обвинет во случајот малтретирани градежни работници на Маврово, за Алсат – М предочи документи со кои хашкото обвинтиелство уште во 2002 година го ослободило од било каква ...
По две седмици криење од полицијата, пратеникот на ДУИ, Хисен Џемаили утре ќе се појави во судница. Ова за Канал 5 го тврди неговиот адвокат од Гостивар, Таип Елези. Ќе инсистирал прво да му се укине притворот, а потоа и да се повлече обвинението за малтретираните мавровски работници. - Тука е. Нема потреба да се крие - вели Таип Елези, адвокат на Џемаили.
Првообвинетиот за хашкиот случај „Мавровски работници“, Хисен Џемаили, се уште не е приведен и спроведен во Истражниот затвор во Шутка. Од МВР велат дека не можат да го најдат, а сопартијците тврдат дека не знаат каде се наоѓа. Останува неизвесно дали Џемаили ќе се појави во Основен суд Скопје 1 на второто рочиште за случајот кое е закажано за утре.
Никогаш не сум бегал и нема ни сега да бегам. Сакам на суд да ја докажам мојата невиност, без разлика дали тоа му се допаѓа на некој или не. Сум соработувал и со Македонскиот суд и со Хашкиот трибунал, рече Фадил Ферати Обвинетиот за случајот со малтретирањето на градежните работници на Маврово од 2001 година, Фадил Ферати денеска ќе се појави на судско рочиште.
На два дена до продолжението на судскиот процес за Малтретираните градежни работници, останува неизвесно дали пратеникот на ДУИ Џемаили ќе се појави во скопска единица. Полицијата немоќна, и трета недела работи на неговото лоцирање. Каде е Џемаили нема одговор ниту од неговата партија. По Ахмети, за ненадлежен се прогласи и потпретседателот на Владата, Адеми.
Два дена пред закажаното рочиште во судскиот процес за Мавровските работници ниту полицијата ниту неговата матична партија не знаат каде е обвинетиот пратеник Хисен Џемаили. Иако притворот му беше потврден од Кривичниот суд пред две седмици, а и тој лично во Собранието ветуваше дека ќе соработува со судските органи, полицијата не може да го пронајде пратеникот обвинет за воено злосторство.