TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

МВР: Џемаили не е лоциран

Канал5 - 19.10.2008

Три дена откако судскиот процес за малтретираните мавровски работници беше одложен поради отсуство на обвинетите меѓу кои и пратеникот на ДУИ Хисен Џемаили, од полицијата и натаму се тврди дека Џемаили не е лоциран. Иако неговиот адвокат изјави дека полицијата никогаш не била во неговиот дом во родното Вејце, каде наводно бил и Џемаили, за МВР пратеникот на ДУИ се уште е недостапен.

СДСМ: Дали МВР воопшто го бара Џемаили?

А1 - 18.10.2008

СДСМ денеска одржа прес-конференција на која обвини дека со вчерашното одложување на судскиот претрес против пратеникот на ДУИ Хисен Џемаили, обвинет за случајот со малтретирање на градежните работници од ГП „Маврово“ поради негово отсуство, „продолжува реализацијата на новиот септемвриски политички договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“.

Рочиштето пак одложено

Време - 18.10.2008

И второто судско рочиште, закажано за вчера, на процесот „Мавровски работници“ не се одржа. Кривичниот суд го одложи судењето за 19 ноември поради отсуство на најголемиот број обвинети, меѓу кои и пратеникот на ДУИ, Хисен Џемаили. На вчерашното второ рочиште во судницата се појавија само двајца од обвинети, Фадиљ Ферати и Саит Рушити.

СДСМ: Џемаили е на слобода поради политички договор меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ

Алсат-М - 18.10.2008

Вчерашното одложување на судскиот претрес против пратеникот на ДУИ Хисен Џемаили, е продолжување на реализацијата на септемвриски политички договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“ овинува СДСМ Џемаили е обвинет за случајот со малтретирање на градежните работници од ГП „Маврово“ , а поради негово отсуство вчера повторно беше одложено судењето.

Џемаили ненајавено, но „објективно“ отсутен

Дневник - 18.10.2008

Судот го обвини МВР дека не постапило по неговата наредба да ги најде и доведе на судење обвинетите за воено злосторство врз цив или и оти за најголемиот број обвинети не го ни известил дали се достапни На судското рочиште дојде само обвинетиот Фадил Ферати, а од затворот „Идризово“ беа донесени и Саит Рушити и Хасими Мусли, кои таму издржуваат казни за други дела И покрај најавите дека ќе се ...

СДСМ: Џемаили на слобода поради политички договор меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ

Алсат-М - 18.10.2008

Вчерашното одложување на судскиот претрес против пратеникот на ДУИ Хисен Џемаили, е продолжување на реализацијата на септемвриски политички договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“ обвинува СДСМ „Цели 22 дена нема спектакуларна акција од МВР за апсење на пратеникот на ДУИ, само затоа што е дел од Власта, иако му е одреден притвор и по него е распишана потерница.

СДСМ реагира на непојавувањето на Џемаили на суд

Канал5 - 18.10.2008

Опозициската СДСМ реагира на пропаднатиот обид да започне судењето за малтретираните градежни работници поради непојавувањето на пратеникот на ДУИ Хисен Џемаили на судското рочиште и неговото неприведување од полицијата. Од МВР велат дека постапуваат согласно барањето на судот и дека досега полицијата не успеала да го лоцира пратеникот на ДУИ.

МВР го закочи процесот за Мавровските работници

Вест - 18.10.2008

"МВР не постапи по наредбата на претседателот на Кривичниот совет на специјалниот Суд за организиран криминал од 16-ти минатиот месец за приведување на обвинетите во случајот 'Малтретирани работници на ГП Маврово'", заклучи вчера судијата Горан Бошевски, претседателот на Кривичниот совет, пред да го одложи по вторпат судскиот процес за овој случај, кој е еден од четирите вратени хашки предмети.

Рочиштето за случајот „малтретирани мавровски работници“ одложен за следниот месец

Кирилица - 18.10.2008

Саво Коцарев адвокат на првообвинетиот Шкодри Идризи изјави дека процесот се одложува бидејќи полицијата не постапила по барањето на Судот, да провери дали се достапни или не обвинетите, за да може Судот да суди во нивно отсуство. Во судската сала беа присутни само обвинетите Саит Рушити и Хавзи Мусли кои беа донесени од затвор каде издржуваат казна за друго кривично дело, а се појави и ...

СДСМ:Дали МВР воопшто го бара Хисен Џемаили?

Форум - 18.10.2008

На денешната прес-конференција Социјал демократскиот сојуз обвини дека со одложувањето на судскиот претрес кој требаше да биде вчера против пратеникот на ДУИ, Хисен Џемаили, обвинет за случајот малтретирање на градежните работници од ГП „Маврово“ поради неговото отсуство, дека продолжувал договоро на септемврискиот политички договор на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ Цели 22 дена нема спектакуларна ...

Индиректна амнестија на воените злосторства

Н.Македонија - 18.10.2008

Ако досега зборувавме дека четирите хашки случаи што беа вратени во Македонија ќе бидат тест за независноста на македонското судство, тогаш се извинуваме. Четирите хашки случаи засега се само тест за работата на Министерството за внатрешни работи. За жал, резултатите се очајни.

Полицијата не најде ниту еден обвинет за случајот „Мавровски работници“

Н.Македонија - 18.10.2008

Полицијата не спроведе ниту еден од обвинетите за случајот „Малтретирани мавровски работници“ на вчерашниот главен претрес во скопскиот кривичен суд. Вторпат пропадна обидот за одржување на рочиштето за еден од предметите што беа вратени од Хаг.

Процесот за малтретираните работници монтиран?

А1 - 17.10.2008

Јас не бегам од судот зошто сум невин. Ова е монтиран политички процес. Вака првообвинетиот Фадиљ Ферати, денеска од тетовско Желино, го оквалификува судскиот процес за малтретираните градежни работници. Тој и Шкодран Идризи треба да се појават на утрешното рочиште во скопска единица.

Процесот „мавровски работници“ никако да почне

А1 - 17.10.2008

Одложено пред да започне судењето за малтретираните работници од ГП „Маврово“. Како и првото рочиште и денеска, процесот веднаш беше одложен, бидејќи и покрај потерниците за сите обвинети, никој не дојде во судот. Од сите 22 обвинети, дојдоа само Саит Рушити и Фазли Мусли, кои веќе беа во затвор, но поради друго дело. Останатите 20 ги немаше.

Одложен процесот „Мавровски работници“

BBC - 17.10.2008

Во Македонија, по втор пат е одложен почетокот на судскиот процес за првиот од четирите вратени хашки случаи за воени злосторства од 2001-та, случајот за Мавровските работници. Причината е што полицијата не ги притворила обвинетите. Од 23-цата обвинети, во судницата беа присутни само тројца, двајца кои одлежуваат заворски казни за други прекршоци и трето лице, кое во периодот кога е извршено ...

Обвинетите сметаат дека Хаг ги ослободил

Дневник - 17.10.2008

Спроти денешното судење за „Малтретирани градежни работници“, семејството на обвинетиот Шкодран Идризи, инаку внук на поранешниот пратеник на ДПА, Агим Рамадани, вчера побара да се повлече обвинението против него зашто Хашкото обвинителство тоа веќе го сторило во 2002 година. Тоа го побарал и Фадил Ферати, кој со Идризи во 2002 година беше притворен од македонските органи за овој случај.

Ферати ќе се појави на судење

Вест - 17.10.2008

"Ќе се појавам на судењето во процесот за малтретирањето на мавровските работници за да докажам дека сум невин", рече Фадил Ферати на вчерашната средба со новинарите во Желино. "Ја зедов поканата и ќе одам на суд. Не сум се криел, сум бил во ОНА во 2001 година, но кога се случил настанот, јас се наоѓав во тетовското село Ѓермо. Има очевидци што ќе го потврдат тоа. Ова е монтиран политички процес.

Повторно одложен процесот за случајот „мавровски работници“

Алсат-М - 17.10.2008

Во отсуство на обвинетите и денеска не се одржа судскиот процес за случајот “мавровски работници“. Од 23 обвинети само еден се пријави во судот, како и другите кои веќе се наоѓаат во притвор. На денешното рочиште поради здравствени причини не се појави ниту пратеникот на ДУИ, Хисен Џемаили.

ПОВТОРНО ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ МАЛТРЕТИРАНИ РАБОТНИЦИ ВО 2001 ГОДИНА

Телма - 17.10.2008

во 2001 година по втор пат беше одложен бидејќи од дваесете осомничени само тројца од нив се појавија во судницата. Судијата одлучи судењето да го одложи за уште еден месец бидејќи какао што самиот рече за повеќето осомничени полицијата не го известила дали тие и се достапни.

Невини сме, а и амнестија не фаќа

Време - 17.10.2008

Фадиљ Ферати, првообвинет во случајот со малтретираните градежни работници, тврди дека тоа е монтиран судски процес, во кој тој е невина жртва. Тој и Шкодран Идризи треба да се појават на денешното рочиште во Основниот суд Скопје 1. - Јас ќе се појавам утре на суд. Поканата ја примив и немам намера да бегам од судот. Никогаш не сум ни бегал.

Џемаили не го одржа ветувањето, и денеска не се појави во судот

Канал5 - 17.10.2008

Пропадна уште еден обид за старт на судењето за малтретираните мавровски работници. Процесот е одложен за два месеца затоа што МВР не одговорило на ниту еден налог за приведување. До денеска полицијата не пронајде ниту еден од обвинетите.   Пред судот, и покрај јавното ветување дека ќе соработува, не се појави ниту пратеникот на ДУИ, Хисен Џемаили.

Повторно одложено судењето за “Мавровските работници“

Нетпрес - 17.10.2008

Судскиот процес за малтретираните работници на градежната фирма “Маврово“, за време на воениот конфликт во 2001 година, денеска по втор пат беше одложено, поради не присуство на дел од осомничените. Судијата Горан Бошевски, следното го закажа за 19 ноември. На денешниот претрес беа присутни Хасим Муслим, Саид Рушити, кои отслужуваат казна затвор и Фадил Ферати.

ПРАТЕНИКОТ ХИСЕН ЏЕМАИЛИ НЕ СЕ ПОЈАВИ НА РОЧИШТЕТО

Сител - 17.10.2008

ВТОРО ОДЛОЖУВАЊЕ НА СУДЕЊЕТО ЗА МАВРОВСКИТЕ РАБОТНИЦИ ПРАТЕНИКОТ ХИСЕН ЏЕМАИЛИ НЕ СЕ ПОЈАВИ НА РОЧИШТЕТО Експресно одложено и второто рочиште за случајот Мавровски работници. И покрај потерниците за сите обвинети никој не се појави во судот. Судијата Горан Бошевски рече дека полицијата не постапила по барањето на судот за пронаоѓање и приведување на обвинетите и го одложи претресот за еден месец.

Продолжува процесот „мавровски работници”

Макфакс - 17.10.2008

Судскиот процес за малтретираните градежни работници на претпријатието „Маврово”, за кој дел од обвинетите се недостапни за полицијата, продолжува денеска За овој процес, кој е еден од четирите вратени хашки предмети за конфликтот од 2001 година во Македонија, е обвинет и пратеникот на владеачката ДУИ, Хисни Џемаили, на кого му беше одземен имунитетот.

Џемаили ниту се крие ниту бега од полицијата

Н.Македонија - 17.10.2008

Хисен Џемаили, пратеникот од ДУИ обвинет за случајот „Мавровски работници“, денеска најверојатно ќе се појави на главниот претрес, потврди вчера неговиот адвокат Таип Елези. Тој вели дека не знае каде се наоѓа неговиот клиент, за кого има судска наредба за притвор, но дека никогаш ниту бегал ниту пак се криел од полицијата.

Хаг ослободил двајца обвинети во случајот „Мавровски работници“ од судско гонење

Алсат-М - 16.10.2008

Двајца од вкупно 23 обвинети во случајот „Мавровски работници“ пред утрешното судско рочиште, поседуваат документ од Хашкото обвинителство дека нема основ за нивно гонење. Фадил Ферати од тетовското село Желино, обвинет во случајот малтретирани градежни работници на Маврово, за Алсат – М предочи документи со кои хашкото обвинтиелство уште во 2002 година го ослободило од било каква ...

Џемаили утре ќе се појави на суд

Канал5 - 16.10.2008

По две седмици криење од полицијата, пратеникот на ДУИ, Хисен Џемаили утре ќе се појави во судница. Ова за Канал 5 го тврди неговиот адвокат од Гостивар, Таип Елези. Ќе инсистирал прво да му се укине притворот, а потоа и да се повлече обвинението за малтретираните мавровски работници.   - Тука е. Нема потреба да се крие - вели Таип Елези, адвокат на Џемаили.

Џемаили - имун на притвор и на судски покани

Време - 16.10.2008

Првообвинетиот за хашкиот случај „Мавровски работници“, Хисен Џемаили, се уште не е приведен и спроведен во Истражниот затвор во Шутка. Од МВР велат дека не можат да го најдат, а сопартијците тврдат дека не знаат каде се наоѓа. Останува неизвесно дали Џемаили ќе се појави во Основен суд Скопје 1 на второто рочиште за случајот кое е закажано за утре.

Ферати на суд, Џемаили никаде го нема

Вечер Прес - 16.10.2008

Никогаш не сум бегал и нема ни сега да бегам. Сакам на суд да ја докажам мојата невиност, без разлика дали тоа му се допаѓа на некој или не. Сум соработувал и со Македонскиот суд и со Хашкиот трибунал, рече Фадил Ферати Обвинетиот за случајот со малтретирањето на градежните работници на Маврово од 2001 година, Фадил Ферати денеска ќе се појави на судско рочиште.

Џемаили три недели во бегство

А1 - 15.10.2008

На два дена до продолжението на судскиот процес за Малтретираните градежни работници, останува неизвесно дали пратеникот на ДУИ Џемаили ќе се појави во скопска единица. Полицијата немоќна, и трета недела работи на неговото лоцирање. Каде е Џемаили нема одговор ниту од неговата партија. По Ахмети, за ненадлежен се прогласи и потпретседателот на Владата, Адеми.

И натаму го нема Хисен Џемаили

Канал5 - 15.10.2008

Два дена пред закажаното рочиште во судскиот процес за Мавровските работници ниту полицијата ниту неговата матична партија не знаат каде е обвинетиот пратеник Хисен Џемаили. Иако притворот му беше потврден од Кривичниот суд пред две седмици, а и тој лично во Собранието ветуваше дека ќе соработува со судските органи, полицијата не може да го пронајде пратеникот обвинет за воено злосторство.