Преодниот политички совет на Ирак, кој денеска за прв пат заседава во Багдад, реши датумот 9 април, кога беше урнат режимот на поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин, да биде официјален празник на државата. Советот, кој претставува прв извршен орган во Ирак по уривањето на режимот на Хусеин, ...
БАГДАД, 11 јули (АП) - Ирачаните почнаа нова серија напади врз американските војници при што со истрели од огнено оружје и рачни минофрлачи убија најмалку двајца, а раниле еден. Во градот Рамади, 100 км западно од главниот град, имало три одделни напади со ракети врз американските војници, ни нема ...
Продолжуваат секојдневните напади врз американските окупаторски сили во Ирак БАГДАД - Бунтовниците спроведоа нов напад врз американските војници во Ирак, притоа убивајќи најмалку двајца од нив и повредувајќи го третиот во нападот со ракетни гранати, соопшти вчера армијата.
ПРЕСТРЕЛКИ ВО ИРАК Двајца американски војници завчера вечер биле убиени во два одделни напади во Ирак, а вчера биле забележани четири напади со минофрлачи и рачни ракетни фрлачи врз Американците во кои немало загинати, јави Ројтерс.
ирак Американскиот управник на Ирак, Пол Бремер, изјави дека ирачките граѓани се почесто соработуваат со американските војници во потерата по Садам Хусеин и оцени дека тој е готов. - Со Садам е завршено - изјави Бремер. САД ветија награда од 25 милиони долари за луѓето што ќе им помогнат во ...
ДУБАИ, 9 јули (Ројтерс) - Телевизијата "Ал Џазира" вчера објави аудио-снимка на глас што наводно му припаѓа на ирачкиот претседател Садам Хусеин во која тој на Ирачаните им вели дека ненадејни напади се најдобриот начин за борба против американско-британската окупација.
АЛ ЏЕЗИРА ДУБАИ - Наводната аудиоснимка од соборениот ирачки лидер Садам Хусеин, емитувана вчера, им посочува на Ирачаните дека тајните герилски напади се најдобриот начин за окончување на окупацијата на САД врз Ирак. Катарската телевизиска станица Ал Џезира и либанската ЛБЦ Ал Хајат ја пренесоа ...
ПРЕКУ АРАПСКИ ТЕЛЕВИЗИСКИ СТАНИЦИ ЦИА оцени дека гласот на лентата која минатата недела ја емитуваше телевизијата "Ал џезира" веројатно е од Садам, што е прв знак дека ирачкиот диктатор ја преживеал војната Неколку арапски телевизиски станици вчера објавија нова снимка од скриениот ирачки диктатор ...
Американско-британската коалиција вети 2.500 американски долари награда за секоја информација што би довела до апсење на сторителите на непријателски напади врз нивните војници или ирачките полицајци, пишува денеска коалиционото гласило во Багдад „Ал-Сабах“.
Најмалку двајца американски војници се убиени во текот на ноќта, во два одвоени инциденти во ирачкиот главен град Багдад, соопштија денеска американски воени извори. Еден војник загинал во акцијата организирана при потрага по група вооружени Ирачанци во багдадскиот кварт Азамијах.
ЕКСПЛОЗИЈА ВО ГРАДОТ РАМАДИ Најмалку седум полициски регрути загинаа, а повеќе од 20 се ранети при експлозија на моќна бомба во саботата во ирачкиот град Рамади, јави МИА. Бомбата била активирана кога пред полициската станица се собрале осумдесетина ирачки полициски регрути по час на обука од ...