Генералниот секретар на ОН Кофи Анан најостро го осуди нападот на израелската армија на палестинскиот бегалски камп во Газа во кој загинаа најмалку 12 лица, десет цивили и двајца припадници на ОН. Анан го повика Израел да ги почитува меѓународните хуманитарни закони, и да и нареди на својата армија ...
Палестинците вчера ги погребаа жртвите во кампот Буреиџ ГАЗА СИТИ, 7 декември (АП) - Израелски војници придружени од тенкови и воени хеликоптери вчера во потрага по еден милитант во преполниот бегалски камп Буреиџ во Појасот Газа предизвикаа хаотични борби во кои загинаа 10 Палестинци.
Во силна акција на израелската армија убиени десет Палестинци БУРЕЈ - Изреалските сили, поддржани со тенкови и хеликоптери, вчера упаднаа во кампот за бегалци Буреј во појасот Газа, при што предизвикаа оружени борби и убија 10 лица, соопштија палестински очевидци и болнички извори.
НАЈМАЛКУ ДЕСЕТ ЖРТВИ ВО ПРЕСМЕТКА ВО ГАЗА Израелски пешадиски трупи поддржани од 25 тенка и од неколку борбени хеликоптери убија најмалку десет Палестинци во жестоки судири во бегалскиот камп Буреиџ во појасот Газа вчера изутрина, јави Ројтерс.
Израелски тенкови, поддржувани од воени хеликоптери, повторно влегоа во бегалскиот камп Бурудеш во јужните делови од Појасот Газа. Во престрелките меѓу израелските војници и вооружените Палестинци загинале девет лица, уништени се две куќи, а четири лица се уапсени.
Ерусалим, 6 декември - Израелскиот премиер Ариел Шарон вчера го одобри планот со кој се предвидува изградба на "заштитен sид" долж демаркационата линија меѓу Северен Израел и Западниот Брег со цел израелското население да се заштити од палестинските напади.
Израелските трупи повторно влегоа во појасот Газа. Како што се дознава од кругови на палестинките сили за безбедност, војниците на израелската армија спровеле рации во два градски кварта во потрага по милитантни Палестинци. Во близина на населбата Нецарим била минирана куќа на еден ...
Израелскиот претседател Ариел Шарон за прв пат јавно го поддржа планот на американскиот претседател Џорџ Буш за формирање палестинска држава, која би опфатила 40 проценти од западниот брег и три четвртини од појасот Газа. Привремените граници ќе бидат поставени до крајот наредната година, а ...
ВОЈНА НА БЛИСКИОТ ИСТОК Израелските војници вчера убиле двајца палестински милитанти, кои од своето засолниште во пештера кај Хеброн отвориле оган врз воена патрола, јави Ројтерс. Израелците го откриле засолништето на групата Исламски џихад и пратиле патрола да ги уапси милитантите, но двајцата ...
Двајца вооружени Палестинци се убиени денеска во престрелката со единица на израелската армија во близина на Хеброн, во јужниот дел од Западниот Брег, ја пренесува „Франспрес“ изјавата на израелски воени извори. Војниците спроведувале потрага кога двајцата Палестинци, скриени во пештера, отвориле ...
Уште една жртва на насилството на Западниот Брег РАМАЛАХ - Израелските војници вчера убија една 95-годишна Палестинка која се качувала во такси по медицински преглед во градот Рамалах на Западниот Брег, соопштија палестински очевидци и лекари.
Крвав крај на изралескиот обид за воведување полициски час во Јенин ЈЕНИН - Израелските единици вчера убија еден палестински тинејџер, а повредија уште 16 лица на преполн пазар во градот Јенин на Западниот Брег, соопштија палестински очевидци и болнички извори.
Палестински жени плачат покрај куќата што израелската војска ја уништила при нападите на Беит Лахија ГАЗА, 2 декември (Ројтерс) - Еден израелски воен хеликоптер вчера испукал два проектила на палестински автомобил што превезувал тројца милитанти во Појасот Газа при што освен еден од милитантите ...