Дневниот весник "Вечер" вчера го прослави својот четириесет и втори роденден. Исто толку години вчера славеше и Зоран Мирковски, од Скопје на кого редакцијата "Вечер" му кумуваше на 11 ноември 1963 година, кога граѓаните на Македонија добија можност да го прочитаат и првиот број на весникот.
Криминалните групи од државите на некогашна Источна Европа и Балканот, според својата финансиска моќ, ги достигнаа италијанската мафија и кинеската тријада. Ова на меѓународен собир за транснационален криминал, што се одржа во Монако, го соопшти експертот од Франција, Лоран Меркадие.
"Република Македонија презеде значајни чекори кон воспоставувањето на функционална пазарна економија. Иако земјата нема да може да се справи со притисокот на конкуренцијата и пазарните сили во рамки на Унијата на среден рок, земјата започна со економски реформи, со кои доколку енергично продолжи, ...
Струмичанец, изнервиран затоа што му ја уривале куќата го зел неговиот автомобил и прегазил двајца полицајци кои дошле да асистираат во акцијата. За среќа, полицајците минале само со полесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.
Документарниот филм "Бучни соседи" на македонскиот стрип артист и режисер Љубомир Стефанов ја доби наградата за најдобра камера на меѓународниот филмски фестивал "Техфилм 2005", што се одржа деновиве во чешкиот град Храдец Кралове.
Во Босна и Херцеговина е откриено присуство на агенти на разузнавачки служби од Иран, Саудиска Арабија, Јордан, Сирија, Катар и Кувајт, објави загрепскиот весник "Вечерњи лист". Повикувајќи се на интерниот извештај на босанската разузнавачка агенција ОСА, весникот пишува дека овие агенти работат на ...
Претседателот на Владата Владо Бучковски денеска оствари средба со Светозар Јаневски во врска со проблемите на кои наидува винарската визба "Тиквеш" од Кавадарци. Од Кабинетот на премиерот информираат дека на разговорите, кои се остварија по барање на Јаневски, на премиерот Бучковски во име на ...
Ѕвездата на Барселона, Роналдињо е носител на "Златната топка" за 2005 година, соопшти шпанскиот весник "АБЦ". Престижната награда на француското списание "Франс фудбал" му се врачува на најдобриот фудбалер на Европа. Весникот тврди дека бразилскиот напаѓач освоил најмногу гласови во анкетата.
На граничниот премин Богородица на излез од Република Македонија, вчера, цариниците, во автомобил "голф" со грчки регистарски таблички, управувано од Л.К. од Грција, пронајдоа непријавени 50 прстени од злато и бело злато украсени со скапоцени камења, дијаманти, сафири, смарагди и бисери.
Во рамките на културната манифестација "Роденден на мојот град" на 13 ноември (недела) со почеток во 22 часот, во МКЦ ќе се одржи концерт на култната белградска група "Канда Коџа и Небојша". Концертот е дел од балканската промоција на нивниот најнов албум “Прекиди стварности".
По спектакуларниот концерт, што во мај го одржа во Љубљана во преполната сала "Тиволи", Цеца Ражнатовиќ е поканета на 26 ноември во халата "Златорог" во Целје да одржи концерт, под покровителство на познатиот производител на кондоми "Дурекс".
Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 вчера донесе скандалозна одлука. Советот, и покрај тежината на стореното дело и можноста да биде вршен притисок врз сведоци, го ослободи од притвор стоматологот, еминентниот професот Ј.Ј. кој е осомничен за силување на студентка.
Двете челни екипи во Првата кошаркарска лига прикажаа одлична кошарка во салата "Младост" во Битола, а по подолго време се врати и спортската атмосфера на трибините, преполното гледалиште. Актуелниот шампион Ф. Работнички решавачката предност во дуелот со Пелистер (второпласиран) ја стекна во ...
По лекарската интервенција, деновиве, направена на неговото уво, Пеце од "Суперхикс" се чувствува одлично и заедно со другите членови на бендот се подготвуваат за уште еден голем предизвик. Најизвозуваната македонска група во последниве години, на 29 ноември ќе настапи на големиот концерт на МТВ ...
Царинските работници завчера на Деве Баир при претрес на автобус со турски национални ознаки најдоа и запленија околу четири килограми хероин. Дрогата била скриена во торба што му припаѓала на стружанецот Р.Ф. Настанот се случил попладнето, околу 18 часот.
Српскиот министер за капитални инвестиции повторно дивее! Илиќ во понеделникот навечер на валевската "ТВ Вуиќ" жестоко, без никакви докази, ги обвини и ги исплука претседателот на Народната канцеларија, Драган Ѓилас, "Курир" и ТВ Б92.
Бразилскиот писател Пауло Куељо вчера пристигна во Љубљана, каде што ќе го промовира своето ново дело "Захир" и словенечкото издание на "Алхемичарот". Според најавите, авторот на книгите "Единаесет минути" и "На брегот на реката Педра седев и плачев", синоќа требаше да им се претстави на ...
Истакнатиот македонски поет, романсиер, драмски и детски писател и есеист, академик Петре М. Андреевски за романот "Последните селани", словенечкиот поет Томаж Шалалмун за поетската книга "Амбер" и српскиот поет и преведувач Миљурко Вукадиновиќ за поетската книга "Америка е не/заградено лозје" се ...
Тиражите на американските дневни весници во периодот април - септември 2005 година опаднале за 2,6 проценти, или најмногу во споредба со кој и да е друг шестмесечен период од 1991 година, соопшти американското Биро за евиденција на тиражите.
Најмалку шест лица загинаа и десетици се повредени во два верижни судири што се случија вчера на автопатот Белград-Ниш. Едната несреќа се случила кај мотелот "Јерина" во близина на Смедерево и во неа учествувале еден автобус, шест шлепери и десетина патнички автомобили.
Групата "Про етнос" при ансамблот за народни игри и песни на Македонија "Танец" денес ќе настапи во Панчево - СЦГ. Со овој концерт ќе биде отворен традиционалниот фестивал "Етно глас" што се одржува секоја година во овој град.
Документарниот филм "Децата од 1948 година", на режисерката Сузана Динеска, вчера беше прикажан во Домот на АРМ, пред голем број живи сведоци на настанот кој го обработува: разделба на децата бегалци од родителите по граѓанската војна во Грција.
- Второстепената владина комисија денеска ќе ги разгледа жалбите поднесени од фирмите кои конкурираа за изработка на новите пасоши- ни изјави претседателот на Комисијата, адвокатот Петре Шилегов. Тој истакна дека денес Комисијата ќе се состане и ќе почне разгледувањето, што не значи дека одлуката ...
Весникот "Њујорк тајмс" од неодамна го објави Он-лајн изданието на својата книга "Водич на Њујорк тајмс - 1 000 најдобри филмови на сите времиња". Филмот "Пред дождот" на Милчо Манчевски е единствениот од Југоисточна Европа што е вклучен на листата на најдобри, според угледниот дневен весник.
По преуспешниот настап на "Охрид фест 2005" и победата во поп- вечерта со "Немам право" (балада која на сите радиостаници ги ужива своите хитовски предиспозиции), и по макфестовската награда за интерпретација со "Расцветај", охриѓанецот Ѓоко Танески се подготвува за нов фестивал.
Манифестацијата која ги наградува македонските поп- изведувачи и автори "12 величествени", се уште е со неизвесен термин на одржување- средината на декември или во февруари. Гласањето за номинираните ќе биде исклучиво преку СМС и преку интернет страница, на кои ќе има и посебна заштита, од еден ...
В недела на 13 ноември, во организација на Суре схотз ентераинмент, во дискотеката "Процесс" гостува англискиот диџеј Сиелкеј. До 23 часот картата е 150, а по полноќ 200 денари. Ресидент диџеи се диџеј Панчо, Ака Шорти и диџеј Цваре.
"Сандеј телеграф" јавува дека италијанскиот нобеловец, драмскиот писател Дарио Фо, решил да стане тоа што најмногу го презирал - политичар и се кандидира за градоначалник на Милано. Весникот пишува дека својата политичка кампања Фо решил да ја почне со напад врз британскиот премиер.
Деновиве во сите поголеми музички салони низ Македонија е дистрибуиран новиот, трет албум на битолската панк-група "Паркети". Албумот со наслов "Тајната на името" содржи 16 нови песни. Новиот материјал е снимен во нивното студио во Битола, а миксан во Скопје, во студиото Тра-ла-ла.
Триесет и седумгодишниот Д.Г. од тетовско Рогачево, чувар во "Жито Полог", во понеделникот вечерта од пиштол си испукал куршум в глава. Инцидентот по којшто ранетиот е пренесен прво во тетовската болница, а оттаму во Скопје, во Ургентниот центар, се случил во службените простории на фирмата.
"Направивме чекор напред. Имаше конструктивни предлози, кои на вечерашниот состанок ќе им бидат презентирани на жителите на Визбегово. Повеќе не можам ништо да ви кажам. Како понатаму ќе се одвиваат работите, зависи само од жителите на Визбегово.
Подготовките за претстојниот детски фестивал "Поточиња", што треба да се одржи напролет, трет пат, се во полн ек. Во моментов, како што не информираше едниот од организаторите Александар Кипровски, а со оглед на тоа што веќе се избрани песничките и се познати учесниците, се работи на ...
Визбеговци излегоа на улица. Со блокади на сите приоди во селото вчера ги почнаа протестите против изградбата на кампот за азиланти. Тракторите и земјоделските машини уште пред седум часот изутрина беа паркирани на сите влезови и го запреа сообраќајот.
Со првата клапа кај кружниот тек во скопско Дебар маало, во близина на кафетеријата "Бастион", започна снимањето на новиот игран филм "Папокот на светот" во режија на Игор Иванов - Изи. "Ова ќе биде скопски филм, кој алудира на времето во кое живееме", рече Изи по завршувањето на првиот кадар.
"Веќе ништо не може да и стави крај на граѓанската војна која со секој изминат ден се шири во се повеќе делови на земјата", се вели во соопштението на Синдикатот, додавајќи дека полицајците веќе се на крајот на издржливоста и најавуваат дека многу брзо може да падне нивниот морал Нередите во ...
Европската филмска академија ги објави номинациите за Европските филмски награди. 1 600 членови на ЕФА ќе гласаат за победниците кои ќе бидат претставени на церемонијата на 3 декември во Берлин. Три номинирани филмови имавме можност да ги видиме на фестивалот "Браќа Манаки": Канскиот лауреат ...
Новоназначената директорка на Клиниката за неврологија доц. д-р Дијана Никодијевиќ (екс Кедева) уште не седната во фотелјата се обидува да ги спроведува налозите за палетата што "некој" посакува да се форсира во оваа институција, тврдат компетентни медицински извори.
Со голема музичка фешта, затсиноќа во Универзална сала се одржа свеченото доделување на наградите на годинешниот Интернационален фестивал на ТВ продукција на ромска јазик “Златно тркало”, по трет организациран од ТВ БТР – Национал.
Во Стоковната куќа "Меркатор" во Крањ, доцна во петокот дојде до оружен грабеж. Маж на возраст од 30-тина години со пиштол ја натерал касиерката да му ги даде сите пери. Откако таа одбила, тој самиот зел 200.000 толари (834 евра) и заминал.
Дел од Јужниот булевар што ги опфаќа сообраќајниците Теодосиј Гологанов во населбата Тафталиџе и Адолф Цибировски во Хром, деновиве и официјално ќе биде пуштен во употреба. Според надлежните во Градот, иако на овој потег веќе неколку дена се одвива сообраќај, тој се уште не е целосно изграден.
Големото, најавувано, дерби помеѓу ланските финалисти во првенство и Купот на Македонија Ф. Работнички и Вардар О не ги исполни очекувањата. Обично се вели дека за игра се потребни двајца. Овојпат ги немаше со исклучок на првите 17 минути (39:34).
Првото коло на вториот од трите круг на македонската Прва фудбалска лига најмногу радост му донесе на лидерот Македонија Ѓ.П. "Лавовите" со 4:0 ја прегазија Брегалница К. во Штип и се заврстија на чело на табелата со три бода предност пред градските ривали Работнички К. и Вардар. Македонија Ѓ.П.
Општина Ѓорче Петров постави "легнати полицајци" на пофреквентните улици и на коловозите пред основните училишта во Општината. Побезбедни за пешаците ќе бидат улиците Панајот Гиновски, Островска, 4 Јули, Мечкин Камен, Социјалистичка зора и Лука Геров, главните улици во Волково и во Кучково.
- Како е комшија, кај си тргнал? - Еве, дететето фатило инфекција на горните респираторни патишта, синуситис ли, отитис, не знам - па тргнав до аптека да му купам перорална суспензија - амоксицилин во форма на трихидрат и калвуланска киселина во форма на клавуланат калиум.
Падот на ценовните ограничувања на Македонскиот пазар на капитал од плус-минус 10, на максимум плус минус 5, предизвика многу нервоза кај берзанските играчи. Пред се кај шпекулантите и ризичните инвеститори, како и кај дел од брокерите кои остваруваа енормни профити за краток период.
Се чини, повеќе и не е толку важно дали Оркестарот во Македонската опера и балет (ќе) штрајкува. Не само поради тоа што ова синдикално средство за изборување на работничките права кај нас се претвори во фарса, во своевидна општествена карикатура на состојбите во кои "правата" речиси редовно ги ...
Гарантен фонд преку кој државата ќе ги гарантира кредитите за малото стопанство, најверојатно, ќе профункционира при крајот на ноември, односно со задоцнување од два месеци. Наместо 30 септември, како што Владата зацрта во Акциониот план за спроведување на економската програма, овој Фонд, во блиска ...
Преку настап со жива свирка се препознава кој е кој, а бендот "Културно-уметнички работници", алијас "К.У.Р." во саботата во Лајф радио клуб и тоа како докажа дека се за највисока оценка. Изведбите на новите и на десетте познати теми ("Супер Дечки“,“Пеце“,“Денот да е радосен“, “Фишермен“, “Ги сакам ...
Неповолната хидролошка состојба во третиот квартал од годината, придонесе изворот "Студенчица" катадневно да се намалува. За илустрација, последните 30-тина дена протокот на водата од изворот е намалена за повеќе од 200 литри во секунда.
Есенва, работниците на винарската визба "Бовин" од Неготино, преработија 600 тони висококвалитетно грозје. Од овие количества, 250 тони грозје се набрани од сопствените површини со винова лоза, а другите се откупени од кооперантите- лозари.