TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Втор ден од третата фаза на разоружувањето

А1 - 06.12.2003

Граѓаните најмногу се интересираат за легализација на оружјето што го поседуваат без дозвола, ова е главна карактеристика на вториот ден од третата фаза на разоружувањето. Во најуспешните општини во скопско, околу една третина од предаденото оружје е за уништување, а две третини за легализација.

Досега собрани повеќе од 13.000 парчиња оружје

Дневник - 06.12.2003

РАЗОРУЖУВАЊЕ Последната трета фаза од акцијата за доброволно предавање и собирање огнено оружје, муниција и експлозивни материи и легализација на оружјето почна вчера, кога од хеликоптер требаше да бидат исфрлени 500 илјади летоци претежно во селските средини.

Оперативниот центар незадоволен од ангажманот на партиите

Утрински - 05.12.2003

Денеска ќе почне третата и последна фаза од акцијата за собирање на нелегалното оружје ?Политичките партии во државава, освен вербалната поддршка на акцијата за собирање на нелегалното оружје, не направија ништо за да влијаат кај своето членство за подигнување на јавната свест за потребата од ...

Новинарите најзаинтересирани за собирањето на оружјето

Утрински - 05.12.2003

Трибина На новинарите во државава, кои пишуваат за акцијата за доброволно предавање на оружјето им е побитно колку пушки и пиштоли ќе се предадат на пунктовите, отколку да се смени свеста на луѓето за употреба на оружјето, изјави Иван Андреевски, претседател на Здружението на Македонија, на ...

Се очекува третата фаза од разоружувањето да биде најуспешна

А1 - 04.12.2003

Оперативниот центар се надева дека третата последна фаза од акцијата за собирање на нелегалното оружје во земјава, ќе биде најуспешна. “Очекуваме помасовно учество на граѓаните со оглед на информациите кои ги имаме“, изјави Благоја Марковски.

МВР ќе апси лица со нелегално оружје по 15 декември

Утрински - 04.12.2003

Хари Костов на Координативното тело >„Можеби Македонија по завршувањето на акцијата за предавање на нелегалното оружје ќе личи на полициска држава, но само за оние кои ќе поседуваат нелегално оружје, а демократска за оние кои ќе ги почитуваат законите", рече министерот за внатрешни работи Хари ...

По 15-ти декември, санкции за оние кои имаат нелегално оружје

А1 - 03.12.2003

По 15-ти декември, полицијата ќе прави контроли и ќе ги применува санкциите предвидени со законот за лицата кои поседуваат нелегално оружје, повтори денеска министерот за внатрешни работи Хари Костов на 8-та седница на координативното тело за разоружување.

Акцијата за разоружување во Македонија е успешна

Утрински - 02.12.2003

Трибина на Институтот за воено и мирнодопско истражување за собирањето на нелегалното оружје Со тековната акција за собирање на оружјето, без разлика на конечните резултати, не може да се очекува да биде собрано целото нелегално оружје во државата, а со оглед на актуелната политичка ситуација во ...

Најмногу оружје е предадено во источна, централна и јужна Македонија

А1 - 01.12.2003

Граѓаните во централна, јужна и источна Македонија, најмногу вратиле нелегално оружје во досегашнава акција, соопшти денеска офицерот за операции Благоја Марковски. Во западниот дел на земјава, одsивот е слаб. Една од причините е ставот на ДПА дека се додека целосно не се спроведе Охридскиот ...

Акцијата за разоружување нема да се пролонгира по 15 декември

Утрински - 01.12.2003

Благоја Марковски ја оценува втората фаза како задоволителна Симон Илиевски ОХРИД - Акцијата за разоружување ќе заврши на 15 декември во 16 часот и според законот по тој рок не ќе може да се предава нелегално оружје. Ова е ставот на Благоја Марковски, офицер на Оперативниот центар за спроведување ...

По 15 декември Законот ќе ги разоружува граѓаните

Дневник - 01.12.2003

РАЗОРУЖУВАЊЕ Координативното тело за разоружување нема да го продолжува терминот за собирање на нелегалното оружје, кој е до 15 декември. Според Благоја Марковски, офицер за операции во координативното тело, успех ќе биде ако дотогаш бидат собрани пет-шест илјади парчиња оружје.