TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Клиниките ги трошат резервите со лекови

А1 - 23.09.2007

Клиниките ги трошат резервите со лекови планирани за до крајот на месецот. Министерството за здравство не презема ништо и тврди дека снабдувањето со лекови и медицински материјал се врши редовно и без застој. Сепак, состојбата на терен говори нешто друго.

На клиниките има лекови за уште десетина дена

А1 - 22.09.2007

На клиниките лекови има за уште десетина дена. Директорите се во паника. Прават барања за набавки до Заеднички служби, бидејќи министерот одлучи наместо преку клиниките, тие да одат преку оваа служба. Клиниките се уште не биле подготвени за ова.

Вработени во Клинички растргнати меѓу две работни места

Утрински - 21.09.2007

На околу 50 вработени од бившата клиничка управа кои со трансформацијата беа распределени во клиниките не им се знае работното место. Тие се растргнати меѓу две работни места, зашто секојдневно се шетаат на релација клиника, каде што се распределени по трансформацијата на Клинички центар, и бившата ...

Вработени во Клинички центар не знаат каде работат

Дневник - 21.09.2007

Педесетина вработени во управата на Клиничкиот центар сега, по неговата реорганизација, половина од работното време се во клиниките, а другата половина се ангажирани во Заеднички служби. - Не знаеме ни што ќе работиме ни од каде ќе земеме плата следниот месец - коментираат тие.

Синдикатот ќе ги брани хонорарците, но не со штрајк

Време - 21.09.2007

НЕИЗВЕСНА СУДБИНАТА НА ПРИВРЕМЕНО ВРАБОТЕНИТЕ Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар ќе ги преземе сите правни мерки и ќе се заложи хонорарците да останат на своите работни места, вели претседателот Дејан Ставриќ. Штрајкот, според д-р Ставриќ, во моментов не бил во опција.

Клиниките годишно ќе трошат 380.000 евра за управни одбори

Време - 21.09.2007

ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО СКАПО ЌЕ ГИ ЧИНИ КЛИНИКИТЕ Околу 1.000 евра месечно или 12.000 евра на годишно ниво ќе треба да издвои секоја клиника за да ги плати паушалите на членовите на управните одбори што најдоцна до крајот на идната недела ќе треба да се формираат на секоја клиника.

Синдикат: Отпуштањата ќе бидат на штета на клиниките

А1 - 20.09.2007

Синдикатот ќе бара одговорност од директорите на клиниките доколку ги избркаат од работа вработените со договор на дело. Клиниките за изминатиов период вложиле многу во обуката на специфичен кадар и нивното отпуштање ќе биде на нивна штета.

Хонорарците не смеат да останат на улица

Време - 20.09.2007

СИНДИКАТ НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР Синдикатот на Клиничкиот центар нема да дозволи хонорарците ангажирани со договор на дело да останат без работа, вели д-р Дејан Ставриќ, првиот човек на самостојниот синдикат - Во сите формални и неформални средби со министерот Имер Селмани добивавме ветувања дека по ...

Синдикатот нема да дозволи отпуштања во Клинички

А1 - 19.09.2007

Синдикатот на Клинички нема да дозволи да бидат отпуштени 468-те вработени по договор на дело во клиниките. Тие се уште не се организациски комплетирани и затоа директорите немаат право да ги бркаат луѓето кои со години вршат одговорна работа, особено за време на дежурства, велат во Синдикатот.

Хонорарците ќе останат на улица

Време - 19.09.2007

СО ТРАНСФОРМАЦИЈАТА НА КЛИНИЧКИ Лицата вработени со договор на дело преку Агенциите за привремени вработувања ќе останат без работа доколку така одлучат директорите на клиниките во кои со години работеле. Иако Министерот Имер Селмани ветуваше дека со трансформацијата на Клиничкиот центар никој нема ...

Поделбата ќе ги остави клиниките без лекови

Утрински - 19.09.2007

На клиниките кои десетина дена работат како посебни установи постои опасност да се јави недостиг од одредени лекови и потрошен медицински материјал, а кај некои да се продлабочи кризата и да нема со што да работат. Ова произлегува оттаму што, откако се поделија, клиниките не знаат како да продолжат ...

Хонорарците на клиниките ќе извисат

Утрински - 19.09.2007

Со поделбата на Клинички центар, околу 400 медицински сестри, болничари и друг помошен персонал на клиниките не е исклучено да се најдат на улица. Прашан дали ќе бидат задржани на работа, министерот за здравство Имер Селмани смета дека тоа е работа на директорите на клиниките.

Ќе извисат хонорарци од Клинички

Дневник - 19.09.2007

Најверојатно нема да бидат примени во редовен работен однос повеќето од вкупно 400 медицински сестри, техничари и други, кои со години хонорарно работат во Клиничкиот центар. Министерот за здравство вчера нагласи дека без работа нема да останат само тие што биле редовно вработени пред да се ...

Клиниките пред недостиг од медицински материјали

Дневник - 19.09.2007

За набавките директорите утре ќе разговараат во Министерството за финанансии и во Бирото за јавни набавки, најавува министерот Селмани На новоформираните клиники постои опасност од застој во снабдувањето со неопходните медицински материјали, бидејќи се сопрени јавните огласи што ги распишала ...

400 вработени на клиниките може да останат без работа

А1 - 18.09.2007

Над 400 вработени со договор на дело на клиниките може да останат без работа, откако ќе им истече договорот. Директорите на клиниките сами ќе одлучуваат, дали и колку од нив им се потребни за работа. Министерот Селмани денеска и официјално потврди, дека откако ќе им заврши договорот клиниките ...

Им се заканава отпуштање на 500тини хонорарци вработени во некогашниот клинички со договори на дело

Канал5 - 18.09.2007

На 500-тини хонорарци, вработени со договори на дело во некогашниот клинички центар им се заканува отпуштање. Директорите по клиниките ќе одлучат колку од нив им се потребни, останатите ќе останат без работа. На 500-тини хонорарци, вработени со договори на дело во некогашниот клинички центар им се ...