TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ДИК и Хелсиншкиот комитет со спротивни ставови за изборите

А1 - 09.05.2004

Претседателот на Државната изборна Комисија (ДИК) Стево Пендаровски и претседателката на македонскиот Хелсиншкиот комитет(ХК) за човековите права Мирјана Најчевска, денеска излегоа со сосема спротивставени ставови за вториот круг на неодамнешните претседателски избори, на кои и официјално победи ...

Црвенковски во среда ќе биде инаугуриран за претседател

А1 - 09.05.2004

Црвенковски нема утре да биде инаугуриран за шеф на државата. Спикерот Јордановски најави дека седницата ќе ја закаже најверојатно за в среда, бидејќи се уште не го добил дописот од Државната изборна комисија со кој се потврдува дека изборите се завршени, и дека Црвенковски е избран за претседател.

Гласот на разумот дојде од Врховниот суд

Дневник - 08.05.2004

ИНТЕРВЈУ: СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДИК Одлуката на Врховниот суд јасно ги разграничува работите и остава простор за флексибилно постапување и на највисокиот изборен орган. Не ми е пријатно сознанието дека Врховниот суд, а не ДИК, која имаше таква шанса, донесе ваква одлука, за која лично ...

Уважен дел од жалбите на ВМРО-ДПМНЕ, Црвенковски сепак пред инаугурација

Време - 08.05.2004

ВРХОВЕН СУД Врховниот суд уважил дел од 18-те жалби што овластениот предлагач на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев ги поднел за претходните решенија, со кои Државната изборна комисија (ДИК) ги одби сите 184 приговори за нерегуларности во изборниот процес.

Новата влада ќе се формира во јуни

Утрински - 06.05.2004

Инаугурацијата на Бранко Црвенковски најверојатно ќе се случи в понеделник, 10 мај Со владиниот кабинет раководат Шекеринска и Манасиевски КАТИЦА ЧАНГОВА Бранко Црвенковски ќе стапи на новата функција претседател на државата, најверојатно, в понеделник, на 10 мај, а во јуни ќе имаме нов премиер и ...

ВМРО-ДПМНЕ упати 18 жалби до Врховниот суд

Утрински - 06.05.2004

Избори Изборниот штаб на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев, преку Државната изборна комисија вчера упати до Врховниот суд 18 поднесоци во вид на жалби на одлуката на ДИК за одбивање на приговорите упатени до неа во врска со нерегуларностите за време на изборите.

Црвенковски ќе биде инаугуриран на 7 или на 10 мај

Утрински - 05.05.2004

НАЈАВА Свечената собраниска седница на која Бранко Црвенковски ќе биде инаугуриран за нов шеф на македонската држава ќе се одржи на 7 или на 10 мај, најави во изјавата за медиумите претседателот на Собранието и в.д.претседател на државата, Љупчо Јордановски.

ВМРО-ДПМНЕ ќе бара независна експертиза

Утрински - 05.05.2004

Опозицијата ќе се жали до Врховниот суд Одлуката на Државната изборна комисија да ги одбие сите приговори на овластениот претставник на претседателскиот кандидат Сашко Кедев, што се однесуваат на 184 избирачки места, е вовед во апсолутистичко владеење на СДСМ, оцени вчера портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, ...

Кондарко: Победата на Црвенковски чиста како солза

Утрински - 05.05.2004

Изборниот штаб на СДСМ ги отфрла обвинувањата "Победата на Црвенковски е чиста како солза", изјави вчера Борис Кондарко, портпарол на социјалдемократите, во врска со обвинувањата дека СДСМ "фатила врски" во ДИК да ги отфрли приговорите од штабот на Кедев.

Приговорите на ВМРО-ДПМНЕ се неосновани

Време - 05.05.2004

СДСМ ТВРДИ Приговорите за текот на гласањето што ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ се апсурдни и неосновани, велат во СДСМ. - Одлуката на ДИК да ги отфрли сите приговори покажа дека забелешките на ВМРО-ДПМНЕ се неосновани и дека изборите се спроведоа во согласност со законот, коректно и демократски - изјави ...

Новиот претседател ќе биде инаугуриран најдоцна в понеделник

Време - 05.05.2004

ЦРВЕНКОВСКИ СЕ ПРОСТИ ОД ПРЕМИЕРСКИОТ КАБИНЕТ Диана Младеновска Премиерот Бранко Црвенковски, кој како претседателски кандидат на СДСМ, според се уште неконечните резултати на Државната изборна комисија (ДИК), освоил мнозинство гласови на претседателските избори, вчера на владината седница им се ...

ДИК воведува апсолутизам на СДСМ

Дневник - 05.05.2004

ВМРО-ДПМНЕ ОБВИНУВА За нас Црвенковски е старото грдо лице на Македонија, вели Владимир Ѓорчев, партиски портпарол Државната изборна комисија се стави во служба на Бранко Црвенковски и на воведувањето на апсолутизмот во Македонија, оцени вчера ВМРО-ДПМНЕ.

Приговорите беа апсурдни

Дневник - 05.05.2004

СДСМ тврди Државната изборна комисија со тоа што ги отфрли приговорите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ постапи правилно, бидејќи целосно им беа неосновани, тврди Борис Кондарко, портпарол на СДСМ. Според него, се покажа дека целта на раководството на ВМРО-ДПМНЕ не била да се намали разликата помеѓу ...

ВМРО-ДПМНЕ: ДИК во служба на СДСМ

Вест - 05.05.2004

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Државната изборна комисија-ДИК дека со одбивањето на 184-те приговори поднесени за изборни неправилности од претседателскиот кандидат Сашко Кедев, се ставила во служба на СДСМ. Портпаролот Влатко Ѓорчев изборниот процес го нарече "лажиран и лакрдија".

Приговорите на Кедев отфрлени со силата на мнозинството

Утрински - 05.05.2004

Како решавала Државната изборна комисија по поплаките на ВМРО-ДПМНЕ за изборни неправилности во вториот круг Силата на мнозинството, во сооднос 7 спрема 2, 6 спрема 3 и најтесната 5 спрема 4, била секогаш решавачки фактор за да се одбијат приговорите на ВМРО-ДПМНЕ, па дури и тогаш кога биле ...

СДСМ: Приговорите на ВМРО-ДПМНЕ до ДИК не држат вода

Вест - 05.05.2004

СДСМ смета дека сите приговори доставени до Државната изборна комисија од ВМРО-ДПМНЕ немаат никаква правна основа и не држат вода, соопшти вчера пртпаролот на Социјалдемократите Борис Кондарко. Тој застана во одбрана на решенијата на ДИК по приговорите, велејќи дека изборите биле согласно сите ...

СДСМ: Приговoрите на ВМРО ДПМНЕ беа неосновани

А1 - 04.05.2004

Откако Државната изборна комисија ги одби сите поднесени приговори на ВМРО ДПМНЕ за нерегуларности во изборниот процес, социјалдемократите констатираат дека приговорите биле неосновани и без правна основа. ВМРО ДПМНЕ поднеле приговори и за избирачки места каде што нивниот кандидат победил, вели ...

ВМРО ДПМНЕ очекува прифаќање на приговорите

А1 - 04.05.2004

ВМРО ДПМНЕ очекува дека Врховниот суд ќе ги прифати приговорите на оваа партија поднесени за нерегуларности во вториот круг од изборите, кои државната изборна комисија ги одби сите до еден. ВМРО ДПМНЕ ја обвини комисијата дека се ставила во функција на Црвенковски, зашто досега во ниту еден изборен ...

ДИК ги одби сите 184 приговори од ВМРО-ДПМНЕ

Утрински - 04.05.2004

По разгледување на жалбите за неправилности во вториот изборен круг Решението ВМРО-ДПМНЕ ќе го обжали до Врховниот суд на Македонија, а ќе бара и меѓународна експертиза Државната изборна комисија во текот на вчерашниот ден ги одби како неосновани сите 184 приговори за постапката на гласање ...

ДИК е слепа за бруталното силување на изборите

Дневник - 04.05.2004

ВМРО-ДПМНЕ ОБВИНУВА ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од намерата да побара независни меѓународни експерти да извршат анализа на целосниот изборен материјал Ќе се жалиме до Врховниот суд зашто некои од членовите на ДИК едноставно не сакаат да видат дека на денот на изборите е извршено брутално силување на ...

ДИК се сопна во вториот круг

Дневник - 04.05.2004

Коментар - Тодор Пендаров Од 184 приговори што беа поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, а се однесуваат на вториот круг на претседателските избори, Државната изборна комисија не прифати ниту еден! Одлука која зачудува ако се има предвид дека и домашните и меѓународните набљудувачи регистрираа груби инциденти ...

Отфрлени сите приговори на ВМРО-ДПМНЕ

Дневник - 04.05.2004

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА Комисијата утврдила дека девет приговори на ВМРО-ДПМНЕ се издржани, но ги отфрлила зашто прегласувањето немало да влијае на конечниот резултат Државната изборна комисија вчера ги отфрлила како неосновани сите 184 приговори за неправилности во постапката за гласање, кои ги ...

ВМРО-ДПМНЕ ќе се жали до Врховниот суд

Време - 04.05.2004

ДИК ГИ ОДБИ СИТЕ ПРИГОВОРИ Државната изборна комисија ги отфрли сите 184 приговори од овластениот претставник на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев, за гласањето во вториот круг од претседателските избори. ВМРО-ДПМНЕ најави дека по добивањето на решенијата за отфрлање на ...

ДИК ги одби сите приговори на ВМРО-ДПМНЕ

А1 - 03.05.2004

Државната изборна комисија не прифати ниту еден од 184-те приговори што ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ во врска со постапката на гласањето. „ДИК рано изутрина ги разгледа 184 приговори кои поднесени од официјалниот преставник на претседателскиот кандидат Сашко Кедев.