TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Фрлена кашикара пред кафе бар и бифе

Вест - 22.02.2007

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СКОПСКАТА НАСЕЛБА ТОПААНСКО ПОЛЕ Рачна бомба "кашикара" вчераутро била фрлена на улицата Тале Христов пред бифе билјардот "Нечко" и кафе-барот "Џани" во скопската населба Топаанско Поле. Од силната детонација предизвикана е голема материјална штета, но, жртви и повредени нема.

Фрлена „кашикара“ во кафе-бар и билјард

Време - 22.02.2007

ВО СКОПСКИ ЧАИР Рачна бомба „кашикара“ била фрлена на улица во скопската населба Чаир, вчераутро, соопшти полицијата. Од експлозијата на бомбата за среќа нема повреден, а била причинета само материјална штета на околните објекти.

„Кашикара“ пукна пред два кафулиња во Топанско Поле

Утрински - 22.02.2007

Искршени прозорски стакла и оштетен автомобил е билансот на вчерашната експлозија на улицата „Тале Христов“ во скопската населба Топанско Поле. Рачна бомба „кашикара“ околу 3,30 часот експлодира на асфалтот пред кафулињата „Нечко“ и „Џани“, кои биле полни со гости.

„Кашикара“ фрлена пред два локала

Дневник - 22.02.2007

Нема повредени во експлозија на рачна бомба што ја фрлиле засега непознати лица вчераутро пред два локала во скопската населба Скопје-Север. Според полицијата, инцидентот се случил во 3.30 часот на улицата Тале Христов. „Кашикарата“ била фрлена пред кафе-барот „Џани“, сопственост на Мусли И.

Кашикара фрлена пред локали

Вечер Прес - 22.02.2007

Бомба кашикара експлодирала откога вчера утро била фрлена меѓу два локала на улица во скопската населба Топаанско поле, соопштуваат од полицијата. Во експлозијата, за среќа, немало повредени. Причинета била само материјална штета на два локала што биле во непосредна близина и на еден паркиран ...

Експлозија на бомба во Скопје Север, нема жртви

А1 - 21.02.2007

Експлозија на бомба во Скопје Север, нема жртви, но причинета е материјална штета. Кашикара од кинеско производство, се уште непознати сторители, ноќеска околу три часот и 30 минути, фрлиле меѓу кафе билјардот „Нечко“ и кафе барот „Џани“, лоцирани во една од трите кули на улицата „Тале Христов“.