ЕКСПЛОЗИЈА ВО СКОПСКАТА НАСЕЛБА ТОПААНСКО ПОЛЕ Рачна бомба "кашикара" вчераутро била фрлена на улицата Тале Христов пред бифе билјардот "Нечко" и кафе-барот "Џани" во скопската населба Топаанско Поле. Од силната детонација предизвикана е голема материјална штета, но, жртви и повредени нема.
ВО СКОПСКИ ЧАИР Рачна бомба „кашикара“ била фрлена на улица во скопската населба Чаир, вчераутро, соопшти полицијата. Од експлозијата на бомбата за среќа нема повреден, а била причинета само материјална штета на околните објекти.
Искршени прозорски стакла и оштетен автомобил е билансот на вчерашната експлозија на улицата „Тале Христов“ во скопската населба Топанско Поле. Рачна бомба „кашикара“ околу 3,30 часот експлодира на асфалтот пред кафулињата „Нечко“ и „Џани“, кои биле полни со гости.
Нема повредени во експлозија на рачна бомба што ја фрлиле засега непознати лица вчераутро пред два локала во скопската населба Скопје-Север. Според полицијата, инцидентот се случил во 3.30 часот на улицата Тале Христов. „Кашикарата“ била фрлена пред кафе-барот „Џани“, сопственост на Мусли И.
Бомба кашикара експлодирала откога вчера утро била фрлена меѓу два локала на улица во скопската населба Топаанско поле, соопштуваат од полицијата. Во експлозијата, за среќа, немало повредени. Причинета била само материјална штета на два локала што биле во непосредна близина и на еден паркиран ...
Експлозија на бомба во Скопје Север, нема жртви, но причинета е материјална штета. Кашикара од кинеско производство, се уште непознати сторители, ноќеска околу три часот и 30 минути, фрлиле меѓу кафе билјардот „Нечко“ и кафе барот „Џани“, лоцирани во една од трите кули на улицата „Тале Христов“.