TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

21 златен медал за американците на светското првенство во Мелбурн

А1 - 01.04.2007

Пливачките натпревари и машкото ватерполо финале за крај на светското првенство во водни спортови во Мелбурн, на кое доминираа американците со вкупно 21 златен медал , пред Русите со 11 најсјајни одличја. Фантастичниот Мајкл Фелпс го обезбеди најбогатиот златарски штанд.

Фелпс го освои и шестиот златен медал на светското првенство во Мелбурн

А1 - 31.03.2007

Најдобриот пливач на планетата Мајкл Фелпс го освои и шестиот златен медал на светското првенство во спортови во вода во Мелбурн. Најтрофејниот пливач на денешнината е на вистински пат кон подвигот што досега никој не го остварил, да се закити со осум најблескави трофеи на големите натпреварувања.

Петто злато за Фелпс со светски рекорд на 4х200 м слободно

Утрински - 31.03.2007

Лохте со најдобар резултат во историјата на 200 м грбно на СП во пливање во Мелбурн Мајкл Фелпс го освои својот петти златен медал на 12. Светско првенство во спортови на вода во Мелбурн, учествувајќи во соборувањето на светскиот рекорд со американската штафета 4х200 м слободно.

Македонците не ги остваруваат пријавените резултати

Дневник - 31.03.2007

Моника Спасова го освои 60. место на 50 метри пеперутка, а во истата дисциплина Елена Поповска беше пет места послабо пласирана во квалификациските трки на Светското првенство за спортови на вода, што се одржува во Мелбурн (Австралија).

Сензационална победа на Лохте над Пирсол

Вест - 31.03.2007

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ВОДНИ СПОРТОВИ ВО МЕЛБУРН Американецот Рајан Лохте барем за момент го стави Мајкл Фелпс во втор план приредувајќи голема сензација во финалето на 200 метри грбно на Светското првенство во водни спортови во Мелбурн: го порази Арон Пирсол.

Македонските пливачи и натаму со скромни резултати во Мелбурн

А1 - 30.03.2007

Македонските пливачи и натаму постигнуваат скромни резултати на светското првенство во водни спортови во Мелбурн. Сите четворица наши претставници денеска во квалификациите испливаа времиња послаби од резултатите со кои беа пријавени.

Фелпс сериски убиец на рекорди

Дневник - 30.03.2007

Вчера светски рекорди постигнаа и Американката Вазири и штафетата на САД четири пати 200 слободно, жени Мајкл Фелпс (САД) постигна уште еден светски рекорд, вчера, трет во три дена, на СП во Мелбурн. Ова му е 4. злато на ова СП, а најави дека можеби ќе тера до 8.

Поповска со подобро време од пријавеното

Дневник - 30.03.2007

Елена Поповска се пласира на 76. место во пливачката дисциплина 100 метри слободно, на СП во Мелбурн, во вчерашните квалификации. Таа ја исплива својата делница за 1:00,73 минута, а имаше пријавено време од 1:01,00. Квалификациите ги завршија 128 пливачки.

Фелпс не знае за доста

Утрински - 30.03.2007

Американецот со нов светски рекорд на 200 м мешано, Вазири си го израмни рекордот на 50 м грбно, а САД со рекорд и на 4х200 м слободно Продолжува доминацијата на Мајкл Фелпс на 12. Светско првенство во спортови на вода во Мелбурн, каде што во петтиот натпреварувачки ден повторно собори светски ...

Феноменалниот Фелпс пак исплива светски рекорд!

Време - 30.03.2007

СП ВО ВОДНИ СПОРТОВИ Феноменалниот американски пливач Мајкл Фелпс (21) продолжува да ја „мати“ водата во базенот во Мелбурн, Австралија, каде што се одржува Светското првенство (СП) во водни спортови, откако вчера повторно постигна нов светски рекорд, сега во дисциплината 200 метри мешано.

Дајте ми вистински услови за работа и ќе направам европски шампион!

Време - 30.03.2007

МАРЈАН СОКОЛОВСКИ, ШЕФ НА МАКЕДОНСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА НА СП Дајте ми вистински услови за работа, 365 дена во годината да работат базените, платени подготовки за нашите репрезентативци четири пати во годината по 21 ден, помош во исхраната и витаминизацијата и јас ќе направам шампиони на Европа и ...

Македонците шарени и без симболи

Дневник - 30.03.2007

Нашите иселеници биле вџашени што репрезентативците ни се облечени кој како можел , но се задоволни што Македонија е претставена под уставното име Македонските иселеници во Австралија биле вџашени од изгледот на нашите репрезентативци на Светското првенство во спортови на вода, во Мелбурн, кои таму ...

Едни пливаат, други манипулираат

Вечер Прес - 30.03.2007

Сакавме на повеќе спортисти да им дадеме шанса да се натпреваруваат на СП во Мелбурн, како услов за добивање вајлд карта за ЛОИ 2008. Сите уште во Скопје ја знаеја одлуката на УО и сега не обвинуваат дека едни биле привилегирани, други не, вели Зоран Алексов, претседател на ПФМ Обвинувањата од ...

Елена Поповска не го поправи впечатокот во Мелбурн

А1 - 29.03.2007

Нашата пливачка Елена Поповска не го поправи впечатокот за инфериорниот настап на македонските репрезентативци на светското првенство во водни спортови. Трката на 00 метри слободно таа ја заврши за една минута и 73 стотинки со што во конечниот пласман беше 76-та од 128 натпреварувачки.

Фелпс шокиран колку е брз

Вест - 29.03.2007

УШТЕ ЕДЕН СПЕКТАКУЛАРЕН ДЕН НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ВОДНИ СПОРТОВИ ВО МЕЛБУРН На Светското првенство во водни спортови во Мелбурн и вчера продолжија да паѓаат светски рекорди, а шоуто повторно го украде Мајкл Фелпс. На Светското првенство во водни спортови во Мелбурн и вчера продолжија да паѓаат ...

Три нови светски рекорди во Мелбурн

Утрински - 29.03.2007

Најбрзи во историјата: Фелпс на 200 м пеперутка, Маноду на 200 м слободно и Вазири на 50 м грбно, Мелули прв Тунижанец со злато од СП „Дожд“ од рекорди донесе и четвртиот натпреварувачки ден на пливачкиот дел во базен на 12. Светско првенство во спортови на вода во Мелбурн, за што се погрижија ...

Фелпс го растура базенот

Дневник - 29.03.2007

Покрај Американецот, светски рекорди вчера постигнаа Маноду и Вазири Мајкл Фелпс го постигна својот втор светски рекорд во пливачкиот дел од Светското првенство во спортови на вода во Мелбурн, а Лор Маноду и Лејла Вазири вчера додадоа уште по еден светски рекорд.

Фелпс во елемент

Вечер Прес - 29.03.2007

Американецот Мајкл Фелпс го освои третото злато на СП во Мелбурн соборувајќи уште еден светски рекорд во пливање, овојпат на 200 метри пеперутка - 1:52,0 минута што е за 1,17 секунда подобро време што го постави на Пан пацифик игрите, минатата година, во Канада.

Мајкл Фелпс го поправи сопствениот светски рекорд на 200 метри пеперутка

А1 - 28.03.2007

Три нови светски пливачки рекорди на мундијалот во спортови на вода во Мелбурн. На четвртиот ден во Род Лејвер арената продолжи и незапирливиот јуриш на најдобриот пливач на планетата Мајкл Фелпс кон осумте златни трофеи што си ги постави како цел. Нашите повторно резултатски при дното.

Наместени при сместувањето во Мелбурн

Дневник - 28.03.2007

Двајца тренери тврдат дека македонскиот тим погрешно е организиран на штета на нивните пливачи, а првиот човек на ПФМ смета дека „бараат преку леб погача“ Македонската пливачка репрезентација на СП во Мелбурн е неправедно поделена во два дела: привилегирани и „аутсајдери“, тврдат пливачките тренери ...

Четири светски рекорди во Мелбурн

Утрински - 28.03.2007

Третиот ден на СП донесе најдобри времиња во историјата на Фелпс и Пелегрини на 200 м слободно и на Кафлин и Пирсол на 100 м грбно Американецот Мајкл Фелпс го урна светскиот рекорд на Јан Торп на 200 м слободно, освојувајќи го златниот медал во оваа дисциплина на 12.

Светски рекорди се истурија врз Австралија

Дневник - 28.03.2007

Американските пливачи Мајкл Фелпс, Ерон Пирсол, Натали Кофлин и нивната колешка од Италија, Федерика Пелегрини, постигнаа светски рекорди вчера, во Мелбурн , на Светското првенство во спортови на вода. Фелпс му украде дел од славата на пензионираниот Ијан Торп со соборување на неговиот светски ...

Поплава од рекорди

Вечер Прес - 28.03.2007

Пливачите Натали Колин, Мајкл Фелпс и Арон Пирсон освоија уште три златни медали за репрезентацијата на САД. Во трката на 200 метри слободно Фелпс го собори рекордот на Јан Торп, Австралија (1:44,06) поставен во јануари 2001 година пливајќи со време од 1:43,86 минута.

Соборени четири светски рекорди на пивачкото првенство во Мелбурн

А1 - 27.03.2007

Нов симболичен настап на нашите пливачи на светското првенство во Мелбурн. Миро Крстевски на 200 метри пеперутка беше 55-ти, меѓу 64 натпреварувачи. Мирјана Стојанова 98-ма, во конкуренција на 106 пливачки кои остварија пласман во трките на 200 метри слободно.

Мирјана Сотјанова меѓу најслабите пливачки во Мелбурн

А1 - 26.03.2007

Новата генерација македонски пливачи периодов се натпреварува со елитата на светското првенство во спортови во вода кое се одржува во Мелбурн. Мирјана Стојанова денеска беше 76-та меѓу 86-те пливачки во квалификациите на 100 метри грбно. Таа беше трета во нејзината група со резултат 1.1.5.07.

Мелбурн

Утрински - 26.03.2007

Тој победи во финалето на 400 м слободно, со што го фрли во сенка успешниот старт на шампионите Фелпс и Маноду Парк Тае-хван стана прв пливач од Јужна Кореја со светска титула, забележувајќи сензационална победа во финалето на 400 м слободно на Светското првенство во Мелбурн.