СЛУЧАЈ КИДНАПИРАНИ МАКЕДОНЦИ Лидерот на ДУИ Али Ахмети наскоро во својство на сведок треба да се појави пред истражниот судија што го води случајот за дванаесеттемина Македонци киднапирани во војната во 2001 година. Адвокатот на роднините на киднапираните Ванчо Шехтански во вторникот побара од ...
РАЗГОВОРИ Семејствата на киднапираните Македонци имаа неколкучасовна средба со првиот човек на Министерството за внатрешни работи, Љубомир Михајловски, кој ги советувал да бидат трпеливи во разрешувањето на судбината на 12-те Македонци на кои им се изгуби секаква трага за време на воениот конфликт ...
ШЕХТАНСКИ наЈави Полицијата наскоро ќе го реши случајот со дванаесеттемина Македонци киднапирани во воениот конфликт во 2001 година, вели адвокатот на роднините, Ванчо Шехтански, по завчерашниот разговор со министерот за внатрешни работи Љубомир Михајловски.
Али Ахмети од идната недела најверојатно ќе биде поканет во судот како сведок за киднапирањето на 12-те тетовчани. А1 дознава дека вчера од Основниот суд 2, каде што се води постапка против Даут Реџепи Лека, тоа го побарал адвокатот на семејствата на киднапираните, Ванчо Шехтански.
По 3 часа напната средба во една од бараките на МВР, семејствата на 12-те киднапирани заминаа за Тетово. Досегашниот неуспех да се реши енигмата за нивните блиски кулминирал кога министерот Љубомир Михајловски ги советувал да имаат трпение.