УВОДНИК - Катерина Блажевска Власта треба да престане да смислува небулозни решенија од типот Облешево-Чешиново или Чешиново-Облешево. Тоа е исто како да ве уверуваат дека има квалитативна разлика помеѓу Александар Гештаковски и Гештаковски Александар Помина новата територијална организација.
"Ако ние го блокираме магистралниот пат Штип-Кочани нашата блокада ќе биде многу посилна од онаа на Облешево. Тогаш, покрај Кочани, Виница, Берово и Делчево, ќе биде отсечена и Бугарија. Во атарот на Чешиново нема алтернативни и споредни патишта како што има кај Облешево.
РЕАКЦИЈА НА ВЛАДИНИОТ ПРЕДЛОГ Жителите на Чешиново не дозволуваат Владата да експериментира со нивната волја и нема да го прифатат предлогот за одржување референдум за името и седиштето на општината, заклучи Советот на општината Чешиново на вчерашната вонредна седница.
По предложеното решение на премиерот Костов за спорот помеѓу двете општини Облешевци велат дека ќе излезат на предложениот референдум, додека чешиновци не сакаат ни да чујат Иван Бојаџиски ШТИП - Постигнатиот договор помеѓу Владата, од една страна и облешевци од друга, во врска со спорот околу ...
Советот на општината Чешиново денеска не го прифати владиниот предлог за референдумско изјаснување на граѓаните од 14 населени места, кои треба да решат каде ќе биде новото седиште и кое ќе биде новото име на општината. Никој од Чешиново не присуствувал на вчерашната средба со Премиерот Костов, ...
ПОМИРУВАЊЕ НА СКАРАНИТЕ СОСЕДИ КАЈ ПРЕМИЕРОТ КОСТОВ Ако победат чешиновци, општината ќе се вика Чешиново, а административниот центар ќе биде во Облешево. Ако на рефрендумот се побројни облешевци, тогаш општината ќе биде во Облешево, но општинската зграда во Ч На вчерашниот неколкучасовен разговор ...
СЕДНИЦА НА ВЛАДА Жителите на четиринаесетте села што гравитираат околу Облешево на референдум ќе се изјаснат дали сакаат нивната општина да биде со седиште во селото Облешево или, пак, како што предлага Владата во законот за територијална поделба, во селото Чешиново.
Владата и облешевци се договорија Владата и Облешевци вчера постигнаа договор веднаш да ги тргнат блокадите на магистралниот пат Штип - Кочани кај Облешево и во најскоро време да се одржи изјаснување на граѓаните од 14 околни населени места за тоа дали седиштето на општината ќе биде во Облешево или ...
Четири дена по обновената блокада, Владата на Облешевци денеска им понуди референдум, на кој жителите од 14 населени места ќе се изјаснат, каде ќе биде седиштето на општината, во Облешево или во Чешиново. Кое место ќе победи, тоа ќе добие и општина. Таа ќе има двојно име.
ПОВТОРНО БЛОКАДИ Граѓаните што веќе три дена ги блокираат двете ленти на магистралниот пат што минува низ Облешево се закануваат дека ќе го раскопаат патот во знак на револт поради неусвоените амандмани општината да не се припојува кон Чешиново.
Доцна завчеравечер опозициските лидери беа на блокадите кај Облешево Облешевци завчера беа посетени од лидерите на опозицијата Никола Груевски, Васил Тупурковски и Павле Трајанов Иван Бојаџиски ШТИП - Источната магистрала и вчера остана блокирана кај Облешево.
Трет ден од обновената блокада на магистралниот пат Штип-Кочани-Делчево. Сообраќајот на овој пат е блокиран во двата правца, на влезот на селото Облешево каде од петокот се поставени тезги и земјоделска механизација. Автомобилите минуваат преку заобиколните патишта, но камионите се блокирани ...
Уште во петокот вечер кога парламентарното мнозинство го одби амандманот за општината Облешево, жителите од ова село веднаш излегоа на главниот магистрален пат Штип - Кочани и го блокираа. На патот повторно се поставени трактори, камиони и големи трупци.
Повторно блокирана источната магистрала Гневните облешевци ги обвинуваат чешиновци дека употребило валкани пари за укинување на нивната општина Иван Бојаџиски ШТИП - Со тезгиња од блискиот сточен пазар, четириесетина трактори, камионски приколки и со жива сила, жителите на Облешево прексиноќа ...
НОВА БЛОКАДА Жителите на Облешево ќе го прекопаат магистралниот пат ако не им се врати општината, изјави вчера градоначалникот Бранко Ѓорѓиев. - На магистралниот пат ќе изградиме детско игралиште и шеталиште, а владата нека гради нова магистрала преку Чешиново.