Лазар Магдинчев, вториот македонски тениски рекет, е оптимист пред решавачкиот дуел со Луксембург, во Еш сир Алзет, за опстанок во Првата евроафриканска зона, што ќе се игра во следниот викенд (21-23 септември). Вториот рекет до вчера попладне не беше на чисто дали ќе патува со репрезентацијата.
Селекцијата на Македонија патува во најсилен состав предводен од Предраг Русевски кој ќе тренира една недела на новата брза подлога во Луксембург Најдобрата македонска, тениска Девис куп репрезентација утре патува за Луксембург, каде што ќе се бори за опстанок во првата Евро-африканска зона.
Македонскиот тенисер Лазар Магдинчев и Србинот Горан Тошиќ им дадоа силен отпор на третите носители во двојки, Русите Александар Красноруцки и Александар Кудрјавцев, од кои загубија со 6-4, 3-6, 10-6 во четврт-финалето на челинџерот „БМВ Љубљана опен“, со награден фонд од 50.000 американски долари.
ПЕЛИСТЕР НА ТЕШКИ МАКИТЕНИС Најдобриот македонски тенисер Предраг Русевски уште во првото коло го заврши настапот на БМВ Љубљана опен-турнирот, вреден 42.500 евра, кој се игра во словенечката престолнина. Русевски завчера со 3-6, 1-6 загуби од босанскиот тенисер Иван Додиг.
Русевски елиминиран во првото коло на челинџерот во Љубљана, на кој Магдинчев и Србинот Тошиќ успешно стартуваа во двојки РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Новиот капитен на машката тениска репрезентација на Македонија, Дејан Маринковиќ, реши со истиот состав од последните два натпревара со Финска и со Словачка ...
Новиот селектор Маринковиќ не го менува составот на македонската репрезентација иако се игра на бетонска подлога, во сала Дејан Маринковиќ, новиот селектор на Дејвис-куп репрезентацијата на Македонија, не промени ништо во составот за решавачкиот дуел против Луксембург, во битката за опстанок во ...
АТП-ЛИСТА Четворицата македонски тенисери рангирани според АТП направија скокови на листата во оваа недела на најновото рангирање меѓу тенисерите. Најдобриот наш тенисер воопшто, Предраг Русевски сега се најде на 261. место на АТП, скокајќи за 10 места на АТП-листата, со тенденција веќе во следната ...
Предраг Русевски скокна десет места на АТП-листата во сингл и оваа седмица е 261., доближувајќи се на само шест позиции до својот и македонски рекорден ранкинг од 6 август годинава, кога беше 255. Во двојки, пак, најдобриот македонски тенисер е две места подобар, односно 272.
Нашиот најдобар тенисер Предраг Русевски напредуваше за 10 места на ранг-листата. Пецко од вчера е 261. тенисер на светот со 144 поени. Тој завчера го загуби финалето во двојки во Алфен, Холандија, играјќи со Французинот Жереми Шарди. Подобри од нив со 3-6, 3-6 беа 2.
Првиот македонски рекет Предраг Русевски и Французинот Жереми Шарди загубија со 6-3, 6-4 од вторите носители Леонардо Аѕаро од Италија и Ловро Зовко од Хрватска во финалето на челинџерот во Алфен ан ден Рајн, Холандија, со награден фонд од 50.000 американски долари.
Предраг Русевски вчера попладне настапи во финалето во игра на двојки во Алфен, Холандија, а неговиот репрезентативен колега Лазар Магдинчев не стаса до завршниот меч во Брашов, Романија. Заедно со талентираниот француски тенисер Жереми Шарди, Русевски им излезе на мегдан на 2.