Кога почна кампањата за овие парламентарни избори сметав дека наспроти мене ќе имам борба со сината и портокаловата идеологија. За жал како што поминува времето јас не знам за што да дискутирам, ниту со сините, ниту со портокаловите, зошто таму не гледам ниту ставови ниту аргументи, а уште помалку ...
„Хрватска 2000-та година, ќе ве потсетам, кога ние го потпишувавме договорот за асоцијација со ЕУ беше во публиката и завидуваше на Македонија што оди напред, а тие стојат во публика. Србија која е петпати поголема од нас, ние таа 2000-та година имавме петпати поголеми државни резерви од нив, а ...
Нема силна држава без силен земјоделец, затоа ќе вложиме преку 150 милиони евра во развој на земјоделието им вети синоќа на кочанчани лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој ги потсети на времето кога како министер за финансии и покрај воениот судир придонел откупната цена на оризот да биде ...
ВМРО-НП Партиите да кажат кој колку троши за кампања, а надлежните институции да проверат од каде им се парите, побара Валентина Божиновска, член на извршниот комитет на ВМРО-НП, вчера, на прес-конференција. - СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ трошат многу пари за изборна кампања.
ИНТЕРВЈУ: Владо Бучковски Премиерот и лидер на СДСМ очекува Груевски да извиси на 5. јули Соња Крамарска Господине Бучковски, многу сте насмеан на митинзите. На што се темели Вашиот голем оптимизам дека ќе избегнете пораз од десницата? - Ние, односно СДСМ, одиме на избори за да победиме, а не за да ...
Лидерот на ВМРО - Народна партија Љубчо Георгиевски на вечерашниот митинг во Штип рече дека три месеци откако неговата партија ќе дојде на власт, ќе биде донесен закон за стечајците, а ќе го заживеат и градежништвото и земјоделството Штип, 23 јуни (МИА) - Лидерот на ВМРО - Народна партија Љубчо ...
Четири години ја чекаме оваа влада да видиме барем еден добар резултат од нејзиното владеење, треба ли да ја чекаме уште четири години, праша неформалниот лидер на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски на митинг синоќа во Валандово. Тој не заборави да ги потсети валандовчани на времето пред четири години кога ...
БИТОЛА По 14 месеци, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-НП во Советот на општината Битола е на стаклени нозе и веројатно ќе биде раскината. Непосреден повод за ваквата политичка одлука е смената на директорот на ЈП „Нискоградба“ Никола Јовановски, кадар на ВМРО-НП.
И МАКЕДОНСКИТЕ ПАРТИИ ПО СТАПКИТЕ НА ДУИ И ДПА Група од 70-ина активисти на СДСМ вчераутро, околу два часот, во близина на ТЦ "Рамстор" нападнале околу 30 активисти од ВМРО-ДПМНЕ, кои во центарот на Скопје лепеле плакати, реагираше вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
ВЧЕРА ВО ЦЕНТАРОТ НА Огнен Чанчаревиќ Активисти на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ вчера имале блиска средба во која било стрелано од огнено оружје, во близината на трговскиот центар „Рамстор“ во центарот на Скопје. Во инцидентот биле испукани десетина куршуми, но, за среќа, немало повредени.
Инцидент со употреба на огнено оружје во центарот на Скопје Борис Георгиевски Активисти и симпатизери на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ предизвикале меѓусебна тепачка и пукале од огнено оружје во непосредна близина на трговскиот центар „Рамстор", во ноќта помеѓу средата и четвртокот.
И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека противниците употребиле калашникови Вистинска улична војна на активистите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, со истрели од огнено оружје и со масовни тепачки, се случила прексиноќа на улиците во центарот на Скопје.
ВМРО-Народна партија вчера го раскина договорот за соработка со ВМРО-ДПМНЕ во Битола, кој на двете партии им овозможи да ја добијат власта ВМРО-Народна партија вчера го раскина договорот за соработка со ВМРО-ДПМНЕ во Битола, кој на двете партии им овозможи да ја добијат власта.
СДСМ бара Габриела Коневска јавно да им се извини што ставила знак на равенство меѓу нив и ВМРО ДПМНЕ кога вчера изјави дека има сознанија оти партијата на Груевски во кампањата трошела пари што ги нема на нивната редовна сметка.
ВМРО-Народна партија на денешната прес-конференција ги обвини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дека трошат огромна сума пари за изборната кампања. Скопје, 23 јуни (МИА) - ВМРО-Народна партија на денешната прес-конференција ги обвини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дека трошат огромна сума пари за изборната кампања.
Полицијата не знае кој го предизвикал инцидентот меѓу партиските активисти на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ. Се уште немаат утврдено одговорност чии партиски членови пукале од автоматски пушки и пиштоли и се тепале за изборни постери.
Активисти на ВМРО-ДПМНЕ повторно се нападнати завчераноќ во центарот на Скопје. Триесетина членови на Унијата на млади сили, кои лепеле плакати долж улицата кај Трговскиот центар Рамстор, нешто по 2 часот по полноќ, без никаков повод биле пречекани и нападнати од група од над 70 активисти и високи ...
Откако САД и ЕУ успеаа да ги скротат ДУИ и ДПА, инцидентите се префрлија во македонскиот политички блок. По првата мирна ноќ, синоќа скандалозен инцидент во центарот на Скопје. Тепачка меѓу активисти на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, која кулминираше со рафални истрели од пиштоли и калашников.
ВМРО-ДПМНЕ Министерството за внатрешни работи да каже кој ги нападна нашите активисти вчеравечер додека лепеа плакати во скопската населба Чаир, бидејќи целата акција била претходно испланирана и координирана. Ова го побара Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, вчера на прес-конференција.
Различни стратегии во кампањата на двете најмоќни партии Жаклина Ѓорѓевиќ Млади луѓе во движење, двајца како се бакнуваат, фудбалер кој шутира топка. Ова се симболите со кои некои партии ја почнаа предизборната битка, употребувајќи полежерни сцени за да се претстават пред граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ го повикува МВР да каже кој ги нападнал пред две вечери нивните активисти во скопската населба Чаир додека лепеле плакати и да преземе законски мерки против сторителите. „Околу 24,15 часот на улицата ’Втора македонска бригада‘ врз активистите на ВМРО-ДПМНЕ е пукано во два наврата со ...
Со овие избори почнува нова ера во Македонија, посветена на економијата, им вети Груевски на велешани Соња рамарска Велес - Ако само за две вечери ви дојдат и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на митинг, можеби ќе бидете на мака за кого да гласате.
МВР го потврди инцидентот, но полициската верзија е дека било пукано во воздух, а не во активисти на ВМРО-ДПМНЕ Оружените инциденти од вчера не се „ексклузивитет“ само на албанскиот политички блок. По неколкуте пресметки на ДУИ и ДПА, синоќа нешто по полноќ, двпати било пукано и врз активисти на ...
Битолскиот градоначалник Владимир Талевски вчера го разреши од функцијата в.д. директор на „Нискоградба“, кадарот на ВМРО-НП, Никола Јовановски. За директор на претпријатието сега е назначен независниот советник Драги Гроздановски, поранешен директор на Агенцијата за разузнавање.
Кој пукал во два часот после полноќ меѓу трговскиот центар Рамстор и зградата на Нова Македонија? И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со исти аргументи, секој во своја корист. Груевски го обвини Бучковски дека пратил 70- тина партиски активисти, со оружје да ги заплашат неговите лепачи на плакати.
Првиот закон кога ќе дојдеме на власт ќе биде законот со кој стечајните работници со 25 години работен стаж ќе добијат пензија, бидејќи се жртва на македонската транзиција, рече неформалниот лидер на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски, на митингот во Неготино и Кавадарци.
Победата во нашето финале на 5 јули ќе се памети долго, потоа ќе го искорениме криминалот и шверцот и ќе се справиме со олигархијата. Ова го вети синоќа пред велешани лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Знае дека криминалците ќе се борат и ќе дадат силен отпор, но бил подготвен да им се ...
Недозволиво е вклучување на помлади од 18 години во кампањите на политичките партии, смета Драган Змијанац, извршен директор на Детската амбасада „Меѓаши“ Малолетници се ракуваат со партиски лидери, веат знамиња, лепат плакати, пишуваат графити и на други начини деновиве бранат партиски бои.
ВО КАМПАЊАТА СТРАДА И РЕКЛАМНИОТ МАТЕРИЈАЛ Александра М. Митевска Искинати плакати, прелепени билборди, исчкртани постери, се дел од атмосферата и во ова предизборје и од оваа кампања. Партиите меѓусебно се обвинуваат за уништување на рекламниот материјал, а ретко кој се сеќава на Изборниот ...
ШЕЕСЕТИНА МЛАДИНЦИ ПРЕМИНАА КАЈ ГРУЕВСКИ Околу 60 члена од Унијата на млади сили од Општинскиот комитет на ВМРО-НП од Кисела Вода вчера преминаа во ВМРО-ДПМНЕ. Од ВМРО-НП велат дека тоа се малолетни лица што никогаш не биле во партијата и најавија тужби за злоупотреба на деца во политички цели.
Кампањата во голем дел личи и на кампања за партиски избори во СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Борис Георгиевски Предизборната кампања за изборите досега во голем дел личи и на кампања за внатрепартиски избори во двете најголеми политички партии- СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, и партиите кои произлегоа од нив - НСДП и ...
Злоупотреба ВМРО-ДПМНЕ презентираше повеќе од 20 малолетни деца кои преминале од редовите на ВМРО-Народна во нивната партија. Довчерашни припадници на Унијата на млади сили на „народњаците" од скопската населба Кисела Вода, предводени од претседателот Стојанче Зафировски, вчера на прес-конференција ...
Шеесетина члена на УМС на ВМРО-Народна партија од Драчево вчера преминаа во УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Според Стојанчо Зафировски, кој се претстави како довчерашен претседател на младинскиот разгранок на ВМРО-НП од Кисела Вода, причина за таквата одлука била намерата на Љубчо Георгиевски да влезе во ...
ВО САБОТАТА ВО СКОПЈЕ Максимата на историското ВМРО доживеа трансформација преку дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ, која со одбележувањето на 113-годишнината од основањето се претставува како наследник на историската организација. На двојниот роденден, годишнината од основањето на историската ВМРО и ...
СДСМ ЈАВНО СЕ ПОЖАЛИ Изборниот штаб на СДСМ вчера на1 прес конференција се пожали дека на неколку места во градов биле искинати плакати со партискиот лидер Владо Бучковски. СДСМ одговорноста за тоа ја префрли на активисти на ВМРО -ДПМНЕ, а на прес коонференцијата беше речено дека партијата како ...
Кампања СДСМ смета дека ВМРО-ДПМНЕ покрај поставувањето плакати на Никола Груевски на недозволени места, почнала и крајно нецивилизирано да ги уништува билбордите на СДСМ со кинење и прелепување со слики од Груевски. „Зарем Никола Груевски нема свој тим и свои луѓе, па на нивните глави да ги залепи ...
Дваесеттина младинци од ВМРО Народна со транспаренти на ВМРО ДПМНЕ се промовираа како нови членови на партијата на Груевски. Велат дека заминале од кај Георгиевски зашто нивни извори им поткажале дека се подготвува наводна коалиција на ВМРО Народна и на СДСМ.