TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Германците ги бараат причините за поништениот тендер

Вест - 05.12.2008

Германската компанија РВЕ и австриската Вербунд не потврдуваат дали ќе се појават на повторниот тендер за избор на инвеститор за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште.

Тендер по тендер, државата без струја

Утрински - 05.12.2008

Распиши, па отпиши, стопирај, па повторно започни... И постојано истото, работите никако да излезат од овој маѓепсан круг, наречен тендери во енергетиката.

Конкурс удавен во плитка вода

Дневник - 05.12.2008

Уште многу вода ќе протече во Црна Река додека да ги добиеме првите киловати струја произведени во хидроелектраните „Чебрен“ и „Галиште“.

Две години во неврат, а молк за „Чебрен“ и за „Галиште“

Н.Македонија - 05.12.2008

Можете ли поконкретно да образложите зошто е поништен тендерот за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ е прашањето на кое вчера одговор не сакаше да даде ниту една надлежна институција.

„Чебрен“ и „Галиште“ - втор кикс

Н.Македонија - 05.12.2008

Прекомотно, како да има нуклеарна централа во дворот на Владата се однесуваат надлежните институции кога станува збор за енергетската состојба во земјава.

Четврток, 4 декември

BBC - 04.12.2008

НОВА МАКЕДОНИЈА насловната и првите три страници ги посветуваат на спорот со името. Весникот го пренесува грчкиот историчар Димитрис Литоксоу, кој вели дека грчкото присвојување на античка Македонија е еднакво на објавување војна, но заради членството во политички структури, војната се сведува на дипломатски натпревар околу симболите и името.

Неочекувано поништен тендерот за „Чебрен“ и „Галиште“

Утрински - 04.12.2008

Владата се фалеше дека до крајот на годинава ќе избере меѓу РВЕ и „Вербунт“: од отворањето на понудите на тендерот. Владата не дава прецизни објаснувања зошто се решила на таков чекор за проектот вреден 500 милиони евра. Маја Томиќ. Најголемата инвестиција на Владата во енергетскиот сектор, како што самата ја квалификуваше, ќе тргне од почеток.

Поништен конкурсот за „Чебрен“ и „Галиште“

Дневник - 04.12.2008

Поништен конкурсот за „Чебрен“ и „Галиште“. Австриски „Вербунд“ и германски РВЕ побарале да се променат рокот на концесија и обемот на учеството на државната компанија ЕЛЕМ во овој проект. Владата го поништи конкурсот за хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ и ќе објави нов во почетокот на следната недела, изјави вчера Фатмир Бесими, министер за економија.Според него, причина за поништувањето е ...

Владата го поништи тендерот за „Чебрен“ и за „Галиште“

Н.Македонија - 04.12.2008

Владата го поништи тендерот за хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ и ќе објави нов во почетокот од идната недела, изјави вчера министерот за економија Фатмир Бесими. Тој информира дека на тендерот биле доставени две понуди, но било констатирано дека има отстапувања од тендерските критериуми.

Пропадна тендерот за Чебрен

А1 - 03.12.2008

Најголемата инвестиција во енергетскиот сектор е на пат да пропадне. Станува збор за изградбата на две хидроцентрали на Црна Река проект за кој беа заинтересирани две големи европски компании. Владата го поништи тендерот за изградба на Чебрен и галиште поради пропусти во тендерската процедура. Со вакво објаснување е доведена во прашање инвестиција од околу 700 милиони евра.

Поништен тендерот за Чебрен и Галиште

Телма - 03.12.2008

Пропадна тендерот за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште на Црна Река. Откако тендерската комисија седум месеци ги разгледуваше двете пристигнати понуди од компаниите РВЕ од Германија и Вербунд од Австрија, Владата одлучи да го поништи тендерот. Како причина се наведува тоа што и во двете понуди имало отстапувања од критериумите предвидени во тендерската документација.

Поништен тендерот за хидроцентралите Чебрен и Галиште

Алсат-М - 03.12.2008

Пропадна тендерот за изградба на двете големи хидроцентрали Чебрен и Галиште бидејќи за Владата не беа прифатливи понудите на германски Ер–Ве–Е и на австриски Вербунд. Двете компании според Владата отстапиле од тендерските барања. Тендерот е повлечен и поради застарените податоци за хидропотенцијалот во Тиквешието, кои по грешка им биле презентирани на странските компании.

Идната недела нов тендер за „Чебрен“ и „Галиште“

Сител - 03.12.2008

Владата го поништи тендерот за хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ и ќе објави нов во почетокот од идната недела, изјави денеска министерот за економија Фатмир Бесими. Според него, на тендерот биле доставени две понуди, но било констатирано дека има отстапувања од тендерските критериуми.

Идната недела нов тендер за „Чебрен“ и „Галиште“

Канал5 - 03.12.2008

Владата го поништи тендерот за хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ и ќе објави нов во почетокот од идната недела, изјави денеска министерот за економија Фатмир Бесими. Според него, на тендерот биле доставени две понуди, но било констатирано дека има отстапувања од тендерските критериуми.

Наместо да избере инвеститор Владата го поништи тендерот за изградба на „Чебрен“ и „Галиште“

Канал5 - 03.12.2008

Владата на нов тендер ќе бара инвеститори за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“. По три месеци размислување конечно донесе одлука да го поништи тендерот оти компаниите отстапиле од тендерските критериуми, вели Министерот за економија Бесими.

Поништен е тендерот за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште, дознава Алфа Телевизија. Оваа одлука Владата ја ...

Алфа - 02.12.2008

Владата потврди, но не ги објаснува причините за поништување на тендерот за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште. Официјалното образложение го најавуваат за утре. Од министерството за економија ги потврдија сознанијата на Алфа ТВ дека иако се молчи тендерот е поништен уште на владината седница минатиот понеделник.

„Чебрен“ и „Галиште“ и светската економска криза

Утрински - 01.12.2008

Марко Пецески, Австрија. Понекогаш се прашуваме дали нешто навистина постои или е само плод на нашата фантазија. Секој зборува за тоа, секој знае по нешто за тоа, но никој не го видел. Приближно такво некое чувство имам за мегапроектот „Чебрен“ и „Галиште“.