Македонија и Црна Гора немаат отворени политички прашања Претседателот Бранко Црвенковски денеска во Охрид во рамките на Регионалниот економски форум за Југоисточна Европа, оствари средба со претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, кои што констатирале дека односите меѓу двете земји на политички план немаат отворени прашања, но и дека на економски план постои можност за интензивирање на ...
На маргините од економскиот форум на државите од регионот на Југописточна Европа во Охрид, Црвенковски оствари средба со неговито црногорски колега Филип Вујановиќ, кој го информирал македонскиот претседател дека до крајот на годината Црна гора ќе се обиде да стане земја кандидат за прием во Еропската унија На средбата двајцата pретседатели констатирале дека односите меѓу двете држави на ...
Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа загуби од репрезентацијата на Црна Гора со 2:1. За Црна Гора головите ги постигнаа Џудовиќ во 24 минута и Јоветиќ од пенал во 33 минута, додека за Македонија голот го постигна Горан Попов во 85 минута.
- Примивме гол каков несмееме да примиме, нешто што ни се случува често во последно време, а за вториот несакам да зборувам. Играчите треба да бидат малку побезобразни. Во играта ни недостасува само гол бидејќи создаваме многу шанси. Задоволен сум од пристапот на играчите и на натпреварот и на тренингот, истакна ...
Македонците најпријателски се настроени кон Црногорците, покажало истражување на Брима Галип, според кое дури 62,5 отсто од македонските испитаници ја доживуваат Црна Гора како најпријателска земја, пишува денесак подгоричкиот весник “Вијести“.
Македонците и Црногорците. Македонците и Црногорците најдобри пријатели, ова го покажува истражувањето на Брима Галуп. Според резултатите од истражувањето, Македонците најпријателски се настроени кон Црногорците, односно 62,5 отсто од македонските испитаници ја доживуваат Црна Гора како најпријателска земја.
Околу 70 отсто од жителите на Црна Гора сметаат дека независноста на земјата е “добра работа“ додека 77 отсто мислат дека одвојувањето од Србија ги подобрило шансите Црна Гора да се приближи до Европската унија, покажало истражувањето на “Галуп“.
Подгорица - Официјална покана на Црна Гора да стане полноправна членка во Јадранска повелба и' врачи македонскиот амбасадор во Подгорица, Стефан Николовски. Николовски во името на Македонија, која е претседавач со Јадранската повелба, му ја врачи официјалната покана на црногорскиот министер за надворешни работи Милан Роќен.