TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

В среда прегласување на 29 места во три региони?

Време - 15.07.2006

ВРХОВНИОТ СУД ГИ РЕШИ ИЗБОРНИТЕ ЖАЛБИ Врховниот суд, решавајќи ги жалбите од ДУИ и од ДПА, го поништи гласањето на 30 избирачки места со над 28 илјади избирачи од четири изборни единици. ДИК на вчерашната седница, која требаше да почне доцна попладне, требаше да одлучи каде ќе се повтори гласањето, ...

ДПА: Пријави за тројца комесари на СДСМ и на ДУИ

Време - 15.07.2006

НЕЗАДОВОЛСТВО ОД ОДЛУКАТА НА ВРХОВНИОТ СУД ДПА не е задоволна од одлуката на Врховниот суд да бидат уважени само 26 приговори со што на толку избирачки места треба да има прегласување. Партијата смета дека Врховниот суд можел да утврди кражба на гласови во сите избирачки места за кои се поднесени ...

Ќе се прегласува за четири пратенички мандати?

Утрински - 15.07.2006

Гласачки ливчиња се подготвуваат за три изборни единици, на избори можат да излезат 27.036 граѓани КАТИЦА ЧАНГОВА В среда, 19 јули, ќе се повторат изборите за пратеници на 29 гласачки места во три единици, каде што во осумте општини се запишани вкупно 27.036 граѓани.

Ќе се прегласува во 29 избирачки места

Дневник - 15.07.2006

Поради изборни неправилности во 30 избирачки места е поништено гласањето, а во 29 од нив в среда на 19 јули ќе има прегласување Поради изборни неправилности во 30 избирачки места е поништено гласањето, а во 29 од нив в среда на 19 јули ќе има прегласување.

ДИК ги преполни кутиите

Дневник - 15.07.2006

Не е „ситничарење“ кога се бара регуларност на гласањето и за пет-шест отсто од избирачките места од кои зависи дали некоја партија ќе има едно или две пратенички места повеќе или помалку. Само така може да се добие довербата во оние што ни се грижат за гласањето Лошо или мошне лошо гласање имавме ...

ДИК: Ќе се прегласува на 29 избирачки места

А1 - 14.07.2006

Сарај, Боговиње, Струга, Зајас, Врапчиште, Тетово, Сопиште и Гостивар. Ова се општините во кои ќе се прегласува на 29 избирачки места. Според пресметките на државната изборна комисија резултатите од прегласувањето во Сарај, Врапчиште, и во Гостивар, можат да влијаат дури на четири пратенички ...

Можно е прегласување на две избирачки места во Кондово

Утрински - 14.07.2006

На две избирачки места во Кондово, 2.451 и 2.452, што припаѓаат на Првиот регион е можно прегласување на 19 јули откако Врховниот суд на Македонија делумно ја прифати жалбата на коалицијата ДУИ - ПДП. Извесно е повторување на изборите уште на две гласачки места, во Боговиње и во Џепчиште, за кои ...

19-ти прегласување на 29 места, спорни четири мандати

Канал5 - 14.07.2006

Висат четири пратенички мандати по жалбите кои вчера ги усвои врховниот суд. Станува збор за два мандата во шестата тетовска изборна единица и по еден во првиот - скопски и петтиот охридско – битолски регион. Висат четири пратенички мандати по жалбите кои вчера ги усвои врховниот суд.

Прегласување на две избирачки места во Кондово

А1 - 13.07.2006

Прегласување на две избирачки места во Кондово. Ова денеска го утврди ДИК, откако Врховниот суд ја прифати жалбата од ова избирачко место. Ова е третото место, по Џепчиште и Боговиње, каде исто така ќе има прегласување. Од Врховниот суд за А1 велат дека ги прифатиле жалбите на ДПА за прегласување ...

Од 35 жалби до Врховниот суд, 24 се на ДПА

Утрински - 13.07.2006

Партијата на Арбен Џафери поднесе повеќе жалби за парламентарните избори до Врховниот суд отколку приговори до Државната изборната комисија. Највисоката судска инстанција треба да се произнесе за 24 жалби од ДПА, или за една повеќе од оние 23 кои ДИК ги одби како неосновани и непоткрепени со докази.

Врховниот суд прифатил дел од жалбите за изборни нерегуларности кои претходно ДИК ги отфрли

Канал5 - 13.07.2006

Се дознава дека Врховниот суд прифатил дел од жалбите за изборни нерегуларности кои претходно ДИК ги отфрли. Се дознава дека Врховниот суд прифатил дел од жалбите за изборни нерегуларности кои претходно ДИК ги отфрли. Се работи за шестата изборна единица.

Поништено гласањето во Џепчиште и Боговиње

Вечер Прес - 13.07.2006

Иако пред само четири дена ги одби сите 47 приговори од подносителите на кандидатски листи, Државната изборна комисија на завчерашната седница го поништи гласањето на две избирачки места. Станува збор за избирачките места 2004 во Џепчиште и 20073 во Боговиње.

Заврши рокот за жалби од партиите до Врховниот суд

А1 - 12.07.2006

Заврши рокот за доставување на жалби на партиите до Врховниот суд за изборни нерегуларности. Врховниот суд одлуката треба да ја донесе во рок од 48 часа по приемот на жалбите, а судската одлука ќе биде конечна. ДИК вчера донесе одлука да ги поништи резултатите од две избирачки места, во Боговиње и ...

Поништено гласањето во Џепчиште и во Боговиње

Утрински - 12.07.2006

Државната изборна комисија, на вчерашната седница, по службена должност го поништи гласањето на две места, во селото Џепчиште, Тетово, и во Општина Боговиње, кои територијално ч припаѓаат на Шестата изборна единица. Станува збор за избиралиштата 2.004 и 2.073 каде што записниците потврдуваат дека ...

Врховните судии ги разгледуваат партиските жалби

Утрински - 12.07.2006

Врховните судии, поделени во совети избрани со ждрепка, вчера почнаа да ги разгледуваат првите пет поднесени жалби од ВМРО-ДПМНЕ кои завчера по службена должност ги добија од Државната изборна комисија. Конечната одлука за овие приговори кои се однесуваат за нерегуларности во процесот на гласање се ...

Ќе се прегласува во Боговиње и во Џепчиште

Дневник - 12.07.2006

Изборите на две избирачки места во Боговиње и Џепчиште се поништени поради неправилноста на денот на гласањето. Ваква одлука вчера попладне донесе Државната изборна комисија по службена должност. Таму изборите ќе се повторат на 19 јули.

ДПА со 26, ВМРО-ДПМНЕ со 8 жалби

Вечер Прес - 11.07.2006

Ниту една политичка партија вчера не поднесе жалба до Врховниот суд за евентуални нерегуларности при гласањето на парламентарните избори. Претседателот на Врховниот суд Дане Илиев, вчера, посочи дека во текот на денот ниту една партија не се обратила до нив, но според него, по некое непишано ...

Во ОБСЕ незадоволни што ДИК ги одби сите приговори

А1 - 10.07.2006

Вработените во канцеларијата за демократски институции и човекови права при ОБСЕ се гневни што Државната изборна комисија ги одбила сите партиски приговори за изборни нерегуларности, а притоа воопшто не ги разгледала доказите на странските набљудувачи.

ДИК ги одби сите 47 приговори од партиите

Вест - 10.07.2006

Државната изборна комисија вчера ги одби сите 47 приговори за наводнби нерегуларности на парламентарните избори, како неосновани, што досега ги поднесоа политичките партии. На вчерашната седница ДИК не ги профати 24 приговори на ДПА, девет од ДУИ, 21 од ВМРО-ДПМНЕ и по еден приговор од СДСМ и ДОМ.

ДИК не ги прифаќа забелешките на партиите

Време - 10.07.2006

ПО ПОДНЕСЕНИТЕ ПРИГОВОРИ Државната изборна комисија (ДИК) вчера не прифати ниту еден од приговорите што за пет изборни единици ги доставија подносителите на листи на кандидати за избор на пратеници во Собранието, соопштија од комисијата, пренесува МИА.

ДИК ги одби сите 47 приговори доставени од партиите

Утрински - 10.07.2006

Следната инстанциа е Врховниот суд, каде во рок од 48 часа можат да се достават жалби на одлуките на ДИК Гордана Дувњак Државната изборна комисија, по речиси петчасовна расправа на вчерашната седница, не прифати ниту еден од разгледаните 47 приговори од шесте изборни единици доставени од ...

ДИК иако се подели, ги одби сите приговори за изборите

Вечер Прес - 10.07.2006

Државната изборна комисија не прифати ниту еден од 47-те приговори на подносителите на кандидатски листи. Според ДИК, приговорите од партиите не биле поткрепени со докази за неправилности во изборниот процес, иако ОБСЕ и ОДИХР јасно укажаа на изборни нерегуларности во петтата и шестатата изборна ...