Нови воени операции во палестинската автономија ГАЗА - Израелски тенкови, поддржани од хеликоптери, вчера навлегле во два палестински кампа за бегалци, во потрага по милитанти, предизвикувајќи престрелка, во која израелските војници застрелале еден Палестинец.
Во нападот на израелската војска на бегалскиот камп Бразил во градот Рафах на палестинската територија денеска загина еден Палестинец, а ранети се седум, јавија агенциите повикувајќи се на изјави на очевидци. Според истите извори во нападите учествувал и хеликоптер, а во кампот влегле 50-тина ...
ЕРУСАЛИМ, 13 септември, (АП) - Во четвртокот мнозинството Палестинци ја поздравија одлуката на нивниот парламент, кој побара оставка од кабинетот на Арафат, сметајќи го дека е корумпиран и неефикасен, но сепак се воздржаа од критики упатени кон Арафат лично.
По оставката на целата палестинска администрација Палестинскиот лидер Јасер Арафат разгледува начини за формирање нова администрација, по оставката на целиот кабинет. Групата министри во средата поднесоа заедничка оставка откако палестинските пратеници се заканија дека ќе го отфрлат тој состав, што ...
Лидерот на палестинската самоуправа Јасер Арафат распиша избори за 20 јануари идната година, откако вчера владата поднесе оставка. Во претходните два дена во Палестинскиот законодавен совет се водеше остра расправа, а кабинетот на Арафат беше соочен со гласање за доверба.
Палестинскиот претседател Јасер Арафат пресече РАМАЛАХ - Палестинскиот претседател Јасер Арафат вчера донесе одлука за закажување на претседателските и легислативни избори за 20 јануари. Потегот, соопштен за време на седницата на палестинскиот парламент, ја претвори администрацијата на Арафат во ...
Израелските вооружени сили рано изутрината влегоа во подрачјето во северниот дел на појасот Газа што се наоѓа под палестинска контрола, јавија западните агенции, повикувајќи се на очевидци. Околу 25 тенкови влегле во селото Беит Ханун, северно од градот Газа, а при влегувањето биле пречекани со ...
Еден припадник на палестинската разузнавачка служба е убиен, а други двајца ранети изутрината во акција на израелската војска во близината на градот Рамалах на Западниот Брег. Израелското радио јави дека нападот го извршиле припадници на израелските тајни служби.
Палестинскиот лидер говореше во парламентот Палестинскиот лидер Јасер Арафат им изјави на пратениците дека го осудува "секој терористички чин против израелските цивили", во неговото прво појавување пред палестинското собрание по 18 месеци.
Израелските сили ноќеска упаднаа во автономната палестинска зона, се до бегалските кампови Буреиј и Нусеират во појасот Газа, а во меѓусебната пресметка ранети се десет Палестинци, се дознава од палестинските извори за безбедност.