Американските медиуми Анџелина Џоли веќе ја нарекоа Бранџелина, според нејзиниот нов љубовник Бред Пит. Тој, велат медиумите, прекинал да пуши поради посвоените деца на Анџелина. Таа го замолила да прекине да пуши затоа што чадот му пречи на четиригодишниот Медокс и на малото бебе Захари.
Пратениците повторно само декларативно се обврзаа на поддршка во борбата против корупцијата. Едногласно ја поддржаа декларацијата на ЛДП, што по интервенцијата на ВМРО-НП, се претвори во резолуција, но засега е неизвесно дали некој ќе предложи и законски измени.
Поранешната сопруга на некогаш мега-популарниот англиски фудбалер Џорџ Бест со парите од разводот вгради силикони вредни 9.000 фунти, што не се срами да им ги покажува на папараците. Додека нејзиниот поранешен маж, на кого не му помогна ниту трансплантацијата на црниот дроб да престане да пие, ...
Претседателот на Советот на Град Скопје, Благоја Чоревски по којзнае кој пат од кога е на оваа функција се покажа како вистински домаќин. На високиот гостин од Германија, поранешниот амбасадор Ханс Лотар Штепан, кој се наоѓа во повеќедневна посета на Македонија, тој вчера му подари копија на ...
Како што впрочем и беше најавено на отворањето во "Процес" од оваа недела продолжува трендот на забави со светски познати диџеи. А во програмата за следните две недели се запишани имињата на Кени Доуп и Симус Хаји. Симус, еден од технички најнадарените хаус диџеи, ќе гостува в четврток на 20 ...
Јуџин Чаплин, синот на Чарли Чаплин пред три години беше почесен жири на првиот Интернационален ромски ТВ фестивал "Златно тркало". Тогаш беше најавена и филмската дива Софија Лорен (поради нејзината ромска жичка во потеклото), но и покрај сите напори организаторот Зоран Димов и ТВ БТР, не успеаја ...
Фабриката за автомобили "Застава", по договорот со "Фијат", сериозно преговара и со "Опел" за производство на "астра", која би требало да се продава на пазарот на Балканот. Голема е веројатноста дека до крајот на декември ќе биде потпишан договор со германската компанија за склопување на еден од ...
Основниот суд во Свети Николе, му изрече една година затвор на поранешниот директор на "Картонтекс", Киро Буровски. Осуден е поради злоупотреба на службената положба. Во исто време судот донесе одлука да забрани отуѓување на имотот на "Картонтекс" од страна на Експорт импорт банката.
Стотина производители на пченица од пелагонискит села, вчера неколку часа со својата земјоделска механизација го запоседнаа влезот на "Жито Битола" барајќи да им бидеат исплатени предадените количества пченица од годинашната реколта.
Вкупно 17 навивачи се повредени на стадионот на Црвена звезда во пресметката во текот на квалификациската средба меѓу СЦГ и Босна и Херцеговина, на која победија домаќините со 1:0. Шест лица се стекнаа со потешки повреди, кои се пренесени во Ургентниот центар и се задржани на лекување, а 11 се ...
Тетовецот Изаир Самии - Баци, осуден за недозволено држење оружје, во моментов штитеник на КПД Идризово, се лекува во Заводот за рехабилитација во Козле, дознаваме неофицијално од извори од затворот. Можеби и нема ништо чудно во сета оваа работа ако не е податокот што зборува за тоа дека тој ...
Модното студио "Црнокрак" поканува нови лица за пристапување во новата генерација манекени и фотомодели, од пет години нагоре, кои ќе бидат обучувани и натаму експонирани во идни проекти- ревии, каталози, музички спотови, календари, едиторијали, разни кампањи, промоции, презентации (телефони за ...
"Република Македонија", ама на Српски Метју Нимиц, специјалниот посредник на Обединетите нации во спорот со Грција за употребата на уставното името на Република Македонија, во наредните денови ќе излезе со трет конечен предлог, објави вчера атинскиот дневен весник "Та неа" повикувајќи се на ...
Четириесет и деветгодишниот В.С. од Битола, поранешен директор на РЕК "Битола" е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување, поради што против него е поднесена кривична пријава. Тој како вработен во ЕСМ - Подружница - Битола во јули 2000 година, склучил договор со фирмата "Мак ...
ХОЛАНДИЈА - МАКЕДОНИЈА 0:0 Стадион "Амстердам Арена". Гледачи 49.000. Судија: Стефано Фарина (Италија). Жолт картон: Ван Перси (Х) - Васоски, Г.Попов, Наумовски (М). ХОЛАНДИЈА: Ван дер Сар, Де Јонг, Опдам, Булахруз, Ван Бронкхорст, Ландзат (од 46' Снајдер), Мадуро (од 64' Давидс), Ван дер Варт, ...
Парламентарците вторпат го одбија предлогот на пратеничката група на ВМРО-НП, да се забрани официјалната употреба на туѓо знаме во Република Македонија. Првин како амандман, а сега и како предлог-измени на Законот за употреба на знамињата на заедниците.
Велешката дискотека "Down town" вечерва повторно ќе биде место каде што ќе се случи уште една луда журка, овој пат со целовечерно шоу ќе настапат минатогодишните ѕвезди на српската музичка "Гранд" продукција. Музичките сладокусци првпат ќе можат да ги слушнат младите ѕвезди со бисерни грла и ...
Оваа недела, новините за неколкуте струмички пејачи гласат вака: Елена Велевска викендов заминува за Франкфурт на настап. . . . Сузана Гавазова е во фаза на снимање на своето второ цеде (со композиторот Драги Станков). За песната "Могилска свадба" таа во битолското село Могила сними спот, со ...
Енвер Џафери, озлогласен криминалец, од пред неколку години бегалец од затворот во "Идризово", е човекот кој во понеделникот навечер со рачна бомба, во Чаир, на "Дижонска", рани двајца полицајци. Тој, според наши информации, во Идризово издржувал казна во траење од 14 години и три месеци.
По повод 8 октомври - Светскиот ден на Хоспис и Палијативното згрижување, групата "Синтезис", во саботата одржа хуманитарен концерт во Битеф Театар во Белград. На овој ден, во 51 земја во светот, точно во 20 часот се одржуваат хуманитарни концерти и се смета за еден од најголемите музички настани ...
Откако премиерот стана премиер, постојано слушаме како на Македонија и требаат "брендови", познати банки, индустриски гиганти, секој што нешто значи во светскиот бизнис. Зашто, нели, така ќе покажеме дека Македонија е сигурна земја за инвестирање, па полека-полека, ќе ни се зголеми вкупниот обем на ...
До Агенцијата за електронски комуникации, која функционира три и пол месеци, досега барање за нотификација поднеле и добиле над триесетина субјекти кои имаат намера да даваат услуги во телекомуникацискиот сектор. Од нив, четири би сакале да градат мрежи за кабелска телевизија и интернет, а само две ...
Дел од Јужниот булевар што ги опфаќа сообраќајниците Теодосиј Гологанов во населбата Тафталиџе и Адолф Цибировски во Хром, деновиве конечно ќе биде асфалтиран. Според надлежните во Градот, со пуштањето на целиот овој потег, од крстосницата со улицата "Московска" до Порта Влае, ќе се растовари ...
Сања Туњиќ (18) од Лукавац ја понесе титулата мис на БиХ за 2005, на неодамнешниот десетти босански избор за најубава дејвојка, одржан во сараевската "Зетра". Нејзе и припаднаа уште и две титули - мис телевоутинг и мис "Орифлејм".
Неодамна истурени екипа на БТР телевизија, по две недели престојуваа во повеќе европски градови. Целта им беше, промоција на сателитската програма на оваа скопска телевизија низ цела Европа. Цирко (на фотосот) беше на промотивна кампања во Белгија и Франција, Кољо во Италија, Дишо во Германија, а ...
На Свечената седница што по повод одбележувањето на празникот 11 Октомври - Денот на востанието на македонскиот народ, се одржа во Општина Кисела Вода присуствуваше и високиот гостин од Германија, поранешниот амбасадор Ханс Лотар Штепан.
Професор Вера Стојчевска - Антиќ, академик Бојан Шоптрајанов, поетот Ефтим Клетников, композиторот Благој Ценев, хорскиот диригент Ивица Зориќ и Рамзи Бала, дефектолог, се добитиниците кои вчера свечено ја примија традиционалната државна наградата "11 Октомври", за особени достигнувања во областите ...
Од тимот на Литиум рекордс и "Архангел" публиката ја известуваат со следниве зборови: "Дозволете ни само накратко да направиме една мала рекапитулација на случувањата на културен план во Македонија, во последните неколку месеци:..
Ѓорче Петров в година ќе добие нов булевар кој ќе ги поврзе јужниот и севернот дел на општината. Поранешната улица "Црвена армија" ќе се пробие до надвозникот над железничката пруга кај населба Даме Груев, со што ќе се формира новиот булевар "Македонска војска", најавува градоначалникот Сокол ...
Црквата "Свети Илија" во скопското село Ракотинци е делумно опожарена од пожар, кој избувнал ноќта меѓу четвртокот и петокот минатата недела. Нема повредени. Причинета е само помала материјална штета која додатно ќе се проценува.
Патнички авион "боинг" на кипарската авиокомпанија "Хелиос ервејз" кој летал од Ларнака до Лондон, бил принуден да се врати на Кипар, 15 минути по полетувањето, поради техничка неисправност. Откако забележал проблем со едниот мотор, пилотот решил да го врати авионот во Ларнака.
Шпекулации врз основа на исчекувања деновиве ја "запалија" Македонската берза. Енормниот скок на цената на акциите на три банки Комерцијална банка АД Скопје, Охридска банка а.д. и Стопанска а.д. Битола, ги фрлија во анализи сите финансиски експерти, банкари, но пред се инвеститори кои имаат на ум ...
За два месеца, такси-возилата во земјата ќе добијат нови скратени телефонски броеви. Како што велат од Агенцијата за електронски комуникации, до промена на досегашните скратени броеви ќе дојде во согласност со Планот за нумерација на јавните комуникациски мрежи и услуги, донесен во јули, годинава.
На редовниот репертоар во Домот на АРМ "се врти" филмот "Пепелашко", во режија на Рон Хауард, а со Расел Кроу и Рене Зелвегер во главните улоги. Филмот помалку претставува архаична приказна, инспирирана од животот на легендарниот спортист Џим Бредок, некогаш ветувачки боксер во тешка категорија, ...
На петочната седница на Советот на општина Штип со 12 гласа "за" и осум "против" штипските советници го разрешија директорот на Јавното прептријатие "Исар", Лазо Богатинов. Од правната служба на локалната самоуправа на општина Штип советниците добија толкување дека оваа нивна одлука се коси со ...
Во чест на "11 Октомври" во Прилеп, во Спортската сала "Македонија", се одигра традиционалниот, петти по ред, натпревар во мал фудбал помеѓу Народната банка на Македонија и Печатницата "11 Октомври" од градот под Марковите Кули. Петтиот натпревар заврши со победа на "банкарите" од 5:0.
Полицијата и Управата за јавни приходи во Пробиштип најдоа две "диви" спортски обложувалници. Тие не само што немале дозвола за работа, туку не ги плаќале ни давачките на државата. Објектите досега неколку пати биле пломбирани, одземани им биле и компјутерите за да се обезбеди вештачење за ...