TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Набавката на мазутот повторно проблем

Време - 09.10.2007

ОРАНЖЕРИСКО ПРОИЗВОДСТВО Субвенциите за раноградинарското производство што годинава изнесуваат 10 милиони денари не можат да ја компензираат енормно високата цена на мазутот, посочија вчера членовите на Групацијата за оранжериско и пластеничко производство во Стопанската комора на Македонија.

Мазутот прескап за градинарите

Дневник - 09.10.2007

Субвенциите за раноградинарското производство, кои годинава изнесуваат 10 милиони денари, не можат да ја надоместат енормно високата цена на мазутот, посочија вчера членовите на Групацијата за оранжериско и пластеничко производство во Стопанската комора.

Градинарите бараат мазут на рабуш

Вечер Прес - 09.10.2007

Производителите на оранжериски зеленчук бараат од државата да им позајми или да им даде на одложено плаќање мазут за да не ја одложат сезоната на сеење. Тие немаат пари сами да го купат овој енергенс, што им е неопходен за затоплување на оранжериите.

Оранжериите бараат поддршка од државата

А1 - 08.10.2007

Во оранжериите наместо да се берат домати и краставици во зима, ќе има род напролет кога стасува и пластеничкото производство од ситните земјоделци. И годинава производителите под стакленици бараат помош од државата, преку позајмица да обезбедат мазут за да има рано зимско производство.

Катастарот го кочи оранжериското производство

Канал5 - 08.10.2007

Катастарот го кочи оранжериското производство се жалат градинарите. Македонските оранжерии не можат да добијат имотен лист оти Катастарот не ги евидентира како објекти. Поради тоа земјоделците не можат да земат кредити од банките, се со цел развој на производството.