Агенцијата за бегалци при ОН денес изјави дека направила план за помош на лицата раселени поради конфликтот во Македонија за да безбедно да се вратат дома. Крис Јановски портпаролот на високиот комесар за бегалци при ОН изјави дека планот вклучувал и итна поправка на разрушените домови, ...
Шестмесечните воени дејства во земјава раселија или ги избркаа од нивните домови повеќе од 100 илјади граѓани на Македонија. Од нив, 52 илјади се бегалци на Косово, а 62 илјади се раселени лица внатре во земјата. Според информациите на УНХЦР од Косово во земјава досега се вратиле околу 25 илјади ...
СЕ УШТЕ НЕМА ПЛАН ЗА РАСЕЛЕНИТЕ ЛИЦА НАТО и Европската Унија се уште немаат подготвено план за враќање на насилно раселените граѓани затоа што се сомневаат дека ќе успеат да ги разоружат терористите на ОНА, дознава "Дневник" од дипломатски кругови.
Утре во 10 часот, претставници од МЗ Автокоманда ќе им достават хуманитарна помош на раселените лица сместени во студентскиот дом "Стив Наумов". Како што не информираа претставниците од месната заедница, хуманитарната помош, која се состои од облека и прехранбени продукти, е донација од жителите и ...
Коментар - Биљана Илиќ Во Македонија се случува хуманитарна катастрофа и таа повторно е грижа само на македонската Влада. И покрај тоа што се потпиша политичкиот договор за мир и се подготвува акцијата за разоружување на албанските терористи, за околу 60.000 раселени лица во земјава засега нема ...
И ПОКРАЈ ЖЕСТОКИТЕ БОРБИ Сите раселени лица на кои им треба сместување може да се јават во хуманитарната организација "МНЦ", на телефонот 02/136-676 Само четири лица од скопските села Љуботен и Љубанци вчера се пријавиле во пунктовите на македонскиот Црвен крст во населбата Чаир.
54.182 раселени лица се евидентирани во Црвениот Крст од фебруари - почетокот на воената криза во Македонија. Од нив околу 50 илјади се сместени кај роднини и пријатели, а околу 3.500 живеат во 19 колективни центри низ Македонија.