TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Постои план за помош на раселените лица

А1 - 17.08.2001

Агенцијата за бегалци при ОН денес изјави дека направила план за помош на лицата раселени поради конфликтот во Македонија за да безбедно да се вратат дома. Крис Јановски портпаролот на високиот комесар за бегалци при ОН изјави дека планот вклучувал и итна поправка на разрушените домови, ...

Во Македонија има над 100.000 раселени лица

А1 - 17.08.2001

Шестмесечните воени дејства во земјава раселија или ги избркаа од нивните домови повеќе од 100 илјади граѓани на Македонија. Од нив, 52 илјади се бегалци на Косово, а 62 илјади се раселени лица внатре во земјата. Според информациите на УНХЦР од Косово во земјава досега се вратиле околу 25 илјади ...

Никој не знае кога раселенитеМакедонци ќе можат да се вратат дома!

Дневник - 16.08.2001

СЕ УШТЕ НЕМА ПЛАН ЗА РАСЕЛЕНИТЕ ЛИЦА НАТО и Европската Унија се уште немаат подготвено план за враќање на насилно раселените граѓани затоа што се сомневаат дека ќе успеат да ги разоружат терористите на ОНА, дознава "Дневник" од дипломатски кругови.

Во населбата Автококманда собрани храна и облека за раселените лица

Вест - 15.08.2001

Утре во 10 часот, претставници од МЗ Автокоманда ќе им достават хуманитарна помош на раселените лица сместени во студентскиот дом "Стив Наумов". Како што не информираа претставниците од месната заедница, хуманитарната помош, која се состои од облека и прехранбени продукти, е донација од жителите и ...

Слика на нехуманоста

Дневник - 15.08.2001

Коментар - Биљана Илиќ Во Македонија се случува хуманитарна катастрофа и таа повторно е грижа само на македонската Влада. И покрај тоа што се потпиша политичкиот договор за мир и се подготвува акцијата за разоружување на албанските терористи, за околу 60.000 раселени лица во земјава засега нема ...

Засега нема бегалци од новото кризно подрачје во Скопско

Дневник - 14.08.2001

И ПОКРАЈ ЖЕСТОКИТЕ БОРБИ Сите раселени лица на кои им треба сместување може да се јават во хуманитарната организација "МНЦ", на телефонот 02/136-676 Само четири лица од скопските села Љуботен и Љубанци вчера се пријавиле во пунктовите на македонскиот Црвен крст во населбата Чаир.

Над педесет илјади раселени лица

А1 - 13.08.2001

54.182 раселени лица се евидентирани во Црвениот Крст од фебруари - почетокот на воената криза во Македонија. Од нив околу 50 илјади се сместени кај роднини и пријатели, а околу 3.500 живеат во 19 колективни центри низ Македонија.