TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Штрајкот во печатницата „Гоце Делчев“ е нелегитимен, според директорот

А1 - 09.08.2002

Штрајкот во печатницата „Гоце Делчев“ е нелегитимен, бидејќи не беше навреме пријавен вели директорот на фирмата Михајло Георгиевски и затоа што вработените немаат социјални барања туку политички. Тој тврди дека е поставен за директор пред околу еден месец за да ја извлече фирмата од криза.

Штрајк во печатницата "Гоце Делчев"

Утрински - 09.08.2002

НЕЗАДОВОЛСТВО Вчера во 7 часот поголем дел од вработените во "Гоце Делчев" со штрајк го изразија протестот против раководството на печатницата "Гоце Делчев". Како што изјавија работниците, раководството им должи неисплатени плати од јуни наваму, како и придонеси за пензиско и инвалидско осигурување ...

Штрајк на вработените во печатницата „Гоце Делчев“

А1 - 08.08.2002

ВМРО-ДПМНЕ дели отказни решенија и принудни одмори во печатницата „Гоце Делчев“, тврдат гневните работници. Тие од пред два дена се во штрајк со барање раководството поставено од ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја краде фабриката, бидејќи е пред пропаст.