ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ ЗА ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА Иницијативата за национален референдум против новата територијална организација мора да успее или Македонија ќе биде поделена и етнички исчистена, изјави Љубчо Георгиевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната прес-конференција.
ВМРО-НАРОДНА: Новата територијална организација е однапред договорена поделба меѓу СДСМ и ДУИ за конкретна реализација на границите на „Голема Албанија“, обвини во вчерашното соопштение новоформираната ВМРО-народна. Во соопштението е нагласено дека станува збор за криминална и трагична поделба ...
ЗА ЕКСЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ Екслидерот на ВМРО-ДПМНЕ, правејќи споредба на размената на територии што тој ја предлагаше пред една година со сегашната територијална поделба, вели дека "сега има sидови кои ем се повнатре ем се некршливи, се Љубчо Георгиевски вчера се спротивстави на новата ...
Опозциската партија бара легален начин да ја блокира територијалната поделба Сашко Димевски Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, заедно со други незадоовлни партии и здруженија, вчера попладне ги почнаа најавените протести по скопските улици и со блокади во други градови низ државава.
опозициЈа ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните на Скопје и на цела Македонија да му се приклучат на широкиот опозициски фронт и со протести и со блокади да се спротивстават на новата територијална организација на земјава. Коалицијата "Третиот пат", ВМРО-ДПМНЕ, Либералната партија и други помали ...
ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ Потпишувањето на иницијативата за референдум е најлегитимен начин да се спречи пропаста, рече Георгиевски Договорот за територијалната поделба е ново етничко чистење на Македонците од западна Македонија, обвини вчера Љубчо Георгиевски, поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-НАРОДНА Криминалната и трагична територијална поделба на Република Македонија договорена помеѓу Бранко Црвенковски и Али Ахмети е антимакедонски и антиисториски чин, обвини вчера ВМРО-Народна партија. Ова партија смета дека поделбата е конкретна реализација на планот за исцртување на границите ...
"ТРЕТИОТ ПАТ" Коалицијата "Третиот пат", ВМРО-ДПМНЕ, Либералната партија и други помали опозициони партии се договорија заеднички да се борат во спречување на изгласувањето на Законот за територијална поделба, соопшти Зоран Витанов, потпретседател на Социјалистичката партија.
НОВА ТЕРИТОРИЈАЛНА ОРГАНИЗИРАНОСТ Дали молчењето на скопскиот градоначалник не значи компензација за безусловна поддршка од страна на Албанците при претстојните локални избори? Секако, одговорот е позитивен. (можеби човеков периодот на молчењето го замени со учење на албанскиот јазик за полесно да ...
Поранешниот претседател на ВМРО ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски смета дека новиот закон за територијална поделба претставува трагедија за Македонија, дијагноза која укажува дека државата се води кон пропаст. Според него, единствената цел на новиот закон е етничко чистење на македонците од западниот дел на ...
ВМРО - Народна партија во денешното соопштение оценува дека поделбата која деновива ја објавија СДСМ и ДУИ била договорена претходно и оти претставува конкретна реализиација на планот за исцртување на границите на Голема Албанија, зацртан со Првата призренска лига.
Од денеска Откако СДСМ и ДУИ се договорија, опозициските партии видоа дека спасот е во референдум, вели Тодор Петров, претседател на СМК Љубчо Георгиевски со своите приврзаници ќе ја поддржи акцијата за собирање потписи за распишување референдум, која ја води Светскиот македонски конгрес.
За ВМРО-ДПМНЕ договорот за новата територијална поделба претставува предавство на македонските национални интереси, што го сториле неколку кариеристи од власта, на кои им одговара сегашната ситуација на хаос и беда. Најголемата опозициска партија најавува дека веќе од утре почнува со серија ...
АНКЕТА - Борис Миоски, инженер - Не ми е јасно како е можно преговорите за територијална поделба да се одвиваат на ваков начин. Желбите на партиите се едно, а тоа што е битно за државата е друго, затоа вакви одлуки не треба да бидат партиски. Овде веќе многу работи не се во ред.