„Љубе Бошковски нема намера да поднесе оставка и да се соочи со политичка, а уште помалку со кривична одговорност за она што го стори во Леуново“, изјави денеска за А1 главниот и одговорен уредник на весникот „Дневник“, Бранко Геровски.
ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ - Билјана Секуловска И... ДОБИТНИКОТ НА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА РЕЦЕПТ ЗА БЛАДИ МЕРИ Е ... Ја навистина гинам за тебе Брат Љубе. Мислам, би загинала, ако треба. А кога ќе ме убиеш, вежбата ќе биде успешна. Исто како што заклучи дека ти била успешна вежбата во Леуново. Успут, рани 4 луѓе.
СЛУЧАЈ ЛЕУНОВО Потполковникот на единицата за брза интервенција "Лавови" Бобан Утковски, а не министерот е одговорен за инцидентот што се случи во средата во Леуново, кога Љубе Бошкоски, по завршувањето на вежбата со ис Бобан Утковски, потполковник на единицата за брза интервенција "Лавови", а не ...
Предистражни дејства за инцидентот предизвикан од министерот на МВР на полициската вежба на "лавовите" кај Леуново, Мавровско КОСТА ПОПОВСКИ Вчера Основното јавно обвинителство на Гостивар достави барање до Основниот суд во Гостивар за спроведување одделени истражни дејства (точна правничка ...
Лидерот на ВМРО-Македонска во Струмица СТРУМИЦА - ?Инцидентот во Леуново не е ништо неочекувано и тоа е резултат на начинот на кој се практикува власта, иако МВР е место каде што многу треба да се работи, а малку да се зборува.
Реакција на граѓани Повеќе граѓани од земјава, во текот на вчерашниот ден, по пат на соопштенија изразија јасна и недвосмислена осуда за однесувањето на министерот за внатрешни работи, Љубе Бошковски, особено по последниот инцидент во Леуново.
ИНЦИДЕНТОТ КАЈ ЛЕУНОВО ПРЕД РАЗВРСКА? Она што се претпоставуваше, и се случи - Љубе Бошковски рани четворица кога неовластено пукаше од тешко оружје, а МВР реши да го жртвува командантот на единицата за брзи интервенции "Лавови" Бобан Утковски, потполковник и помошник-командант на единицата за брзи ...
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ВО МВР Не сум жртвено јагне, бидејќи јас сум професионален полицаец и тука нема емоции, рече потполковникот Утковски, одговорен за ранувањето на четири лица на вежбата во Маврово Потполковникот Бобан Утковски, помошник-командант на единицата за брзи интервенции "Лавови", целосно ...
Според анкетата на интернет-страницата на весникот "Вест" за или против оставката на министерот Љубе Бошковски, против неговото повлекување гласале дури 41 милион граѓани од целиот свет. Ова се случува истовремено кога во просек на интернет се приклучени 80 милиони корисници од светот и кога на ...
Уводник - Бранко Героски Пред осум години, во екот на борбата за кормилото на израелската држава, тогашниот популарен израелски политичар, лабуристот Ехуд Барак, беше изложен на жестоки критики од тамошната јавност поради еден необичен настан што се случил шест години пред тоа.
Обвинителството, истражните органи и МВР ги презедоа сите мерки за утврдување на одговорноста за инцидентот во мавровското село Леуново за време на тактичката вежба на „Лавовите“. Каде е одговорноста на другите учесници во инцидентот?, се прашува во соопштението на МВР доставено до медиумите.
Министерот Љубе Бошковски ја избегна одговорноста за инцидентот во мавровското село Леуново на тактичката вежба на „Лавовите“, кога пукајќи од автоматското оружје повреди двајца припадници на МВР и двајца цивили, новинар и преведувач.
ОТКАКО РАНИ ЧЕТВОРИЦА СО ФРЛАЧ НА ГРАНАТИ ВО МАВРОВО Јавното обвинителство на Гостивар вчера до истражниот судија поднело барање за преземање истражни дејствија, а во Владата, за одговорноста и оставката на министерот беше молк Јавното обвинителство на Гостивар вчера до истражниот судија во ...
Реакции на политичките партии и здруженија по инцидентот во Леуново По најновиот инцидент во Леуново, опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија вчера побара министерот за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, веднаш да поднесе оставка или да биде сменет од функцијата.
Според Петре Утковски, управник на Воената болница Повредените во инцидентот што се случи на тактичко-показната вежба на Единицата за брза интервенција на МВР "Лавови" кај Леуново, се во добра здравствена состојба и закрепнуваат.
По барањето за оставка на министерот Премиерот Георгиевски, најверојатно, нема да побара одговорност од министерот за внатрешни работи, Љубе Бошковски, за неговиот удел во инцидентот во Леуново, кога беа ранети четворица посетители на вежбата на полициските "лавови".
Владо Камбовски за кривичноправниот аспект на инцидентот Во врска со инцидентот во Леуново, односно ранувањето на четирите присутни на вежбата на полициските "лавови" и утврдувањето на одговорноста на надлежните, професорот по кривично право на Правниот факултет во Скопје Владо Камбовски вчера за ...
Државното јавно обвинителство за инцидентот во Леуново Државното јавно обвинителство најавува целосно расветлување на завчерашниот инцидент со министерот Бошковски, што се случи во мавровското село Леуново, по што ќе може да донесе правилна и законита одлука.
Што рекол министерот во Леуново пред да почне да пука "Еве сега на дело ќе видите како брат Љубе рафално влегува во предизборната кампања", биле зборовите што, според тврдењето на очевидци, министерот за внатрешни работи ги упатил кон новинарите и другите присутни, непосредно пред да се случи ...
НОВИНАРКАТА НА "ДНЕВНИК" ВЕЉАНОВСКА ТВРДИ - Кога заврши вежбата, ние почнавме да се симнуваме, а никој не не предупреди да не се приближуваме до оружјето. Сите беа долу, генерали и други, јас стоев до Горан Митевски, но никој ништо не ни рече.
ШТО УТВРДИ ИСТРАГАТА? Првиот полицаец досега не бил сослушан за инцидентот, а тоа се уште не го побара ни гостиварското обвинителство Основното јавно обвинителство во Гостивар вчера поднело барање до истражниот судија да преземе истражни дејства за да се утврдат околностите во кои се случил ...
ПО ТЕШКИОТ ИНЦИДЕНТ КАЈ ЛЕУНОВО По задоцнетото пријавување за инцидентот од полицијата, вчера претставници на ВМРО-ДПМНЕ најавија нова насока на истрагата за "можно дејствување одзади" Според сите прописи, Љубе Бошковски, министерот за внатрешни работи, на вежбата на "лавовите" во Леуново ...
Коментар - Георги Барбаровски Јас сум одговорен човек и спремен сум да ја преземам одговорноста, ако тоа се утврди. Така министерот на полицијата Љубе Бошковски им одговори на новинарите веднаш по инцидентот кај Леуново, кога пукајќи од тешко оружје рани четири лица.
Премиерот Георгиевски по вчерашниот инцидент во Леуново и денеска без коментар. Во неговиот кабинет ни изјавија дека сеуште премиерот им нема најавено кога ќе даде изјава. Единствената изјава на премиерот по инцидентот е во телефонскиот разговор што вчера го направил со него главниот уредник на ...
Гостиварското јавно обвинителство побарало од истражниот судија да превземе истражни дејствија околу утврдување на околностите на настанот и прибавување на докази за тоа како дошло до нанесувањето на телесните повреди на оштетените.
Партиите од опозицијата бараат „Оставка за Бошковски“. „Со непромислени постапки Бошковски однесе во смрт полицајци во случајот Брест и Гошинце на Скопска Црна Гора при акцијата во Арачиново и полициската рација во Требош - тврди екс министерот за внатрешни работи Павле Трајанов и преседател на ...
Сите четири лица кои беа повредени во вчерашниот инцидент во Леуново предизвикан од министерот Бошковски денеска се чуствуваат добро. Најтешко повредениот Маринко Кочовски, началник на ГУВР, кој беше поврден во пределот на десното рамено и десната плешека е опериран и од неговото тело е изваден ...
Тежок инциденд во Леуново по завршувањето на вежба на полициските "лавови" кога министерот, опкружен од повеќемина новинари и други присутни почнал да пука во цел со 30-милиметарски автоматски фрлач на гранати - "жаба" Министерот за внатрешни работи, Љубе Бошковски, во инцидент предизвикан од ...
Бранко Геровски, главен и одговорен уредник на "Дневник" "Станува збор за кривично дело на министерот за внатрешни работи, Љубе Бошковски и поради тоа ?Дневник" нема да се задоволи само со оставка или сменување од функцијата министер, туку ќе поднесе приватна тужба за кривично дело нанесување тешки ...
Според д-р Петре Утковски, управник на Воената болница во Скопје Во Воената болница во Скопје вчера се згрижени четворица повредени во инцидентот што се случи на тактичко- показната вежба на "лавовите". Според управникот на оваа воено-медицинска установа, д-р Петре Утковски, околу 13, 30 часот се ...
ВОЕНА БОЛНИЦА Четворицата повредени на вежбата во Леуново се надвор од животна опасност и сите се задржани на Одделението за трауматологија во Воената болница. Новинарката на "Дневник", преведувачката од француската амбасада и двајца припадници на МВР биле примени во Службата за итна помош во ...
ТЕЖОК ИНЦИДЕНТ НА ВЕЖБАТА НА "ЛАВОВИТЕ" КАЈ ЛЕУНОВО Новинарката на "Дневник" Даниела Вељановска, една преведувачка во француската амбасада и двајца инспектори од МВР се ранети кога министерот Бошковски неовластено пукал од автоматско оружје - полицијата го извести гостиварскиот суд за настанот дури ...
Коментар - Редакцијата на Дневник Денеска, кога ќе го читате овој број на "Дневник", очекуваме Љубе Бошковски да биде само бивш министер за внатрешни работи. Но, работите не смеат да застанат на тоа. Парламентот прво треба да му го одземе имунитетот, потоа министерот да стане предмет на ...
ТЕЖОК ИНЦИДЕНТ НА ВЕЖБАТА НА "ЛАВОВИТЕ" КАЈ ЛЕУНОВО Новинарка на "Дневник", преведувачка во француската амбасада и двајца инспектори од МВР се ранети кога министерот Бошковски неовластено пукал од автоматско оружје Љубе Бошковски, министерот за внатрешни работи, вчера рани четворица цивили за време ...
ЃОРЃИ МАРЈАНОВИЌ Ѓорѓи Марјановиќ, професор по кривично право, очекува министерот Љубе Бошковски, ако воопшто има доблест, веднаш да поднесе неотповиклива оставка, а Обвинителството по службена должност да покрене обвинение. - Јас верувам дека "брат" Љубе немал намера да го стори тоа што го сторил ...
Четири лица се ранети претпладнево за време на тактичката вежба на „Лавовите“ во мавровското село Леуново во инцидентот што го предизвика министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски. Министерот пукаше со автоматски фрлач на гранати, при што шрапнелите се одбија и ги ранија полицецот Маринко ...
Советот на честа на Здружението на новинарите на Република Македонија е згрозен и најостро го осудува скандалозниот чин кога министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски за потребите на своите каубојско - лавовски авантури ги претвори новинарите во топовско месо, се вели во соопштението на ...
ВМРО-МАКЕДОНСКА Лидерот на ВМРО-македонска, Борис Стојменов, вчера го повика министерот Љубе Бошковски да поднесе кривична пријава против него, бидејќи во спротивно тој ќе го гони за измама. - Бошковски рече дека ќе ме тужи оти сум рекол дека учествува во митото, корупцијата и во организираниот ...