TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Милошевиќ доби еден месец одмор

Дневник - 28.07.2002

ХАШКИ ТРИБУНАЛ Судскиот процес против поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ ќе биде одложен за еден месец, откако било утврдено дека обвинетиот за воени злосторства страда од висок крвен притисок, јави Ројтерс.

Трибуналот на тешки маки поради лошото здравје на Милошевиќ

А1 - 27.07.2002

Здравствените проблеми со кои се соочува поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ го ставаат Хашкиот трибунал пред три нималку лесни избори како понатаму да продолжи судскиот процес, пишува лондонски „Индипендент“.

Милошевиќ е изложен на ризик од срцев напад

Утрински - 26.07.2002

По целосниот здравствен преглед на поранешниот југословенски претседател ХАГ - Целосниот здравствен преглед на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ покажа дека тој е изложен на сериозен ризик од срцев напад и дека треба да се одмора.

Милошевиќ пред срцев удар

Вест - 26.07.2002

ХАГ, 26 јули (Ројтерс) - Докторите утврдија дека Слободан Милошевиќ има проблеми со срцето поради што му е потребен одмор, соопштија судиите од Трибуналот во Хаг барајќи да се изведат нови медицински прегледи на поранешниот југословенски претседател.

Денеска дебата за процесот против Милошевиќ по обвиненијата за Хрватска и БиХ

А1 - 25.07.2002

Пред хашкиот Трибунал денеска треба да биде одржана предпретресната конференција по повод обвиненијата против поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ за злосторства во Хрватска и Босна и Херцеговина, на која, најверојатно зад затворени врати, ќе се расправа за начинот на кој ќе се ...

Милошевиќ е во сериозна опасност да доживее срцев удар

А1 - 25.07.2002

Целосниот лекарски преглед на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ, откри дека тој е во сериозна опасност да доживее срцев удар и ќе треба да се одмора, соопшти денеска судијата од хашкиот Трибунал, Ричард Меј.

Судењето на Милошевиќ за Хрватска и БиХ од 30. септември

А1 - 25.07.2002

Судскиот совет на хашкиот Трибунал му наложи денеска на обвинителството до 13. септември да го заврши изведувањето на доказите по обвиненијата против Слободан Милошевиќ за злосторства на Косово, со цел по тој датум да бидат извршени подготовки, а на 30.

Милошевиќ негира дека наредил да се скријат труповите на убиените Албанци

Вест - 24.07.2002

ХАГ, 24 јули (Ројтерс) - Слободан Милошевиќ вера негираше дека наредил да се изврши чистка за да се прикрие погубувањето на Албанците во Косово така што мртвите тела биле пренесени во масовни гробниви во близина на Белград. Во текот на сослушувањето тој го отфрли сведочењето на капетанот на ...

Лилиќ одбил да изнесе докази против Милошевиќ

Утрински - 23.07.2002

На најважниот судски процес во Хаг ХАГ - Поранешниот југословенски претседател Зоран Лилиќ одби да изнесе докази против неговиот наследник, Слободан Милошевиќ. Лилиќ, и против негова волја беше пренесен од Белград на судењето за воени злосторства на Милошевиќ во Хаг.

Клучниот сведок Лилиќ одби да сведочи против Милошевиќ

Вест - 23.07.2002

ХАГ, 23 јули (АП) - Поранешниот претседател на Југославија Зоран Лилиќ, којшто присилно беше изведен како сведок пред воениот трибунал на ОН, вчера одби да сведочи против Слободан Милошевиќ барајќи гаранција дека нема да биде гонет за откривање на државни тајни.

Судењето на Милошевиќ во решавачка фаза

А1 - 22.07.2002

Сведочењето на тројцата клучни сведоци, кои неделава треба да се појават пред Хашкиот трибунал, би можело да биде решавачко на судењето на поранешниот југословенски лидер Слободан Милошевиќ, оценува британскиот печат. Пред Трибуналот треба да се појават поранешниот претседател Зоран Лилиќ, ...