ХАШКИ ТРИБУНАЛ Судскиот процес против поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ ќе биде одложен за еден месец, откако било утврдено дека обвинетиот за воени злосторства страда од висок крвен притисок, јави Ројтерс.
Здравствените проблеми со кои се соочува поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ го ставаат Хашкиот трибунал пред три нималку лесни избори како понатаму да продолжи судскиот процес, пишува лондонски „Индипендент“.
По целосниот здравствен преглед на поранешниот југословенски претседател ХАГ - Целосниот здравствен преглед на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ покажа дека тој е изложен на сериозен ризик од срцев напад и дека треба да се одмора.
ХАГ, 26 јули (Ројтерс) - Докторите утврдија дека Слободан Милошевиќ има проблеми со срцето поради што му е потребен одмор, соопштија судиите од Трибуналот во Хаг барајќи да се изведат нови медицински прегледи на поранешниот југословенски претседател.
Пред хашкиот Трибунал денеска треба да биде одржана предпретресната конференција по повод обвиненијата против поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ за злосторства во Хрватска и Босна и Херцеговина, на која, најверојатно зад затворени врати, ќе се расправа за начинот на кој ќе се ...
Целосниот лекарски преглед на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ, откри дека тој е во сериозна опасност да доживее срцев удар и ќе треба да се одмора, соопшти денеска судијата од хашкиот Трибунал, Ричард Меј.
Судскиот совет на хашкиот Трибунал му наложи денеска на обвинителството до 13. септември да го заврши изведувањето на доказите по обвиненијата против Слободан Милошевиќ за злосторства на Косово, со цел по тој датум да бидат извршени подготовки, а на 30.
ХАГ, 24 јули (Ројтерс) - Слободан Милошевиќ вера негираше дека наредил да се изврши чистка за да се прикрие погубувањето на Албанците во Косово така што мртвите тела биле пренесени во масовни гробниви во близина на Белград. Во текот на сослушувањето тој го отфрли сведочењето на капетанот на ...
На најважниот судски процес во Хаг ХАГ - Поранешниот југословенски претседател Зоран Лилиќ одби да изнесе докази против неговиот наследник, Слободан Милошевиќ. Лилиќ, и против негова волја беше пренесен од Белград на судењето за воени злосторства на Милошевиќ во Хаг.
ХАГ, 23 јули (АП) - Поранешниот претседател на Југославија Зоран Лилиќ, којшто присилно беше изведен како сведок пред воениот трибунал на ОН, вчера одби да сведочи против Слободан Милошевиќ барајќи гаранција дека нема да биде гонет за откривање на државни тајни.
Сведочењето на тројцата клучни сведоци, кои неделава треба да се појават пред Хашкиот трибунал, би можело да биде решавачко на судењето на поранешниот југословенски лидер Слободан Милошевиќ, оценува британскиот печат. Пред Трибуналот треба да се појават поранешниот претседател Зоран Лилиќ, ...